Извештај од мониторингот на јавните набавки на локално ниво бр. 8: На тендерите просечно има по 2,5 понудувачи, на е-аукциите учествуваат по 2

Бројни примери од мониторингот на тендерите покажуваат голема меѓусебна зависност на проценетата вредност на набавките со крајната цена што се добива на тендерите, но и со поништувањето на постапките.
04/07/20167455

На тендерите просечно има по 2,5 понудувачи, на е-аукциите учествуваат по 2

Истражувањето на пазарот за барањата на техничката спецификација не успеало во ниту еден од случаите. Во 100% од тендерите морало да се бара согласност од Советот на јавни набавки пред да се објави огласот. Во делот на критериумите за учество, истражувањето успеало во 71% од случаите, а во останатите 29% се барала согласност. Притоа, конкуренцијата е поголема кај тендерите каде што истражувањето успеало и не било потребно да се бара согласност за тендерот.