Истражување за бројот на студенти

За десет години, бројот на студенти е намален за 7.000, секој петти студент сака да биде лекар
01/10/20243

Денес, 1 октомври 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за движењето на бројот на студенти во земјава во последните десет учебни години, со база на податоци.

Истражувањето покажа дека:

  • Само за последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 %.
  • Најмногу студенти во последните десeт години загубиле државните универзитети – 11.150, односно 22 %.
  • УКИМ е најголем губитник, со речиси 5 илјади помалку студенти за десет години. Поединечно, најмногу студенти загубиле Економскиот, Филолошкиот и Градежниот факултет во Скопје.
  • Наспроти тоа, на приватните факлултети има 4.054 или 56 % студенти повеќе во последните десeт години.
  • Пораст од 20 % има и кај верските високообразовни установи.
  • Кај бруцошите, има намалување од 19 %, односно за една деценија бројот на студенти запишани во прва година се намалил за 3612.
  • На УКИМ, во последните десет години, има намалување на бројот на студенти во прва година на сите факултети, освен на Медицински и ФИНКИ. На скопски Правен има дури 61% помалку бруцоши.
  • Наспроти намалувањето на бројот на студенти, се зголемува бројот на наставници и соработници. Само за последните десет години, универзитетскиот кадар пораснал за повеќе од илјада луѓе, односно за една третина.
  • На државните универзитети има за 26 % повеќе кадар отколку пред десет години, на приватните, пак, кадарот пораснал за 45 %.

До целото истражување и базата на податоци може да се пристапи на следниот линк.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.