На завршната конференција „Јавните набавки во Македонија: искуства и предлог-законски решенија за нивно подобрување“ во Скопје, проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки ги претстави предлозите за законски измени за унапредување на јавните набавки.
На конференцијата учествуваа претставници на договорните органи, економските оператори, бизнис-здруженијата, надлежните органи, невладините организации, како и меѓународните институции кои дискутираа за предлозите и за потребата од натамошно унапредување на законската рамка за поефикасно искористување на јавните средства. На конференцијата ќе се одбележи и затворањето на проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки (2012-2017).
претходен
ПОВИК за доделување мали грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ финансиран од Европската Унија
следен