Извештај од мониторингот на јавните набавки на локално ниво бр. 4: Цените на тендерите – растечки проблем во јавните набавки

Транспарентноста и натаму е еден од главните проблеми во јавните набавки во земјава.
17/10/20147660

Цените на тендерите – растечки проблем во јавните набавки

Откако најниската цена се воведе како единствен критериум за доделување на јавните набавки, а електронската аукција е задолжителна за сите тендери, бројни се примерите на тендери во кои се постигнуваат толку ниски цени што едноставно е неверојатно дека фирмата што го добила тендерот ќе го реализира целосно, со бараниот квалитет и количини како што е наведено во договорот. Оттука и барањата на самите договорни органи да се размисли за воведување на заштитен механизам од многу ниските цени со кои се загрозува квалитетот на набавката.