Прирачник за новинари за истражување и известување за јавните набавки

Јавните набавки или обезбедувањето стоки, услуги и работи од страна на државните институции, најчесто од фирми од приватниот сектор, стануваат сè поважни и во Македонија. Годишно, државните институции трошат близу 800 милиони евра за набавка на стоки, услуги и работи кои ги обезбедуваат преку постапките за јавни набавки. Оттука, јавните набавки се многу важни за вкупната економија на земјата, бидејќи учествуваат со дури 12% во вкупното домашно производство на стоки и услуги (БДП).
12/05/20128531

Прирачник за новинари за известување и истражување за јавните набавки

Државните институции, односно луѓето вработени во нив, преку јавните набавки, всушност, ги трошат парите што граѓаните и фирмите ги даваат преку даноците за нормално функционирање на државата. Затоа, една од главните препораки на светско ниво е при трошењето на парите на граѓаните и фирмите, односно на јавните пари – државните службеници да се однесуваат како да трошат свои лични пари. Со други зборови, едно од основните начела на јавните набавки е државните институции преку нив да го обезбедуваат најдобриот можен квалитет за износот на парите на набавката. Не се очекува да се купат најквалитетните производи, ниту пак најскапите. Треба да се настојува да се добие најдобрата вредност за потрошените пари.