Извештај бр.3 од мониторингот на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот

Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда. Главните наоди за овој мониторинг период вклучуваат: - Вредноста на договорите за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот надмина 3,2 милиони евра и досега се склучени 142 договори. - Дури 71 % од вредноста на склучените договори отпаѓа само на пет фирми. - Во отсуство на упатство или стандардни обрасци за набавка, продолжуваат значајните разлики во цените. Во овој период, најголеми разлики се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари за парче. - За повеќе од половина од склучените договори (59 %), институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето. - Во секој втор склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач. - Сѐ уште нема информации за исходот од владините огласи за интервентни набавки на маски и ракавици. За поцелосен увид на јавноста во набавките поврзани со КОВИД-19, брифовите се проследени и со објавување преглед на договорите и одлуките за избор во отворен формат на веб-платформата на Центарот за граѓански комуникации, www.opendata.mk. --------------------------------------------------------- Линкови до првиот извештај објавен на 06.04.2020 година: Бриф број 1 и до базата на податоци на 06.04.2020 година: База на договори и одлуки за избор до 06.06.2020 Линкови до вториот извештај...
20/05/20207341

Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.

Главните наоди за овој мониторинг период вклучуваат:

– Вредноста на договорите за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот надмина 3,2 милиони евра и досега се склучени 142 договори.

– Дури 71 % од вредноста на склучените договори отпаѓа само на пет фирми.

– Во отсуство на упатство или стандардни обрасци за набавка, продолжуваат значајните разлики во цените. Во овој период, најголеми разлики се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари за парче.

– За повеќе од половина од склучените договори (59 %), институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето.

– Во секој втор склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач.

– Сѐ уште нема информации за исходот од владините огласи за интервентни набавки на маски и ракавици.

За поцелосен увид на јавноста во набавките поврзани со КОВИД-19, брифовите се проследени и со објавување преглед на договорите и одлуките за избор во отворен формат на веб-платформата на Центарот за граѓански комуникации, www.opendata.mk.

Линкови до првиот извештај објавен на 06.04.2020 година: Бриф број 1 и до базата на податоци на 06.04.2020 година: База на договори и одлуки за избор до 06.06.2020

Линкови до вториот извештај објавен на 22.04.2020 година: Бриф број 2 и до базата на податоци на 22.04.2020 година: База на договори и одлуки за избор до 20.04.2020 година.