Препораки за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки

Препораките беа издадени во почетокот на 2013 година до повеќе од 200 локални институции од 21 општина.
24/01/20136

Препораки за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки

Препораките беа издадени во почетокот на 2013 година до повеќе од 200 локални институции од 21 општина. Нивната примена значи намалување на административните и на другите пречки во спроведувањето на јавните набавки кои оневозможуваат пристап на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Со создавање услови за зголемено учество на овие фирми на пазарот на јавни набавки, во крајна линија, се подобрува локалната економија во овие општини.

На 12-те состаноци околу примената на препораките, позитивните аспекти од нивното спроведување и за тешкотиите со кои се соочуваат договорните органи за време на спроведување на јавните набавки вкупно присуствуваа 135 лица задолжени за спроведување на јавните набавки во локалните институции. Станува збор за општини, јавни комунални претпријатија, болници, здравствени домови, училишта, градинки, музеи, библиотеки, и сл.