News

Magazine archive

Локалната самоуправа претставува една од темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија. Ова е уредено во членот 8 од Уставот, односно на самиот почеток на Уставот. Во таа смисла, уставотворецот сметал дека во државата е неопходно да постои локална самоуправа како демократски дострел кој им овозможува на граѓаните на извесно подрачје во рамките на државата самите да одлучуваат за прашањата од нивен интерес, односно непосредно да учествуваат во вршењето на јавните работи од локален интерес.

Слаби капацитети на инспекциските служби во општините Kapacitete të dobëta të shërbimeve inspektuese në vetëqeverisjet locale Weak capacities of the inspection services in the municipalities Целта на истражувањето е согледување на состојбите со инспекцискиот надзор во единиците на локална самоуправа. Истражувањето е поттикнато од ризиците од корупција поврзани со  инспекцискиот надзор кои ја наметнуваат неопходноста од анализирање на постоечките практики, детектирање на проблемите и изготвување соодветни препораки со цел зголемување на  транспарентноста и интегритетот на овие процедури....

Ниту една од мониторираните општини не презема други активности за информирање на граѓаните, односно донесените одлуки за продажба на земјиште и склучените договори со купувачите не ги објавуваат ниту на своите веб-страници.

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Во 2023 година, склучени се договори за јавни набавки во вредност од 92 милијарди денари, односно околу 1,5 милијарда евра, што е 35 % повеќе од претходната година.

Дваесет и првиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови услуги: Набавка на лиценца за Microsoft 365 Business Standard; Изнајмување фотокопирни апарати; Набавка на хируршки конци; Набавка на услуга за собирање, транспорт и уништување медицински отпад и Набавка на натриум хипохлорид во гасна агрегатна состојба.

24 ВЕСТИ | 22.08.2025 | Брза помош – проблем е кадар, не само амбулантни возила DEUTSCHE WELLE | 22.08.2025 | Сто амбулантни возила – силна инјекција за здравството ГЛАСОТ НА ЕВРОПА | 22.08.2025 | Здравствените установи добиваат 100 нови амбулантни возила MACTEL | 22.08.2025 | Сто амбулантни возила – силна инјекција за здравството ФОКУС | 14.08.2025 | Грчка компанија, основана од бизнисменот Анѓушев, лани „лапнала“ тендери тешки 8 милиони евра СИТЕЛ | 11.08.2025 | Општините потрошиле...

Истражување за бројот на ученици во основното и во средното образование

Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10%. Бројот на средношколци е намален за 20 %, односно за повеќе од 17 илјади ученици.

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80% (од максимално можни 100%) и во однос на лани е подобрена за 4 про- центни поени (од 76% на 80%).

Вредноста на јавните набавки во Република Северна Македонија учествува во Буџетот на државата со 24%, а во бруто домашниот производ со 8 %. Јавните набавки, чија вредност на годишно ниво надминува 1 милијарда евра, се особено подложни на корупција.

Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава.

Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава.

Проектот го спроведуваат во партнерство: Фондацијата за отворено општество Србија (како водечка организација) и Фондот отворено општество Босна и Херцеговина, Косовската Фондација за отворено општество, Центарот за граѓански комуникации, Македонија и Мрежата за афирмација на НВО секторот-МАНС, Црна Гора. Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата за „Консолидирање на тематски регионални мрежи на организации од граѓанското опшество“.

Проектот има за цел да ги унапреди транспарентноста, отчетноста и ефикасноста во трошењето на јавните пари преку поттикнување и промовирање на користењето на информациите за вистинските сопственици во борбата против корупцијата. Се очекува проектот да придонесе кон фактичко користење на податоците од Регистарот на вистински сопственици како инструмент во борбата против корупцијата.

Доцнењето на Министерството за образование и наука (МОН) да изготви подзаконски акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки, им овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите.

Дваесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве услуги: - Заловување кучиња, транспорт до прифатилиште или амбуланта и враќање во реонот;- Еднодневен престој на куче во прифатилиште;- Лабораториско испитување на лајшманија;- Стерилизација (кастрација) на машки кучиња и - Стерилизација (овариохистероктомија) на женски кучиња. Во изработката на Индексот на рационалност за овие услуги се вклучени 28 институции на локално ниво кои во текот на 2022 година имале ваков вид на набавка. Целта е, со изработка на индексот на овие пет вида услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи и во иднина да работат врз подобрување на рационалноста во трошењето на јавните пари.

Во дел од постапките за јавни набавки се донесуваат одлуки без соодветни и прецизни образложенија, со што се создава правна несигурност кај учесниците во постапките и расте сомнежот во објективноста и законитоста на постапувањата.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година, како и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници.

Ова е седми последователен извештај за евалуација на состојбите во јавните набавки и корупциски ризици откриени во секоја фаза од јавните набавки за целиот Западен Балкан земји развиени од Balkan Tender Watch Coalition и врз основа на нејзината единствена методологија - алатката за бенчмаркинг.

Ова е седми по ред Извештај за споредбена проценка на состојбите во јавните набавки на земјите од Западен Балкан, изработен од коалицијата на граѓански организации за борба против корупцијата во јавните набавки, Балкан Тендер Воч.

Истражувањето Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби кое открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија  формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени.   Застарени ГУП-ови, често менување на ДУП-ови и голем број дивоградби PPU të vjetruara, ndryshim i shpeshtë i PDU-ve, numër i madh...

Има огромни разлики во можностите за здравствена заштита на жителите на 30-те градови во земјава. Подобро стојат големите, а полошо помалите градови. Но, меѓу малите градови најдобро стојат Виница и Делчево, а меѓу големите, најлошо стојат Кичево и Кочани.

DEUTSCHE WELLE | 09.10.2024 | Општините продавале градежно земјиште за бадијала КАНАЛ 5 | 08.10.2024 | Истражување: Ниски цените при продажбата на државното градежно земјиште МТВ | 08.10.2024 | Општините недоволно транспарентни при продажбата на државното градежно земјиште АЛСАТ М | 08.10.2024 | Општините недоволно транспарентни при продажбата на државното градежно земјиште СЛОБОДЕН ПЕЧАТ | 08.10.2024 | Општините продавале државно земјиште за 71 денар метар квадратен ВЕЧЕР | 08.10.2024 | Државно земјиште за градење се...

Истражувањето открива дека општините, преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 % од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и кои, во одредени општини, добивале и по еден милион евра годишно.

Трошки за здруженијата на граѓани во општинските буџети

Истражувањето открива дека општините, преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 % од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и кои, во одредени општини, добивале и по еден милион евра годишно.

Целта на ова истражување е да ги мапира карактеристиките на процесот на финансирање на невладините организации од буџетската линија 463, да се утврди нивото на транспарентност и отчетност на општините, да се согледаат проблемите и слабостите во процесот, како и да се дефинираат препораки за подобрување на веќе востановените практики.

Роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90 % од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци.

Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година иницијално е усвоен со проектирани расходи на ниво од 284 милијарди денари (4,6 милијарди евра). Со измените и дополнувањата на буџетот извршени во јули 2022 година, расходите се зголемени за 5,73 %, односно за 16 милијарди денари (265 милиони евра).

Бројни патишта и улици, булевари, тротоари, плоштади, комунална инфраструктура, градинки и училишта, гасификации на општините – останале нереализирани во 2022 година бидејќи локалните власти, со ребалансите на буџетите, ги скратиле овие проекти од своите планови за капитални инвестиции, за сметка на поголемите трошоци за енергија во екот на енергетската и економската криза. Не се реализирале целосно ниту проектите што успеале да ги „преживеат“ ребалансите, бидејќи сепак останале само на хартија во ревидираните буџети. За време на оваа голема енергетска криза кога цените на енергијата, но и на сите останати производи, се вивнаа до плафон, достигнувајќи годишна стапка на инфлација речиси до 20 % во октомври лани, општините со ребалансите всушност ги зголемиле своите планови за трошење, но за тековни потреби. Почетните буџети на општините во 2022 година изнесувале 45.050.433.609 денари (732.527.375 евра). Со ребалансите на буџетите, оваа сума е дури зголемена за 5,24 %, односно за 2.361.703.989 денари (38.401.691 евра). Со тоа, вкупниот буџет на сите ЕЛС достигнал 47.412.137.598 денари (770.929.066 евра), но, на крајот од годината, реализирани се 83,73 % од оваа сума, односно 39.697.534.979 денари (645.488.374 евра).

Влијание на кризата во 2022 година врз политиките и граѓаните

За да ги покријат трошоците на кризата во 2022 година, владата и општините скратиле од граѓаните наместо порационално да ги трошат буџетските пари – откажани се витални проекти вредни 220 милиони евра

Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и врз граѓаните

На 27 септември и на 6 октомври во Скопје се одржаа јавни дебати на кои пред повеќе од 70 претставници на сите вклучени страни беа презентирани наодите и беа  дискутирани препораките од двете обемни истражувања за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.

Дебата: Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните

На денешната јавна дебата за „ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“ беше објавено „Истражувањето на последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.“

Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025, подготвена од Државната комисија за спречување на корупција и усвоена од Собранието на РСМ, го вбројува спортот како еден од секторите подложни на корупција.

Со 770 илјади евра против комарците

За борбата со комарците, општините годинава платиле 770 илјади евра. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Ова значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците.

Целта на проектот е да се зголемат ангажманот и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на владината реакција и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.

Редовно годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Преземете ги рангирањето и анализата овде.

Истражувања и бази на податоци на амбулантни и противпожарни возила и на пожарникари

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години.

Роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90 % од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци.

Роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90 % од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци.

Денес, 12 март 2023 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година, како и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници. Клучните наоди од мониторингот и од Индексот на рационалност вклучуваат: – Секој трет договор за јавна набавка е склучен во постапка во која...

Клучните ризици од корупција во општините и во локалните јавни претпријатија се утврдени преку мониторинг на јавните набавки на овие институции, спроведен врз основа на унифицирана методологија од страна на 8 невладини организации во 8 општини во земјава.

Целта на овој документ за јавни политики е на едно место да ги сумира клучните ризици од корупција и препораките за нивно надминување, а кои беа утврдени преку мониторинг на јавните набавки на општините и на локалните јавни претпријатија спроведен врз основа на унифицирана методологија од страна на 8 невладини организации во Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Одделните извештаи со клучните ризици од корупција за секоја општина и за локалните јавни претпријатија се веќе објавени и достапни, меѓу другото, и на веб-страницата Центарот за граѓански комуникации https://www.ccc.org.mk/.

Продолжен рокот за Повикот за истражувачки стории за новинари од локални медиуми до 5.3.2023 год.

Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

Општа цел на акцијата е поефикасно и порационално користење на буџетските средства од страна на Владата и општините со цел тие да одговараат на реалните потреби на граѓаните. Специфичната цел е намалување на негативните ефекти врз животот на граѓаните настанати како резултат на влијанието на финансиската и енергетската криза врз буџетските трошења на државата и на општините.

Имајќи ја предвид куповната моќ на парите што секоја година се трошат преку јавните набавки за државните институции да купуваат производи, услуги и градежни работи за нивните и за пошироките општествени потреби, станува јасно дека со набавката на производи кои имаат намалено негативно влијание врз животната средина може значително да се придонесе кон одржливоста на средината во која живееме и работиме.

Во земјава речиси не постојат т.н. зелени или одржливи набавки, иако поминаа повеќе од три години од примената на новиот Закон за јавните набавки (усогласен со последните директиви на ЕУ), којшто сугерира да се води сметка за влијанието на набавките врз животната средина.

360 СТЕПЕНИ | 28.12.2023 | Сторија за Итната медицинска помош во Скопје, Тетово и Битола ММС | 27.12.2023 | На Итната медицинска помош, итно ѝ требаат нови кадри: Бројот на тимови опаѓа, потребни се 52 нови СИТЕЛ | 25.12.2023 | На Брзата помош и треба итна помош КАНАЛ 5 | 25.12.2023 | На земјава ѝ недостигаат 52 тимови за Итна помош за да се исполни законскиот минимум КАНАЛ 5 | 25.12.2023 | Во земјава недостигаат...

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави Извештајот од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција и Документот со препораки за поттикнување на спроведувањето „зелени“ јавни набавки и спречување на корупцијата во процесот.

Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки во 8 општини од земјава

Мрежа од девет невладини организации предводена од Центарот за граѓански комуникации направи проценка на ризиците од корупција во јавните набавки во осум општини од земјава: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањата се фокусираа на јавните набавки спроведени од општините и од локалните јавни претпријатија.

Дебата за зелени јавни набавки: Состојба, поттикнување на примената и намалување на ризиците од корупција

На денешната дебата за „зелените“ јавни набавки во земјава, Центарот за граѓански комуникации ги претстави иницијалните наоди од мониторингот на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина и од истражувањето на (не)примената на „зелените“ јавни набавки во земјата и влијанието на корупциските ризици во процесот.

На меѓународниот ден за борба против корупцијата, ние, граѓанските организации упатуваме порака дека главен приоритет за нашето општество се демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, чија членка е и Центарот за граѓански комуникации, го објави првиот Антикорупциски месечник за ноември 2022 година

Подготовката на Извештаите во сенка за следење на работата и ефектите од секторските работни групи за 2019, 2020 и 2021 година се спроведе под хипотезата дека секторските работни групи се значајни тела одговорни за креирање и мониторинг на секторските политики во Република Северна Македонија, како и форум за донаторската координација во поддршка на имплементација на политиките.

This Report represents the compilation of evidence-based finding and views of the Balkan Tender Watch coalition. Besides analyzing public procurement systems through main basic quantitative indicators of the functioning of the system and the impact of public procurement on the economic and social system, in this Report we tried to incorporate EU perspective, through analysis of EC Country Reports, statements and views dedicated to the area of public procurement. As we mentioned earlier, Covid-19 virus pandemic strongly affected all areas of life but also situation in public procurement systems of our countries. One chapter of this Report is precisely because of that dedicated to the findings and views of the Balkan Tender Watch Coalition regarding state of public procurement systems during pandemic. In the very end, we have identified and pointed out main corruption risks in the public procurement cycle in each of our countries. Based on our work results and experience from the past ten years and of course based on knowledge and capacities that our Coalition posses we formulated concrete regional recommendations for improvement of public procurement systems in observed WB countries.

Детектирање на ризиците од корупција во јавните набавки поврзани со заштита на животната средина

Претставници на граѓански организации од областа на заштитата на животната средина и борбата против корупцијата разменуваа идеи и сознанија за детектирање на ризиците од корупција во јавните набавки поврзани со заштита на животната средина, како и за поцелосно опфаќање на состојбата со одржливите јавни набавки во земјава.

Јакнење на способноста на општините и локалните јавни претпријатија за спречување на корупцијата

Повеќе од 170 претставници на општините и локалните јавни претпријатија од Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип учествуваа во низата од 8 обуки одржани од мај до октомври оваа година, а кои треба да им помогнат на општинската администрација и на вработените во локалните јавни претпријатија за воведување систем за интегритет, за зголемување на транспарентноста, како и проценка на ризиците од корупција во јавните набавки и нивно намалување. Обуките се дел од проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија.

Стандардите врз основа на коишто е направена оценката на транспарентноста и на отчетноста на претпријатијата во државна сопственост се утврдени преку анализа на релевантната законска регулатива и на меѓународните стандарди. Оттука, доминантен дел од избраните стандарди се законски обврзувачки за претпријатијата, а помал дел се стандарди што се сметаат за добра практика.

Истражувањето спроведено во текот на јуни 2022 година покажа дека 30-те најголеми претпријатија во 2022 година објавиле само 48 % од информациите и од документите што треба да ги објават на своите веб-страници.

Зголемена е вредноста на договорите склучени низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Вкупната вредност на овие договори во 2021 година изнесува 46 милиони евра, што е за 16 милиони евра повеќе од 2020 година.

Појавата на пандемијата со КОВИД-19 создаде потреба од брзо приспособување кон новонастанатата состојба, особено кај набавките што треба да се спроведат итно бидејќи директно беа загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето.