Истражување за јавните набавки во здравството (2015 до 2024)
Трошоците за јавни набавки во здравството во последните 10 години се зголемија два и пол пати, односно од 1261 милиони евра во 2015 на повеќе од 3152 милиони евра во 2024 година. Овој раст се случува во услови кога граѓаните постојано изразуваат незадоволство од квалитетот и од достапноста на здравствените услуги. Очигледната несразмерност помеѓу трошењето и квантитетот и квалитетот на услугите го засилува впечатокот дека јавните набавки не се реален одраз на потребите и интересите на граѓаните и дека дополнително ги потхрануваат недовербата и сомнежите за корупција.

