ПочетнаКатегорија

Прирачници

Плановите за интегритет на јавните набавки можат да бидат ефикасен механизам за превенирање на корупцијата. За таа цел, прво ќе ги претставиме дефинициите за клучни поими, коишто ќе му помогнат на читателот на прирачникот да ги разбере и да може да ги примени презентираните информации и знаења при изработката и/или спроведувањето на плановите за интегритет на јавните набавки. (DORACAK prokurimeve për plane për integritet të publike)

Целта на овој Прирачник е да придонесе за посеопфатно и поквалитетно планирање и управување со јавните средства за задоволување на вистинските потреби и интереси на граѓаните од регионотна Западниот Балкан. За да се обезбеди што поголемо учество на граѓаните во оваа важна област на управувањето со јавните финансии, прирачникот ги сумира клучните чекори во постапките за јавни набавки и го свртува вниманието на воспоставените принципи на целисходноста кон секој од нив. Прирачникот има за цел да даде придонес кон напорите на коалицијата БТВ во најголема можна мера да го прошири фронтот на организации кои со своите активности „бараат одговорност од владите“ и ги заговараат неопходните реформи во земјите од регионот.

Прирачникот се заснова врз одредбите од Законот за јавните набавки (ЗЈН), врз подзаконските акти и прирачниците изработени и објавени од Бирото за јавни набавки, како и врз практични искуства при спроведувањето на електронските постапки.

Покрај постоењето на Законот за јавни набавки и подзаконските акти, учесниците во процесот на спроведувањето на постапките често наидуваат на значајни тешкотии во нивната практична примена, а со нив особено се соочуваат учесниците-понудувачи при подготвувањето на својата понуда. Одредбите од Законот се толкуваат различно, па следствено на тоа, и различно се применуваат.

Ако Вашата фирма е заинтересирана да продава стоки, услуги или работи на јавниот сектор во РМ, неопходно е да има сознание за тоа како да се вклучи во постапките за јавни набавки, како да ја подготви понудата, кои барања и услови се неопходни да ги исполни за да го добие договорот за јавната набавка.

Овој прирачник е наменет за новинари кои работат во кој било медиум – весници, радио и телевизија – како и за блогерите и други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информациите кои ги поседуваат јавните институции.

Само малку граѓански организации од земјава се запознаени со проблемот на корупцијата и доброто владеење – се констатира уште во 2007 година, во Националната програма за превенција и репресија на корупцијата.

Јавните набавки или обезбедувањето стоки, услуги и работи од страна на државните институции, најчесто од фирми од приватниот сектор, стануваат сè поважни и во Македонија. Годишно, државните институции трошат близу 800 милиони евра за набавка на стоки, услуги и работи кои ги обезбедуваат преку постапките за јавни набавки. Оттука, јавните набавки се многу важни за вкупната економија на земјата, бидејќи учествуваат со дури 12% во вкупното домашно производство на стоки и услуги (БДП).

Пред вас е прирачник којшто е наменет за сите новинари кои ја истражуваат корупцијата и ја известуваат јавноста за случаите на злоупотреба на јавно доверената моќ за лични цели. Прирачникот упатува на последиците од корупцијата и улогата на медиумите во нејзиното сузбивање и ги прикажува формите и начините на корупција во најранливите сфери, техниките на истражувачкото новинарство, како и начините на наоѓање на извори и интервјуирање.