Прирачник за фирми за учество на електронски постапки за јавни набавки

Прирачникот се заснова врз одредбите од Законот за јавните набавки (ЗЈН), врз подзаконските акти и прирачниците изработени и објавени од Бирото за јавни набавки, како и врз практични искуства при спроведувањето на електронските постапки.
27/07/20167350

Прирачник за фирми за учество на електронски постапки за јавни набавки

Овој прирачник е наменет да им помогне на фирмите, од практичен аспект, подобро и побрзо да го совладаат подготвувањето на понудите за учество на т.н. електронски постапки за јавни набавки, што се спроведуваат преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Преку прирачникот, фирмите ќе се запознаат подобро со својата улога во целокупниот тендерски процес при остварувањето на својот правен и комерцијален интерес.

Посебно, прирачникот е наменет за микропретпријатијата, како материјал за нивна обука и како средство за зголемување на нивните знаења од областа на јавните набавки – како темелна подготовка за поуспешен настап на електронските постапки за јавни набавки.