News

Magazine archive

Базата на податоци открива дека во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции. Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53% се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција.

Овој повик за учество на обука се однесува на локални граѓански организации кои ги исполнуваат следниве критериуми: 1) да се регистрирани во Северна Македонија; 2) да се активни во период подолг од една година; 3) да се непрофитна организација; 4) да имаат годишен обрт на средства до 50.000 евра. Цел на обуката: Со оваа обука сакаме да ги зголемиме капацитетите на локалните граѓански организации во државите од Западен Балкан и да овозможиме тие активно да...

Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. Процентот на исполнетост на обврските за проактивно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 56% (од можни 100%) и е зголемен за 12,5 процентни поени во однос на лани (кога просечно изнесуваше 43,5%). Трета година по ред, проактивното објавување информации на министерствата е во пораст и тие се значително подобри од општините кои, пак, по двегодишно влошување, првпат бележат подобрување во активната транспарентност. Просечната активна транспарентност на министерствата изнесува 77,6%, додека на општините 51,7%. Битола го задржа севкупното прво место од лани, додека од министерствата, годинава најдобро рангирано е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на второто место. Во однос на регионите, Источниот Регион му го зазеде ланскиот примат на Пелагонискиот Регион, додека Скопскиот Регион падна на последното место. Најмалку информации, и министерствата и општините, објавуваат за финансиите, и тоа министерствата 57%, а општините само 26% од информациите што треба да ги објавуваат. Кога станува збор за одговор на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со иста содржина, општините одговорија во просек за 21 ден (лани за 20 дена), а министерствата за 34 дена (лани за 41 ден). Но, за разлика од лани кога одговорија сите институции, годинава дури 12% од институциите не одговорија на барањата.

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.

Ве покануваме да учествувате во една од трите работилници наменети за граѓанските организации-ГО на тема Намалување на корупцијата во бизнис секторот. Работилниците се дел од ЕУ проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, а се организирани од Центарот за граѓански комуникации во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници. Иако бизнис секторот е еден од клучните чинители и засегната страна во справувањето со корупцијата, државните претпријатија и приватните фрими во земјава досега не се вклучени систематски во активности за борба против корупцијата. Трите работилници кои ќе следуваат имаат за цел да придонесат кон градење на капацитетот на локалните ГО за нивно активно вклучување во спречувањето на корупцијата во бизнис секторот. Намерата е ГО да стекнат поголемо познавања за корупцијата и пристапите за нејзино спречување и да се утврдат нивните  потреби за тие да добијат ефективна улога во справувањето со корупцијата во бизнис секторот. Работилниците исто така ќе бидат можност организациите да се запознаат подетално со проектот, со методологиите и алатките развиени како дел од проектот и со претстојниот повик за мали грантови наменети за оценка на практиките во локалните јавни претпријатија. Работилниците ќе се одржат во следните термини и локации: 5 Јуни 2019, во Велес (ресторан Глориус) 6 Јуни 2019, во Битола (хотел Милениум) 7 Јуни 2019, во Тетово (хотел Лирак) Работилниците започнуваат во 10:00 часот, а за точните локации ќе бидете известени дополнително. Нацрт програмата за работилниците е тука. За учество во работилниците потребно е да испратите пополнета пријава на mmitevski@ccc.org.mk најдоцна до 05...

Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од мониторингот на јавните набавки во земјата за периодот јули-декември 2018 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите.

Зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на лотови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата.

Центарот за граѓански комуникации објавува оглас за ангажирање на програмски асистент во организацијата.Потребни квалификации: »   Искуство во IT област;»   Добро познавање на data scraping и data processing;»   Одлични вештини за визуелизација на податоци и користење на алатки за визуелизација;»   Познавање од бази на податоци;»   Одржување (дополнување, промени и надградба) на веќе постоечки веб сајтови изработен во Wordpress и Joomla и одржување на сајт со имплементирана Open Data функционалност;»   Познавање на хардверски компоненти и мрежни системи;»   Одлично познавање на MS Office;»   Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик. Ќе се смета за предност IT образование, работно искуство во граѓанскиот сектор, истражувања или визуелизација на податоци. Работното место е на неопределено време, но со пробен период од три месеци, бруто платата е 700 евра.Биографиите и портфолија (за докажување на претходното искуство) да се испратат на: jobs@ccc.org.mk. Рок за пријавување: 20.04.2019 година. Само кандидатите кои ќе поминат во вториот круг ќе бидат контактирани.

Вредноста на јавните набавки во земјава на годишно ниво се движи меѓу 600 милиони и речиси една милијарда евра, со што учеството на набавките во бруто домашниот производ на земјата изнесува меѓу 6% и 10%.

Планирањето на јавните набавки во Македонија: Помеѓу потребите и реалноста Планирањето на јавните набавки во Македонија: Помеѓу потребите и реалноста – Состојба, проблеми што треба да се надминат и предлози за унапредување на фазата на планирање на јавните набавки.

Тендерите, како што популарно се нарекуваат јавните набавки, се област која е една од најподложните, ако не и најподложна на корупција.

Тендерите, како што популарно се нарекуваат јавните набавки, се област која е една од најподложните, ако не и најподложна на корупција.

КАНАЛ 5, 30.12.2019, Истражување ЦКГ: Старите навики посилни и покрај новиот закон за јавните набавки МРТ, 30.12.2019, Старите навики посилни од новиот Закон за јавни набавки МЕТА, 30.12.2019, Јавни набавки: Секој трети тендер со само една понуда, секој четврти поништен СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, 30.12.2019, ЦГК: Секој четврти тендер е целосно или делумно поништен ФОКУС, 30.12.2019, ЦГК: На една третина од тендерите се јавил само еден понудувач, а секој четврти тендер бил поништен ВЕЧЕР, 30.12.2019, Секој четврти...

Состојбата со јавните набавки во Македонија во 2018 година се наоѓа меѓу сè уште важечкиот „стар“ и многу критикуван Закон за јавните набавки и изработениот „нов“ закон, којшто би требало да ги „поправи“ работите, но сe уште чека на усвојување во Собранието на РМ.

Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот    

Проектот има за цел да ги детектира ранливите точки за корупција во системите за јавни набавки на земјите од Западен Балкан преку споредбен мониторинг и анализа засновани врз однапред утврдена и проверена методологија и консултации со засегнатите страни; да обезбедува навремени и сеопфатни информации и анализи за состојбите во јавните набавки на земјите од Западен Балкан, како и да предлага препораки за промени во системите за јавни набавки кои ќе придонесуваа кон намалување на корупцијата во јавните набавки на земјите од Западен Балкан.

Проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ опфаќа активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата.

Проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ опфаќа активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата.

Министерствата и општините поседуваат вкупно 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност.

Целта на овој Прирачник е да придонесе за посеопфатно и поквалитетно планирање и управување со јавните средства за задоволување на вистинските потреби и интереси на граѓаните од регионот на Западниот Балкан.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) редовно го мониторира спроведувањето на јавните набавки во земјава, почнувајќи од 2008 година, од кога се применува и новиот Закон за јавните набавки, изработен според Директивите на Европската комисија.

Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%).

’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јули-декември 2017 година и приказ на клучните состојби за цела 2017 година.

Транспарентноста е општоприфатен основен принцип на јавните набавки. Таа ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција во јавните набавки.

Седумнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за: летни работни униформи; зимски работни униформи; работни обувки-кломпи; одржување хигиeна во внатрешни работни површини и системи за инфузија Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2016 и во 2017 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво, коишто за набавките спровеле 53 тендери.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 17 во кој се споредени цените по кои се купувани зимски и летни работни униформи што се дел од личната заштитна опрема (ХТЗ-опрема) кај комуналните претпријатија, потоа цените за набавка на кломпи, кои како работни обувки најчесто ги купуваат детските градинки, следува одржување хигиена во внатрешни работни простории во различни државни институции и системи за инфузија кои ги купуваат здравствените установи.

Седумнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: летни работни униформи; зимски работни униформи; работни обувки-кломпи; одржување хигиeна во внатрешни работни површини и системи за инфузија Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2016 и во 2017 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на...

Со последната обука за истражувачко новинарство во новите медиуми, која се одржа на крајот од јануари, се заокружи циклусот од десет напредни обуки на кои вкупно 96 новинари од 55 медиуми од целата земја стекнаа нови знаења и подобрени вештини за истражување и известување за најважните теми во општеството.

Коха, 18.12.2018, Sistemi Jofunksional Телма, 16.12.2018, Јавните набавки меѓу старото и новото законско решение Коха, 14.12.2018, Vullneti politik dhe transparenca, te pamjaftueshme Миа, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да се спречи тоа Канал 5, 13.12.2018, Ниту една земја не е имуна на коруција, разликата е во поличката волја да се спречи тоа Сител, 13.12.2018, Регионална конференција за состојбите во јавните набавки 1 ТВ, 13.12.2018, Жбогар:...

Мониторингот на медиумите за процена на квантитетот и квалитетот на истражувачкото и аналитичкото новинарско известување се спроведува во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија.

Ова е втор ваков мониторинг на медиумите, по оној во 2016 година. Мониторингот ги опфаќа истражувачките и аналитичките написи објавени во медиумите и има за цел да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации кои ќе дадат оцена на застапеноста и квалитетот на истражувачките и аналитичките новинарски текстови, како и на темите и областите на кои се однесуваат тие текстови.

Инатаму се намалува и онака ниската конкуренција на локалните тендери. На мониторираните тендери имало просечно по 2,4 понудувачи, а на 35% од тендерите имало една или ниту една понуда. За споредба, во претходниот период, просечниот број понудувачи изнесувал 2,8, а на 29% од тендерите имало по еден или ниту еден понудувач.

Проектот овозможува поактивно учество на граѓанските организации во подобрувањето на регулативата и примената на најдобри практики за намалување на корупцијата и за зголемување на ефективноста во јавните трошења. Исто така проектот е насочен кон унапредување на разбирањето меѓу засегнатите страни и граѓаните на потребата од поголема транспарентност, отчетност и интегритет во јавните трошења.

Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2017 година е ниско. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 42,5% (од можни 100%).

Шеснаесеттиот индекс на рационалност е изработен за: електрична енергија; миење патнички возила; писмен превод; ангажирање агенција за привремени вработувања и поставување бехатон-плочки. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2015 и во 2016 година.Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво коишто за набавките спровеле 55 тендери.

Шеснаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: електрична енергија; миење патнички возила; писмен превод; ангажирање агенција за привремени вработувања и поставување бехатон-плочки. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2015 и во 2016 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво коишто...

Општините и Градот Скопје во 2016 година исплатиле вкупно 273 милиони денари, односно 4,4 милиони евра од буџетската линија 463 - трансфери до невладини организации, што претставува 80% од планираните средства за оваа намена.

Анализа на резултатите од истражувањето на финансиските трансфери од општините до невладините организации во 2016 година Со ова истражување се мапираат карактеристиките на процесот на финансирање на невладините организации од буџетската линија 463, се утврдува нивото на транспарентност и отчетност на општините, се детектираат проблемите и слабостите во процесот и се дефинираат препораки за подобрување на веќе востановените практики. Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите. До базата на отворени податоци од истражувањето може да се оди преку следниот линк.

Jавните набавки во Македонија се регулирани со Законот за јавните набавки, којшто беше донесен во 2007 година, а почна да се применува во 2008 година, изработен според тогашните директиви на Европската Унија. Оттогаш наваму законот претрпе десетина значајни измени

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со НВО Инфоцентар и БИРН Македонија во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за акции поврзани со прибирање, обработка и анализа на информации од јавен карактер и подготовка на отворени бази на податоци за области од поширок јавен интерес. Документите поврзани со овој оглас можете да ги преземете на следниов линк.

Истражувањето на пазарот, кое сите договорни органи треба да го прават за да докажат дека во земјата и во странство има доволен број производители на стоките што сакаат да ги купат, е речиси невозможно да се спроведе.

Петнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за: индустриска сол (рефус и пакувана во вреќи), клима-уреди, хартија за печатење и фотокопирање, масло за горење - екстра лесно ЕЛ 1 и РТГ - филмови за рендген-снимки. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално ина локално ниво што имале ваков видна набавки во 2015 и во 2016 година.Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 95 институции коишто за набавките на овие стоки иуслуги спровеле 101 тендер.

Воспоставениот механизам за истражување на пазарот и за добивање согласности од советот за јавни набавки не ги дава очекуваните ефекти, со оглед на тоа што и понатаму се поставуваат критериуми за способност на економските оператори кои се нерелевантни и непропорционални со она што се набавува и со тоа ја ограничуваат конкуренцијата.

Петнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: индустриска сол (рефус и пакувана во вреќи), клима-уреди, хартија за печатење и фотокопирање, масло за горење – екстра лесно ЕЛ 1 и РТГ – филмови за рендген-снимки. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво што имале ваков видна набавки во 2015 и во 2016 година. Во изработката на индексот...

Со проектот ќе се создадат јадро на добро обучени истражувачки новинари, како и мрежа од локални граѓански организации од земјата кои преку нивната работа и во соработка со новинарите ќе придонесат кон подобрување на истражувачкото новинарско известување и кон подобро информирана јавност.

Истражувањето кај фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки беше спроведено во периодот ноември-декември 2016 година. Во истражувањето учествуваа 230 фирми од сите поголеми градови во земјата.

Целта на овој Прирачник е да придонесе за посеопфатно и поквалитетно планирање и управување со јавните средства за задоволување на вистинските потреби и интереси на граѓаните од регионот на Западниот Балкан.

Слободен Печат, 22.12.2017, Трошеле и молчеле! Академик, 22.12.2017, Анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки Телма, 21.12.2017, МВР лани најнеотчетна за тендерите, Правда најдобри 24 Вести, 21.12.2017, Најмалку транспарентни министерствата што потрошиле најмногу на јавни набавки Сител, 21.12.2017, Транспарентноста во јавните набавки на министерствата под лупа МРТ, 21.12.2017, Транспарентност во јавните набавки: Четри министерства најслабо рангирани Канал 5, 21.12.2017, Најмалку транспарентни министерствата што потрошиле најмногу на јавни набавки 24 Вести, 21.12.2017, Извештај за...

Публикација за десетгодишниот јубилеј на Центарот за граѓанки комуникации Центарот за граѓански комуникации навлезе во втората деценија од своето делување. Наместо пригодна публикација за досегашната работа, за многуте спроведени проекти, истражувања, публикации и промени што ги поттикнавме и ги предизвикавме со нашето работење насочено кон поголема транспарентност, отчетност и одговорност на властите, се решивме за малку поинакво одбележување на јубилејот. За секоја од областите во кои делуваме, побаравме од неколку видни познавачи на состојбите однатре, од луѓе што секојдневно се занимаваат со тие области, да направат еден пресек – како стојат работите во оваа, 2016 година. Станува збор за областите: граѓанско општество, транспарентност, антикорупција, трошење на јавните пари и истражувачко новинарство. Видувањата и анализите за овие области треба да ни послужат како ’репери‘ или како ’почетна состојба‘ од која треба да тргне развојот во годините што доаѓаат. Паралелно со новите предизвици, во Центарот за граѓански комуникации ќе останеме посветени кон надградба на она што го работевме досега: препорачани стотици мерки за унапредување на состојбите во областите на делување; спроведени седумдесетина истражувања; одржани двесте обуки за неколку илјади претставници на медиумите, на невладините организации и на јавните институции; објавени стотина публикации (истражувања, препораки, брифови за јавни политики, прирачници и сл.) итн. Низ досегашното работење директно сме мониторирале повеќе од три илјади тендери; сме анкетирале повеќе од две илјади фирми, илјадници граѓани, граѓански организации и новинари; директно сме им помогнале на околу шестотини микропретпријатија во нивното работење; сме соработувале одблиску со педесетина општини и стотина разни други институции; во партнерство сме спровеле проекти со...

Просечниот резултат на сите вклучени 97 институции изнесува 44,8% (од можни 100%), што според употребената градација на нивото на активна транспарентност, би значело ’просечна‘ активна транспарентност.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од истражувањето на т.н. активна транспарентност на институциите што значи објавување јавни информации на сопствена иницијатива. Рангирањето ги опфаќа сите 81 општина и градот Скопје, 15-те министерства и Владата на РМ.

Прирачникот се заснова врз одредбите од Законот за јавните набавки (ЗЈН), врз подзаконските акти и прирачниците изработени и објавени од Бирото за јавни набавки, како и врз практични искуства при спроведувањето на електронските постапки.

Двата најчести проблеми со кои се соочуваат фирмите се најниската цена како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки и задоцнетото плаќање за извршените договори.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки за периодот јули – декември 2015 година, кој ги содржи и резултатите од истражувањето на 254 фирми и анализата на жалбените постапки.

Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Балканската истражувачка репортерска мрежа и НВО Инфоцентарот започна со спроведувањето на тригодишниот проект, поддржан финансиски Европската унија „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“.

Четиринаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: метални архивски ормани, јаглен, училишни столчиња, заштитни гумени чизми и чистење речни корита. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2014 и 2015 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 70 институции, кои за набавките на овие стоки и услуги спровеле...

Јавните набавки во Македонија со години претставуваат една од најзначајните економски активности, низ која државните институции купуваат стоки, услуги и работи во вредност што достигнува речиси една милијарда евра (2014 год.), односно 12 проценти од бруто домашниот производ на земјата.

Јавните набавки во Македонија со години претставуваат една од најзначајните економски активности, низ која државните институции купуваат стоки, услуги и работи во вредност што достигнува речиси една милијарда евра (2014 год.), односно 12 проценти од бруто домашниот производ на земјата.

Призма, 27.12.2016, Растат вработувањата во државните претпријатија Репортер, 27.12.2016, На вработените во државните претпријатија им нема крај – Се цица од буџетот од кај се стигне Либертас, 27.12.2016, Растат вработувањата во државнните претпријатија Призма, 22.12.2016, Над 780 илјади евра ќе се трошат за новогодишно украсување Дневни Аваз, 05.12.2016, Јавните набавки се средство за постигнување цели, а не цел Р.С Европа – Бих, 05.12.2016, Јавни набавки: Како се купауваат автомобили за градоначалникот Нови, 05.12.2016, Како до...

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од октомври 2014 година до март 2015 година

Во дури 26% од тендерите кои беа предмет на мониторинг имало само по една доставена понуда, додека во 19% се доставени по две понуди. Задоволително ниво на конкуренцијата, со доставени понуди од три или повеќе фирми, беше евидентирано во половина од тендерите кои беа предмет на мониторинг (51%).

Ниското ниво на конкуренција, со што се доведува во прашање ефективноста во трошењето на јавни пари, останува обележје на тендерите и во првата половина од 2015 година.