Награди

Награди

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) е добитник на државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година, како највисоко признание за долгогодишни остварувања во промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Понкретно наградата е доделена за придонесот на ЦГК во долгогодишното афирмирање на правото на пристап до информации – едно од основните човекови права, признаено во меѓународните повелби, декларации и документи, но и во Уставот на РСМ. Наградата беше доделена по повод Меѓународниот ден на човековите права.