News

Magazine archive

Јавни набавки и користење конкурентни процедури во услови на криза Овој документ за јавни политики има за цел да ги сумира искуствата и да предложи можни решенија за подобрување на регулативата и на практиките на јавните набавки за време на кризни ситуации.

Индекс на активна транспарентност 2022 година Денес, 18 август 2022 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: – Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 % (од максимално можни 100 %). – Во однос на...

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 % (од максимално можни 100 %). Во однос на лани, активната транспарентност е подобрена за 10 процентни поени (од 63 % на 73 %).

Проектот има за цел да го поддржи процесот на воведување праведни политики за животна средина и одржлива зелена транзиција преку намалување на корупциските влијанија врз зелените јавни набавки.

Од почетокот на пандемијата во март 2020 година до крајот на 2021 година, во земјата се спровел 581 тендер за КОВИД-19, во вкупна вредност од 33 милиони евра. Најмногу пари за КОВИД-19 потрошиле министерствата за здравство и за внатрешни работи, а од короната најмногу се офајдиле фирмите „Д-р Пановски“, „Технички гасови“ и „Биотек“.

Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за кои платиле 3,6 милиони евра

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму.

Генерален заклучок од мониторингот е дека и во 2021 година јавните набавки поврзани со КОВИД-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, иако зад институциите е цела една кризна година на искуство, каква што беше 2020.

Постојат големи разлики помеѓу 28-те ковид-центри кои беа предмет на анализата во периодот од 1 октомври 2020 до 31 март 2021 година, како во однос на бројот на ангажираниот медицински персонал, потрошените лекови за третман на хоспитализираните пациенти, дадената кислородна поддршка, потрошените маски така и во однос на бројот на просечни денови на хоспитализација и стапката на смртност на пациенти.

Спречување на корупцијата во јавните набавки: Што можат да сторат договорните органи? Овој документ за јавни политики се фокусира врз справувањето со корупцијата и со судирот на интереси во јавните набавки на институционално ниво, односно што и како може и треба да се прави во таа насока.  

За разлика од украсувањето на улиците кое главно беше откажано, продолжи практиката на институциите за купување новогодишни пакетчиња. За оваа намена се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена. Тендери за купување пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра – колку што изнесува вредносниот праг под кој што не важи Законот за јавните набавки. Целото истражување прочитатјте го на следниот линк.

Тендери за зимско одржување на улици и патишта имале 36 општини и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија, државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, АД Електрани и Министерството за внатрешни работи.

МРТ | 22.12.2022 | Во земјава речиси да не се спроведуваат „зелени“ јавни набавки МРТ | 22.12.2022 | ЦГК: Во земјава речиси да не се спроведуваат „зелени“ набавки КАНАЛ 5 | 22.12.2022 | Извештај на ЦГК: Владата и институциите не спроведуваат речиси никакви „зелени“ набавки КАНАЛ 5 | 22.12.2022 | ЦГК: Во земјава речиси да не се спроведуваат „зелени” набавки МИА | 22.12.2022 | ЦГК: Во земјава речиси да не се спроведуваат „зелени“ набавки СЛОБОДЕН...

Проектот вклучува активности за намалување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства на локалните самоуправи преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните институции и спроведување на мерките предвидени во Националната стратегија за превенција на корупцијата и судир на интереси 2021-2025. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Кралството на Холандија.

Толку честата примена на електронската аукција во тендерите може да значи дека учесниците во јавните набавки не ги напуштаат веќе разработените механизми за манипулации и корупција.

Редовен годишен извештај во сенка за состојбите во јавните набавки во Северна Македонија кој дава осврт на позначајните аспекти и пробеми при спроведувањето на набавките, како и препораки за унапредување.

Лоцирани се ризиците од корупција во сите фази од јавните набавки, за што длабински беа анализирани 167 тендери и беа вкрстени податоци од вкупно 3.342 договори за јавни набавки. Документот е достапен и на албански јазик.

Плановите за интегритет на јавните набавки можат да бидат ефикасен механизам за превенирање на корупцијата. За таа цел, прво ќе ги претставиме дефинициите за клучни поими, коишто ќе му помогнат на читателот на прирачникот да ги разбере и да може да ги примени презентираните информации и знаења при изработката и/или спроведувањето на плановите за интегритет на јавните набавки. (DORACAK prokurimeve për plane për integritet të publike)

Проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ којшто  ЦГК го реализираше во изминатите две години, 1 октомври 2019 - 30 септември 2021 година, со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, ги опфати следните активности и резултати: - Лоцирани се ризиците од корупција во сите фази од јавните набавки, за што длабински  беа анализирани 167 тендери и беа вкрстени податоци од вкупно 3.342 договори за јавни набавки, спроведени од 37 претпријатија основани од Владата, од Градот Скопје и од општините Гостивар, Кавадарци и Струга. - За секое од овие претпријатија беше направен индивидуален скрининг за начинот на којшто ги спроведува јавните набавки. - Беа изработени „индикатори за мерење на ризиците од корупција“ и „предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки“, кои беа предмет на дискусија со 130 претставници на претпријатијата и нивните основачи. - Дел од дадените предлози Владата ги вклучи во Планот за борба против корупцијата – Акција 21. Станува збор за воведување процедури за спроведување јавни набавки, донесување планови за интегритет или програми за антикорупција, преземање мерки за стимулирање на конкуренцијата, зголемување на отчетноста во однос на јавните набавки итн. - Следеше едукативна програма за зајакнување на вештините за спроведување на тендерите, во која беа вклучени 46 лица кои спроведуваат јавни набавки во вклучените претпријатија и општините. - Дополнително, 30 лица беа обучени за изработка на планови за интегритет во јавните набавки, а дел од претпријатијата искористија менторска помош за изработка на своите планови за интегритет. - Преку обработка на податоци од вкупно 5.018 договори за јавни набавки на вклучените претпријатија во...

Целта на оваа анализа е да ги мапира ризиците од корупција во јавните набавки низ сите фази во кои тие се спроведуваат, односно низ планирањето на набавките, спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализацијата на склучените договори.

Проектот вклучува мапирање на клучните ризици од корупција во јавните набавки поврзани со КОВИД-19 преку длабинско следење на тендерите и водење дијалог за јавни политики, насочен кон подобрување на процесот на набавки и стеснување на просторот за корупција. За таа цел ќе се изготват два полугодишни извештаи од мониторингот (за јануари-јуни 2021 година и јули-декември 2021 година) и извештај со преглед за сите набавки поврзани со КОВИД-19 за 2020-2021 година, заедно со отворена база на податоци, а дијалогот за јавна политика ќе опфати најмалку 50 институции и ќе резултира со документ за политика и медиумско присуство за подобрување.

Проектот го засилува интегритетот и ги намалува ризиците од корупција во јавните набавки во претпријатијата основани од државата и од локалната самоуправа преку идентификување на слабостите и и спроведување мерки за нивно надминување. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Кралството на Холандија.

30 претставници на акционерски друштва и јавни претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга, како и претставници на овие општини ги совладаа основите и елементите за изработка на планови за интегритет во јавните набавки, на трите работилници спроведени на почетокот од септември.

Видео со достигнувањата на Центарот за граѓански комуникации од активноста Јавно трошење за јавно добро

Активноста Јавно трошење за јавно добро се спроведуваше во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество кој поддржува активности за промовирање на транспарентност и објавување на податоци од страна на државните институции со цел унапредување на добрите практики на управување. Барањето за транспарентност на сите нивоа на управување е оправдано со правото на граѓаните на информации и слободата на информации.

Јавно трошење за јавно добро: Обуки за граѓански организации за следење на јавните набавки

Повеќе од 30 претставници на граѓански организации од целата земја ги завршија обуките за следење на јавните набавки на државните институции, организирани во Скопје во текот на јуни, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Претставниците на граѓанските организации се стекнаа со практични знаења и вештини за следење на постапките за јавни набавки и се запознаа со можностите и начините за следење на јавните трошења во средините и во областите на нивното делување.

Кон отчетни јавни претпријатија: Обуки за јакнење на капацитетите за спроведување на јавните набавки

46 претставници на акционерски друштва и јавни претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга, како и претставници на општините, беа дел од трите дводневни обуки спроведени во јуни за јакнење на капацитетите за превенирање на корупцијата во јавните набавки. Обуките беа спроведени во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ поддржан од Кралството Холандија. Процесот на градење на капацитетите на државните претпријатија произлегува од претходно спроведеното мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки и ќе продолжи и во следниот период со поддршка во изработка на планови за интегритет во јавните набавки.

За првпат во шест години, проактивното објавување јавни информации од институциите, односно нивната активна транспарентност, според градацијата на нивоата, се искачи од ’просечна‘ во ’добра‘.

Предлозите се изготвени по длабинското истражување на ризиците од корупција, систематизирани во истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на  претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“

Во последните десет години (од 2010 до 2019 година) Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил вкупно 699 ревизии. Најмногу во 2014 година, дури 98, а најмалку во 2012 година, 50 ревизии. Базата на податоци на сите извршени ревизии од страна на Државниот завод за ревизија од 2010 до 2019 година е изработена во отворен формат

Институциите не практикуваат консултации со бизнис-секторот во насока на подобрување на тендерските документации, а со тоа и на самиот процес на јавните набавки. Во првото полугодие од 2020 година, објавени се повици за технички дијалог само за 1,4 % од тендерите.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата.

Најголеми годишни трошоци за советниците од 214 илјади евра има Градот Скопје. Следува Куманово со околу 115 илјади евра, а на следните три позиции се Тетово, Битола и Гостивар со годишни трошоци од околу 104 илјади евра.

Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно Денес, 13 јануари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на месечните паушали што им се исплаќаат на општинските советници и претседателите на советите на општините. Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1319-те советници и претседатели на совети изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра. Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат 30 % повисок паушал од советниците. Услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница. Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24 илјади денари добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот. Од другите општини, највисоко платени се советниците во Кичево кои земаат 19 илјади денари месечно, а најмалку платени се советниците во Вевчани кои земаат малку помалку од 5 илјади денари месечно. Само 12 општини исплатуваат понизок месечен надомест од законскиот максимум, а 15 општини одат дури и над тој лимит. Најмногу седници годишно одржува Град Скопје, лани дури 27, а најмалку 6 одржале во Центар Жупа. Просечно, општинските совети одржувале по 15 седници годишно.

СИТЕЛ | 27.12.2021 | ЦГК: Државните пари се трошеле без тендери и преку сомнителни електронски аукции ТЕЛМА | 27.12.2021 | Секој 4- ти тендер без конкуренција – ЕСМ набавувала за 4 милиони евра без оглас ТЕЛМА | 27.12.2021 | Јавните набавки во земјава покажува низа слабости КАНАЛ 5 | 27.12.2021 | ЦГК: Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости АЛФА | 27.12.2021 | Последен извештај на ЦГК: Слабости и корупција во македонските јавни...

Стандардите врз основа на кои е направена оценката на транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во државна сопственост се утврдени преку анализа на релевантната законска регулатива и на меѓународните стандарди.

Веднаш штом изби корона-кризата, државните институции во Северна Македонија почнаа да набавуваат средства за заштита според постапката со преговарање, без објавување оглас, односно со директно договарање со фирмите, поради „крајна итност“.

Редовен, годишен извештај во сенка за состојбата во јавните набавки во Северна Македонија. И по речиси две години од примената на новиот Закон за јавните набавки – ефектите сè уште изостануваат. Иако новиот закон беше донесен поради усогласување со последната Директива на ЕУ за јавните набавки и под притисок на бројните критики што доаѓаа од сите страни дека законската рамка е неодржлива, ограничувачка и во многу случаи овозможува злоупотреби – сепак јавните набавки во Северна...

Центарот за граѓански комуникации започна да спроведува ад хок мониторинг на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот уште од почетокот на кризата во март 2020 година, објавувајќи редовни извештаи со наоди и препораки.

Новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер беше донесен на 16 мај 2019 година, а почна да се применува на 30 ноември 2019 година.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“.

ДЦентарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на договорите за јавни набавки поврзани со коронавирусот преку итната постапка со преговарање без објавување оглас.

Честите поништувања на тендерите, причините за поништувањето и големината на тендерите за кои се носат вакви одлуки ја птвораат дилемата дали со поништувањата се прикриваат слабостите во спроведувањето на постапките за јавни набавки или, пак, манипулациите.

Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100 %) и според градацијата на нивоата, спаѓа во ’просечна‘ активна транспарентност.

Индекс на активна транспарентност 2020 година Денес, 19 јуни 2020 година, Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2020 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: – Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100 %) и според...

Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.

Ова е втор бриф на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.

Состојбата со новиот коронавирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава наметнуваат потреба од итни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од овој вирус.

Овој бриф се однесува на итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на склучените договори и на одлуките за избор на најповолна понуда.

Имајќи ја предвид новонастаната состојба со новиот коронавирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава, се укажува потреба од серија непланирани јавни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од новиот коронавирус Covid-19.

Во Брифот за медиумите е даден краток осврт на јавните набавки во Северна Македонија во 2019 година, како и осврт и споредба со набавките на земјите од регионот на Западниот Балкан.  

ТВ 21 | 31.12.2020 | Новата 2021, година на надеж, но и неизвесност – ја испраќаме најтешката година на економски план ПИНА | 31.12.2020 | Итни договори и тендери со еден понудувач – чести за време на кризата со корона 24 ВЕСТИ | 29.12.2020 | ЦГК: 15 директори на јавни претпријатија да добијат отказ ТЕРА | 29.12.2020 | ЦГК: Поголем напредок во транспарентноста имаат претпријатијата основани од општините од оние основани од владата МИА |...

Старите навики се посилни од новиот Закон за јавните набавки. ’Најниската ценаʻ и електронската аукција остануваат неприкосновени и во првите три месеци од примената на Законот.

Активноста „Јавно трошење за јавно добро“ е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

По критиките што доаѓаа од сите засегнати страни – стариот и нефункционален Закон за јавните набавки, што се применуваше од 2008 година и којшто многупати беше менуван и дополнуван – конечно беше заменет со целосно нов Закон, којшто беше донесен во јануари 2019 година, а почна да се применува од 1 април 2019 година.

Честото поништување на тендерите е еден од најголемите и најдолготрајните проблеми во системот на јавни набавки во земјава. Фактот дека се поништува секој четврти тендер ја става земјата на светскиот врв по уште еден, неславен, феномен во јавните набавки.

Честото поништување на тендерите е еден од најголемите и најдолготрајните проблеми во системот на јавни набавки во земјава. Фактот дека се поништува секој четврти тендер ја става земјата на светскиот врв по уште еден, неславен, феномен во јавните набавки.

Транспарентноста не е доволна за подобрување на состојбата во јавните набавки. Објавувањето повеќе информации и документи во врска со тендерите во последните неколку години придонесе кон зголемена транспарентност на системот на јавни набавки во земјава, но овој тренд не беше проследен и со унапредување на интегритетот и отчетноста на институциите при спроведување на тендеритe.

Како што дигиталната технологија во светот се развива и станува нераскинлив дел од животот и работењето, така големите бази на податоци со коишто располагаат земјите (особено јавната администрација) стануваат клучно јавно добро за зајакнување на антикорупциските напори.

Овој документ за јавни политики го претставува концептот на користење на обемните бази на податоци во антикорупцијата, начинот на негова примена, добрите страни и предизвиците, со посебен осврт на состојбата во Република Северна Македонија

Транспарентноста е општоприфатен основен принцип на јавните набавки. Таа ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија објавуваат јавен повик за доделување грантови за граѓански организации. Целта е да се даде придонес кон намалување на корупцијата во бизнис-секторот во земјава, преку заедничко делување на сите релевантни чинители од јавниот сектор, приватниот сектор и од граѓанското општество....