Клучни ризици од корупција во јавните набавки на локално ниво и препораки за нивно надминување

Целта на овој документ за јавни политики е на едно место да ги сумира клучните ризици од корупција и препораките за нивно надминување, а кои беа утврдени преку мониторинг на јавните набавки на општините и на локалните јавни претпријатија спроведен врз основа на унифицирана методологија од страна на 8 невладини организации во Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Одделните извештаи со клучните ризици од корупција за секоја општина и за локалните јавни претпријатија се веќе објавени и достапни, меѓу другото, и на веб-страницата Центарот за граѓански комуникации https://www.ccc.org.mk/.
февруари 24, 20232595

Документот за јавни политики се изготвува во рамките на проектот „Заштита од корупција“ , чија цел е намалување на корупцијата и злоупотребата на јавни средства на ниво на локална самоуправа преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните институции и имплементација на мерките предвидени во Национална стратегија за превенција на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025 година.

Преземете го Документот на албански јазик овде.