ПочетнаКатегорија

Индекс на рационалност

Дваесет и првиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови услуги: Набавка на лиценца за Microsoft 365 Business Standard; Изнајмување фотокопирни апарати; Набавка на хируршки конци; Набавка на услуга за собирање, транспорт и уништување медицински отпад и Набавка на натриум хипохлорид во гасна агрегатна состојба.

Дваесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве услуги: - Заловување кучиња, транспорт до прифатилиште или амбуланта и враќање во реонот;- Еднодневен престој на куче во прифатилиште;- Лабораториско испитување на лајшманија;- Стерилизација (кастрација) на машки кучиња и - Стерилизација (овариохистероктомија) на женски кучиња. Во изработката на Индексот на рационалност за овие услуги се вклучени 28 институции на локално ниво кои во текот на 2022 година имале ваков вид на набавка. Целта е, со изработка на индексот на овие пет вида услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи и во иднина да работат врз подобрување на рационалноста во трошењето на јавните пари.

Седумнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: летни работни униформи; зимски работни униформи; работни обувки-кломпи; одржување хигиeна во внатрешни работни површини и системи за инфузија Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2016 и во 2017 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на...

Шеснаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: електрична енергија; миење патнички возила; писмен превод; ангажирање агенција за привремени вработувања и поставување бехатон-плочки. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2015 и во 2016 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво коишто...

Петнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: индустриска сол (рефус и пакувана во вреќи), клима-уреди, хартија за печатење и фотокопирање, масло за горење – екстра лесно ЕЛ 1 и РТГ – филмови за рендген-снимки. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво што имале ваков видна набавки во 2015 и во 2016 година. Во изработката на индексот...

Четиринаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: метални архивски ормани, јаглен, училишни столчиња, заштитни гумени чизми и чистење речни корита. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2014 и 2015 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 70 институции, кои за набавките на овие стоки и услуги спровеле...

Тринаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови  производи и услуги: авионска дезинсекција на комарци, систем за електронска евиденција на работното време, контејнери за отпад, собирање, транспoрт и уништување на медицински отпад и пилешки стек. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013, 2014 и 2015 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа...

Дванаесетиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови  производи и услуги: вертикална сообраќајна сигнализација (сообраќајни знаци); хоризонтална сообраќајна сигнализација (обележување улици); фискални апарати; надворешни камери за видеонадзор и финансиска ревизија. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013 и 2014 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 70 институции на национално...

Десеттиот индекс на рационалност е изработен за: училишни клупи; гуми за патнички возила; ризла за одржување патишта; стручен надзор при градежни работи и медицински азотен оксид N20. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид набавка во 2013 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 72 институции на национално и на локално ниво. Но, од објективни или субјективни причини, наведени детално во анализата, на крајот индексот е изработен врз основа на податоци за цените на производите и услугите на вкупно 43 институции.

Деветтиот индекс на рационалност е изработен за: одржување на лифтови; печатење на образец за сметки; РТГ филмови за рентген снимки; кравјо сирење и ГПС уреди. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид набавка доминантно во првата половина од 2013 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 53 институции на национално и на локално ниво. Но, поради објективни или субјективни причини, наведени детално во анализата, на крајот индексот е изработен врз основа на податоци за цени на производите и услугите на 39 институции.

Индекс на рационалност 8 Осмиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи, односно услуги: работна облека; работни чевли; урбана опрема – клупи; тонери и дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои во текот на 2012 година и во првите два месеци од 2013 година имале ваков вид набавка.

Седмиот индекс на рационалност е изработен за: одржување на хигиена; дефибрилатори; јунешко месо без коски; ПВЦ-прозорци и работни обувки - кломпи. Во изработката на индексoт на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени 52 институции на национално и локално ниво кои во текот на првите oсум месеци од 2012 година имале ваков вид набавка. Проширување на опсегот на прибирање податоци и за 2011 година беше направен само кај набавката на ПВЦ-прозорци.

Шестиот индекс на рационалност е изработен за група од пет производи кои институциите на национално и на локално ниво ги купувале во текот на 2012 година и тоа: хартија за печатење и фотокопирање; индустриска сол; масло за горење - екстра лесно ЕЛ-1; клима уред и завој калико. Станува збор за производи кои беа вклучени и во претходните индекси и тоа за набавки спроведени во текот на 2010 година и/или првата половина од 2011 година, а во кои беа констатирани големи разлики во цените. Оттука целта на изработка на шестиот индекс на рационалност е да се направи проценка за евентуалните промени кои настанале во изминатиот период и влијанието кое можело да го има воведувањето на овој инструмент како начин за подигање на свеста на договорните органи за постоењето на големи разлики во цените и за потребата од преземање на мерки за поголема рационалност во трошењето на јавните пари.

Во изработката на индексите, цените на селектираните производи и услуги се обезбедуваа преку пристап до информациите од јавен карактер, кои беа доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки.

Станува збор за производи и услуги што често се набавуваат од страна на институциите, што овозможува индексот да се изработи низ споредба на набавните цени од поголем број на договорни органи, на национално и на локално ниво.Во изработката на овој индекс, обезбедени се податоци за цените и вредност на договорите на 84 институции во земјата. Во изработката на индексите, цените на селектираните производи и услуги се обезбедуваа преку пристап до информациите од јавен карактер, кои беа доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки.Целта е, низ изработка на индексите на овие пет видови производи, односно услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените, да се нотираат слаби точки во трошењето на јавните пари, но и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи, односно услуги.

За да се обезбедат потребните податоци за изработка на индексот на овие пет производи (клима уреди, лаптоп-компјутери и ГПС уреди за возила), односно услуги (писмен превод и физичко обезбедување), ЦГК достави до институциите на национално и локално ниво 94 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Индексот на рационалност се изработува преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Индексот на рационалност ќе се изработува квартално и во секој квартал ќе опфаќа максимум по пет различни предмети на набавка.