News

Magazine archive

Тринаесеттиот индекс на рационалност е изработен за: авионска дезинсекција на комарци, систем за електронска евиденција на работното време, контејнери за отпад, собирање, транспoрт и уништување на медицински отпад и пилешки стек. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013, 2014 и 2015 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 67 тендери спроведени од институции на национално и на локално ниво. Но, од објективни или субјективни причини наведени детално во анализата, крајно, индексот е изработен врз основа на податоците за цените на производите и услугите постигнати во 42 тендерски постапки од страна на 40 институции.

СКОПЈЕ, 25 август 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 13 во кој се споредени цените по кои се купувани авионска дезинсекција на комарци, системи за електронска евиденција на работното време, контејнери за отпад, собирање, транспорт и уништување на медицински отпад и пилешки стек. Најголема разлика во цените е евидентирана во набавката на системите за електронска евиденција на работно време, а најмала кај контејнерите за отпад. Поконкретно евидентирани се следните разлики: авионската дезинсекција на комарци ги чинела институциите од 176 до 606 денари за еден хектар, со што највисоката цена е за дури 244% повисока од најниската; системите за електронска евиденција на работното време се купувани по цени кои се движат од 43.200 ден. до 160.000 ден. за еден систем, со што највисоката цена е за дури 270% повисока од најниската; контејнерите за отпад (метални 1,1 м3) се купувани по цени кои се движат од 12.383 до 18.502 денари, што значи дека највисоката цена е за 49% повисока од најниската; собирањето, транспортот и уништувањето на медицински отпад ги чинело здравствените институции од 41 до 95 ден. за килограм, со што највисоката цена платена за оваа услуга е за 132% поголема од најниската цена и пилешкиот стек е купуван по цени кои се движеле од 172 до 315 ден. за килограм, со што највисоката цена е за 83% повисока од најниската. Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен овде. Повеќе информации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Индекс на рационалност бр. 13 СКОПЈЕ, 25 август 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 13 во кој се споредени цените по кои се купувани авионска дезинсекција на комарци, системи за електронска евиденција на работното време, контејнери за отпад, собирање, транспорт и уништување на медицински отпад и пилешки стек. Најголема разлика во цените е евидентирана во набавката на системите за електронска евиденција на работно време, а најмала кај...

Тринаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови  производи и услуги: авионска дезинсекција на комарци, систем за електронска евиденција на работното време, контејнери за отпад, собирање, транспoрт и уништување на медицински отпад и пилешки стек. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013, 2014 и 2015 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа...

Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр. 12 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале сообраќајни знаци, обележување на улици, фискални апарати, камери за видео надзори и финансиска ревизија.

Дванаесетиот индекс на рационалност е изработен за: вертикална сообраќајна сигнализација (сообраќајни знаци); хоризонтална сообраќајна сигнализација (обележување улици); фискални апарати; надворешни камери за видеонадзор и финансиска ревизија. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013 и 2014 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 70 институции на национално и на локално ниво. Но од објективни или субјективни причини наведени детално во анализата, крајно, индексот е изработен врз основа на податоците за цените на производите и услугите постигнати во 36 тендерски постапки од страна на 34 институции.

Дванаесетиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови  производи и услуги: вертикална сообраќајна сигнализација (сообраќајни знаци); хоризонтална сообраќајна сигнализација (обележување улици); фискални апарати; надворешни камери за видеонадзор и финансиска ревизија. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013 и 2014 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 70 институции на национално...

Покрај постоењето на Законот за јавни набавки и подзаконските акти, учесниците во процесот на спроведувањето на постапките често наидуваат на значајни тешкотии во нивната практична примена, а со нив особено се соочуваат учесниците-понудувачи при подготвувањето на својата понуда.

Правната заштита во јавните набавки треба да им овозможи на оштетените понудувачи брзо, ефикасно, транспарентно и недискриминаторско преиспитување на постапката и соодветни правни лекови.

Основна цел на мониторингот беше да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации за анализа на начинот на кој медиумите во Македонија известуваат за прашањата од поширок општествен интерес детектирани на заедничка дебата меѓу претставници на невладините организации и новинарите.

Центарот за граѓански комуникации го издаде второто, изменето издание на Препораките за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.

Советот за јавни набавки во првите месеци од работата го зголеми административното оптоварување во спроведувањето на тендерите, но не и конкуренцијата.

Вредноста на јавни набавки може да се смета за релевантен показател за тоа колку пари потрошиле општините, како за своето функционирање така и за извршување на обврските од нивна надлежност, бидејќи освен за исплата на плати и надоместоци за вработените, за комуналии и сл., речиси за сите други трошоци над 500 евра општините се должни да распишат тендер.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од истражувањето спроведено во рамките на редовниот мониторинг на јавните набавки на институциите на локално ниво, а кое се однесува на вкупните трошења за јавни набавки на сите општини во Република Македонија во 2013 година.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2014 година

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2014 година

Телма, 10.12.2015, Јавните набавки со ниска конкуренција Утрински Весник, 10.12.2015, Советот за јавни набавки наплатил 1,2 милиони евра Телма, 10.12.2015, Ниско ниво на конкуренција, главна карактеристика на тендерите Плус Инфо, 10.12.2015, Новиот Совет за јавни набавки “испотроши” 1,2 милиони евра од фирмите Капитал, 10.12.2015, Секој четврти тендер склучен со единствен понудувач, конкуренцијата се намалува Нова ТВ, 10.12.2015, Центар за граѓански комуникации: И натаму ниско ниво на конкуренција Е Магазин, 10.12.2015, Во првото полугодије од годината...

Денеска во Скопје се одржа конференција за актуелните состојби во сферата на јавните набавки во Македонија и во земјите од регионот. Повод за дискусија беа резултатите од споредбената анализа на спроведувањето на јавните набавки во четири земји од регионот – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора

Доминантен дел од анкетираните фирми сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот во однос на цената на набавките.

Центарот за граѓански комуникации денеска гo објави мониторинг извештајот во кој е содржано истражување на фирмите за нивното искуство во јавните набавки и споредбена анализа за правната заштита во постапките за јавни набавки и за административните трошоци за остварување на правната заштита

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од октомври 2013 до март 2014 година

Микропретпријатија од 36 општини се обучуваат за јавните набавки

Претставници на стотина фирми од 35 општини од источниот, југоисточниот, североисточниот и од вардарскиот регион учествуваат на повеќедневната годишна конференција на микропретпријатија за јавните набавки која се одржува во Струмица. Целта на конференцијата е да се унапредат знаењата на микропретпријатијата за учество во јавните набавки, како и да се остварат неопходните контакти за нивно идно здружување за заеднички и посилен настап на пазарот на јавните набавки.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.11 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале електрична енергија, вакцина против тетанус, асфалтирање на улици, ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти и ангажирање работници за уривање на бесправно изградени објекти.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.11 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале електрична енергија, вакцина против тетанус, асфалтирање на улици, ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти и ангажирање работници за уривање на бесправно изградени објекти.

Разликите во цените по кои институциите плаќаат за исти видови производи и услуги упатуваат на потребата од подетални истражувања на пазарот пред објавување на тендерите и усогласување на пристапот на договорните органи кон набавка на исти видови производи.

Голем дел од фирмите кои учествуваат на тендерите не успеваат со своите понуди да стигнат до фазата на евалуација. Притоа, причини за отфрлање на нивните понуди се административните пропусти и неисполнувањето на поставените услови во тендерската документација.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, кој го опфаќа периодот од април до јуни 2014 година. Некои од клучните наоди се: Сопрен е неколкугодишниот пад на бројот на жалбите доставени од фирмите до Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН).

Вредноста на договорите склучени преку преговарање без претходно објавување оглас бележи голем пораст во првото тромесечје од годинава, во пресрет на стапувањето на сила на законските измени со кои склучувањето на дел од ваквите договори би требало да биде намалено.

Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки го одбележа денеска во Куманово проширувањето на услугите на центарот во Велес во североисточниот регион.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од Mониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од октомври до декември 2013 година, како и Индексот на рационалност бр.10. Некои од клучните наоди од мониторингот на постапките за јавни набавки се: Конкуренцијата во јавните набавки во 2013 год. остана ниска.

Десеттиот индекс на рационалност е изработен за: училишни клупи; гуми за патнички возила; ризла за одржување патишта; стручен надзор при градежни работи и медицински азотен оксид N20. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид набавка во 2013 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 72 институции на национално и на локално ниво. Но, од објективни или субјективни причини, наведени детално во анализата, на крајот индексот е изработен врз основа на податоци за цените на производите и услугите на вкупно 43 институции.

Конкуренцијата во јавните набавки во 2013 година остана ниска. Просечниот број на добиените понуди на тендерите во текот на 2013 година, во мониторираниот примерок од 160 постапки, изнесува 2,6, а на повеќе од третина од тендерите учествува само по една фирма.

Проектот развива механизми за зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на локалните самоуправи во Македонија, поттикнување на поголемо учество на граѓаните и на локалната бизнис заедница во процесот на одлучување во локалните самоуправи и размена на најдобри практики и искуства меѓу опшините како во земјава, така и во регионот. Проектните активности придонесуваат кон намалување на нивото на корупција во локалните заедници и кон засилување на довербата на граѓаните и бизнис претставниците во локалните власти.

Проектот треба да им овозможи на македонските новинари поголемо и поефективно користење на јавно достапните информации во насока на унапредување на квалитетот на информирањето и промовирање на слободата на изразувањето и независноста на медиуми.  Проектот е финансиран од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а се спроведува во партнерство со Access Info Europe од Шпанија и Балканската истражувачка мрежа на новинари - БИРН од Македонија.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2013 година кој ги покажа следниве констатации: Електронската аукција, иако е законски задолжителна, не се одржала во 53% од мониторираните тендери, главно поради тоа што на тендерот имало или останала само една понуда.

Целта на мониторингот е да се оцени дали и во колкава мера државните институции ги почитуваат основните принципи во трошењето на јавните пари, а стипулирани и во самиот закон – конкуренција меѓу фирмите, нивен еднаков третман и недискриминација, транспарентност и интегритет при спроведување на постапките и рационално и ефикасно искористување на парите.

За 52% е зголемена вредноста на јавните пари потрошени преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас, во периодот од јули до септември 2013 година во однос на истиот период лани.

24 Вести, 19.12.2014, Корупцијата главен проблем за јавните набавки кај земјите од регионот Капитал, 17.12.2014, Наместени тендери и слаба контрола на трошењето народни пари – цел балкан во исти проблеми Бизнис Плус, 15.12.2014, Наместени тендери и слаба контрола на трошењето народни пари – цел Балкан во исти проблеми Сител, 27.11.2014, Јавните набавки во регионот пет милијарди евра, слабостите идентични Фактор, 27.11.2014, Јавните набавки во регионот: законите различни, проблемите исти А1 Он, 27.11.2014, Јавните набавки во...

Со одржување на состанокот во Кочани, заврши серијата работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините во вардарскиот и источниот регион за примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Препораките беа издадени во почетокот на 2013 година до повеќе од 200 локални институции од 21 општина.

Олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки

КАВАДАРЦИ, 5.11.2013 - Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки започнува серија работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините од Вардарскиот и Источниот регион во однос на примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Првиот од серијата состаноци се одржа со претставниците на договорните органи од општина Кавадарци на 5.11.2013 год. (вторник) во салата на општина Кавадарци. За време на состанокот се разговараше за примената на препораките, позитивните аспекти од нивното спроведување и за потешкотиите со кои се соочуваат договорните органи за време на спроведување на јавните набавки. Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки се дел од активностите во рамките на проектот чија цел е да обезбеди поголемо учество на овие претпријатија на пазарот на јавни набавки, придонесувајќи кон нивниот поодржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање на работни места, раст и иновации. Од друга страна, за договорните тоа значи можност за добивање на подобра вредност за потрошените пари. Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки го спроведува Центарот за граѓански комуникации во партнерство со невладините Фокус од Штип и ЕХО од Штип. Проектот се спроведува во 21 општина и опфаќа повеќе од 200 договорни органи и околу 300 микропретпријатија.

КАВАДАРЦИ, 5.11.2013 – Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки започнува серија работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините од Вардарскиот и Источниот регион во однос на примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Првиот од серијата состаноци се одржа со претставниците на договорните органи од општина Кавадарци на 5.11.2013 год. (вторник) во салата на општина Кавадарци. За време на состанокот се разговараше...

Деветтиот индекс на рационалност е изработен за: одржување на лифтови; печатење на образец за сметки; РТГ филмови за рентген снимки; кравјо сирење и ГПС уреди. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид набавка доминантно во првата половина од 2013 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 53 институции на национално и на локално ниво. Но, поради објективни или субјективни причини, наведени детално во анализата, на крајот индексот е изработен врз основа на податоци за цени на производите и услугите на 39 институции.

Дел од институциите не ја почитуваат задолжителната законска обврска – во подготовката на техничките спецификации за јавните набавки над 130.000 евра да ги вклучуваат и фирмите преку водење на т.н. технички дијалог.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од април до јуни 2013 година како и Индексот на рационалност бр.9.

Искуството од следењето на спроведувањето на јавните набавки во Република Македонија покажува недоволно учество во јавните набавки, особено според вредноста на добиените тендери, на малите претпријатија и на микропретпријатијата. Застапеноста на микропретпријатијата на пазарот на јавни набавки е мала и несразмерна во однос на нивниот вкупен број, значење и улога што ја имаат овие претпријатија во локалните средини, но и во вкупната економија на земјата.

Ако Вашата фирма е заинтересирана да продава стоки, услуги или работи на јавниот сектор во РМ, неопходно е да има сознание за тоа како да се вклучи во постапките за јавни набавки, како да ја подготви понудата, кои барања и услови се неопходни да ги исполни за да го добие договорот за јавната набавка.

Претставници на 90-тина фирми од речиси сите општини од источниот и вардарскиот регион учествуваат на повеќедневната годишна конференција на микропретпријатија за јавните набавки која се одржува во Струмица. Целта на конференцијата е да се унапредат знаењата на микропретпријатијата за учество во јавните набавки, како и да се остварат неопходните контакти за идно здружување на микропретпријатијата за заеднички и посилен настап на пазарот на јавните набавки.

Секој четврти договор за јавна набавка во мониторираниот примерок е склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени.

Во одредени случаи, мониторингот на јавните набавки на локално ниво, покажува прекршувања на Законот за јавните набавки за кои постои дилема дали се свесни или, пак, сосема случајни, поради недоволно познавање на Законот.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во шестмесечниот период од октомври 2012 до март 2013 година.

Индекс на рационалност 8 Осмиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи, односно услуги: работна облека; работни чевли; урбана опрема – клупи; тонери и дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои во текот на 2012 година и во првите два месеци од 2013 година имале ваков вид набавка.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.8 изработен за производите работни одела, работни обувки, клупи и тонери, како и за услугата дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Центарот за граѓански комуникации, заедно со Балканската истражувачка репортерска мрежа и Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија повикуваат новинари да се пријават на повикот за истражувачки стории.

Законски задолжителната е-аукција не се закажала во 40% од мониторираниот примерок, додека кај секоја четврта спроведена еаукција не се намалила почетната цена. Иако просечниот број на поднесени понуди по тендер изнесува 3,47 и е повисок во однос на претходните квартали, сепак на 45% тендери од мониторираниот примерок немало задоволителна конкуренција.

Група македонски новинари, на тридневна студиска посета во Бугарија, се запознаа со практиките и искуствата на нивните бугарски колеги и експерти за поквалитетно информирање на јавноста преку примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Правото на пристап до информации се темели врз принципот дека претставниците на јавните институции се избрани од страна на граѓаните и се финансираат со пари од даночните обврзници, така што јавноста има право да знае како се употребува таа моќ и како се трошат нивните пари.

Најголемо подобрување има кај учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки, следено од подобрувањето во делот на проактивноста на општините спрема локалните заедници, информираноста на граѓаните и отчетноста на општината, додека најмал напредок е констатиран во делот на професионалноста на општинската администрација.

Центарот за граѓански комуникации, во партнерство со невладините организации НВО Инфоцентар и ЕХО ги издаде насоките за јавни политики за унапредување на транспарентното и отчетното локално владеење, како завршен документ од тригодишниот Проект на УСАИД за транспарентно владеење

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2012 година.

Целта на проектот е да ги зајакне процесите на јавните набавки во земјите од Западен Балкан, поточно Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Проектот е подржан од Европската Унија преку програмата за партнерства за граѓанското општество, буџетска ставка: 22.020701 – Регионални и хоризонтални програми. Водечка организација на проектот е Фондацијата за отворено општество Србија, а партнери во проектот се: Фондот отворено општество Босна и Херцеговина, Центар за граѓански комуникации, Македонија, Мрежа за афирмација на НВО секторот-МАНС, Црна Гора, Центарот за развој на непрофитниот сектор, Србија и Фондација отворено општество Словачка.

Фактор, 10.12.2013, Јавните набавки – дувло на незаконие и корупција Тера ТВ, 28.11.2013, Јавните набавки во земјите од Западен Балкан 24 Вести, 27.11.2013, 700 милиони евра од јавни набавки се одлеваат во непознат правец во земјите од регионот Scoop, 15.11.2013, Петок – ден пред викенд, ден за тендер Алфа, 12.11.2013, Петок – ден пред викенд, ден за тендер Р.С Европа, 06.11.2013, Јавните набавки – главен извор на ”црни” пари за партиите Фактор, 05.11.2013, Исти уреди,...

Проблемот со поништувањата добива исклучително силен интензитет во поголемите тендери, односно во т.н. отворени постапки за набавка на стоки и услуги во вредност поголема од 20.000 евра и за изведување работи над 50.000 евра.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од јули до септември 2012 година. Некои од клучните наоди се: Во пораст е проблемот со поништување на поголемите тендери – оние за набавка на стоки и услуги во вредност поголема од 20.000 евра и за изведување работи над 50.000 евра.

Седмиот индекс на рационалност е изработен за: одржување на хигиена; дефибрилатори; јунешко месо без коски; ПВЦ-прозорци и работни обувки - кломпи. Во изработката на индексoт на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени 52 институции на национално и локално ниво кои во текот на првите oсум месеци од 2012 година имале ваков вид набавка. Проширување на опсегот на прибирање податоци и за 2011 година беше направен само кај набавката на ПВЦ-прозорци.

Пред 150 претставници на микропретпријатија, општини и локални институции, на 4 и 6 декември се промовирани регионалните центри за поддршка на микропретпријатијата од источниот регион во Штип и од вардарскиот во Велес.

Овој прирачник е наменет за новинари кои работат во кој било медиум – весници, радио и телевизија – како и за блогерите и други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информациите кои ги поседуваат јавните институции.

Прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер

Прирачникот е наменет за новинари од кој било медиум - весник, радио и телевизија - како и за блогери и за други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информаците кои ги поседуваат јавните институции.

Центарот за граѓански комуникации, залагајќи се за транспарентност, отчетност и одговорност на институциите, останува посветен на напорите за јакнење на улогата на медиумите во општеството, имајќи предвид дека тие се од витално значење за демократијата и за обезбедување услови за одговорно и отчетно работење на носителите на власта.

Повеќе од 40 новинари од локални медиуми од цела Македонија учествуваа на четирите дебати за поголема примена на правото на пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите што се одржаа во октомври во Битола, Охрид, Штип и Велес.

Анализата во овој извештај е направена врз основа на мониторинг на избран примерок од 40 постапки на договорни органи на централно ниво, чиешто јавно отворање на понудите се одвиваше во периодот од април до јуни 2012 година.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр.6. Големите разлики во цените по кои се купуваат исти производи говорат дека институциите сè уште имаа големи проблеми во обезбедување на рационалност при трошењето на јавните пари.

Шестиот индекс на рационалност е изработен за група од пет производи кои институциите на национално и на локално ниво ги купувале во текот на 2012 година и тоа: хартија за печатење и фотокопирање; индустриска сол; масло за горење - екстра лесно ЕЛ-1; клима уред и завој калико. Станува збор за производи кои беа вклучени и во претходните индекси и тоа за набавки спроведени во текот на 2010 година и/или првата половина од 2011 година, а во кои беа констатирани големи разлики во цените. Оттука целта на изработка на шестиот индекс на рационалност е да се направи проценка за евентуалните промени кои настанале во изминатиот период и влијанието кое можело да го има воведувањето на овој инструмент како начин за подигање на свеста на договорните органи за постоењето на големи разлики во цените и за потребата од преземање на мерки за поголема рационалност во трошењето на јавните пари.

Во изработката на индексите, цените на селектираните производи и услуги се обезбедуваа преку пристап до информациите од јавен карактер, кои беа доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки.

Договорните органи свесно или несвесно придонесуваат кон отежнато учество на фирмите во постапките за јавни набавки и со тоа кон намалување на конкуренцијата што е еден од принципите на јавните набавки.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објавува резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од јануари до март 2012 година, како и Индексот на рационалност бр.5.

Демократизација на македонското општество преку подобро информирани граѓани и потранспарентно, поотчетно и поодговорно владеење. Центарот за граѓански комуникации е основан во април 2005 година, како невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани чија главна мисија е да ја подобрува и развива комуникацијата меѓу сите општествени фактори во Република Македонија за процесите од поширока општествена важност, како и да ги набљудува, анализира и унапредува општествено-политичките и економските процеси во земјата, пред сè во областите на антикорупцијата, локалната самоуправа и економскиот развој.Центарот за граѓански комуникации ја остварува својата мисија преку организирање и спроведување на истражувања, анализи, мониторинзи, обуки, семинари и трибини, како и издавање извештаи, публикации и прирачници за работа.Во своето шестгодишно дејствување, Центарот за граѓански комуникации ја фокусира својата работа врз две групи на меѓусебно поврзани активности: мониторинг и откривање на корупциски практики и врз основа на тоа препорачување на мерки и политики за намалување на просторот за корупција и унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите во борбата против корупцијата во земјава.

Само малку граѓански организации од земјава се запознаени со проблемот на корупцијата и доброто владеење – се констатира уште во 2007 година, во Националната програма за превенција и репресија на корупцијата.

Предмет на истражување, а со тоа и на оваа анализа за односот на општините кон јавните набавки беа актуелните практики во 21 општина во Македонија, или во дури ¼ од сите општини во земјава.