Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери, Град Скопје за првпат не прв на листата
Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери, Град Скопје за првпат не прв на листата
Дупки и недоследности во пријавувањето сопственост и интереси на функционерите на патот на откривањето корупција
Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни
За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра
3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте
1 милион евра пари на граѓаните општините трошат годишно на изведувачи и забавни манифестации
Општините и министерствата заедно трошат за адвокатски услуги повеќе од 2 милиони евра годишно
Податоците од регистарот на вистински сопственици во земјава не се користат за борба против корупцијата
Само 10 фирми, за 5 години добиле тендери за 1 милијарда евра
Слаби капацитети на инспекциските служби во општините Kapacitete të dobëta të shërbimeve inspektuese në vetëqeverisjet locale Weak capacities of the inspection services in the municipalities Целта на истражувањето е согледување на состојбите со инспекцискиот надзор во единиците на локална самоуправа. Истражувањето е поттикнато од ризиците од корупција поврзани со инспекцискиот надзор кои ја наметнуваат неопходноста од анализирање на постоечките практики, детектирање на проблемите и изготвување соодветни препораки со цел зголемување на транспарентноста и интегритетот на овие процедури....
Општините не ги информираат граѓаните за реализираните продажби на државно градежно земјиште. Тие ги објавуваат одлуките за отуѓување на државно градежно земјиште во Службен весник на РСМ.
За десет години, бројот на студенти е намален за 7.000, секој петти студент сака да биде лекар.
41% Од лицата за јавни набавки во институциите сметаат дека во јавните набавки често има корупција.
Министерствата без напредок во активната транспарентност, општините со минимално подобрување
Ниту едно министерство или општина во земјава немаат високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки
Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава.
Тендерот за гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи
Без транспарентност и отчетност се трошат околу 10 милиони евра за набавки коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата
Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година, како и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници.
Ова е седми по ред Извештај за споредбена проценка на состојбите во јавните набавки на земјите од Западен Балкан, изработен од коалицијата на граѓански организации за борба против корупцијата во јавните набавки, Балкан Тендер Воч.
Повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“
Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби
Скопјани со најголеми, а Крушевчани со најмали можности за здравствена заштита во земјава
На земјава ѝ недостигаат 52 тимови за итна медицинска помош, за да се задоволи законскиот минимум
Истражувањето открива дека општините, преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 % од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и кои, во одредени општини, добивале и по еден милион евра годишно.
Целта на ова истражување е да ги мапира карактеристиките на процесот на финансирање на невладините организации од буџетската линија 463, да се утврди нивото на транспарентност и отчетност на општините, да се согледаат проблемите и слабостите во процесот, како и да се дефинираат препораки за подобрување на веќе востановените практики.
За да ги покријат трошоците на кризата во 2022 година, владата и општините скратиле од граѓаните наместо порационално да ги трошат буџетските пари – откажани се витални проекти вредни 220 милиони евра
Општините и училиштата ги доделуваат на користење објектите за спорт во нетранспарентни постапки
База на податоци на сите тендери на општините и Градот Скопје за 2022 година.
За борбата со комарците, општините годинава платиле 770 илјади евра. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Ова значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците.
Активната транспарентност на министерствата стагнира, а општините со минимално подобрување
Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години.
Роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90 % од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци.
Роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90 % од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци.
Денес, 12 март 2023 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година, како и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници. Клучните наоди од мониторингот и од Индексот на рационалност вклучуваат: – Секој трет договор за јавна набавка е склучен во постапка во која...
Целта на овој документ за јавни политики е на едно место да ги сумира клучните ризици од корупција и препораките за нивно надминување, а кои беа утврдени преку мониторинг на јавните набавки на општините и на локалните јавни претпријатија спроведен врз основа на унифицирана методологија од страна на 8 невладини организации во Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Одделните извештаи со клучните ризици од корупција за секоја општина и за локалните јавни претпријатија се веќе објавени и достапни, меѓу другото, и на веб-страницата Центарот за граѓански комуникации https://www.ccc.org.mk/.
Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави Извештајот од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција и Документот со препораки за поттикнување на спроведувањето „зелени“ јавни набавки и спречување на корупцијата во процесот.
Мрежа од девет невладини организации предводена од Центарот за граѓански комуникации направи проценка на ризиците од корупција во јавните набавки во осум општини од земјава: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањата се фокусираа на јавните набавки спроведени од општините и од локалните јавни претпријатија.
На денешната дебата за „зелените“ јавни набавки во земјава, Центарот за граѓански комуникации ги претстави иницијалните наоди од мониторингот на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина и од истражувањето на (не)примената на „зелените“ јавни набавки во земјата и влијанието на корупциските ризици во процесот.
На меѓународниот ден за борба против корупцијата, ние, граѓанските организации упатуваме порака дека главен приоритет за нашето општество се демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, чија членка е и Центарот за граѓански комуникации, го објави првиот Антикорупциски месечник за ноември 2022 година
Претставници на граѓански организации од областа на заштитата на животната средина и борбата против корупцијата разменуваа идеи и сознанија за детектирање на ризиците од корупција во јавните набавки поврзани со заштита на животната средина, како и за поцелосно опфаќање на состојбата со одржливите јавни набавки во земјава.
Повеќе од 170 претставници на општините и локалните јавни претпријатија од Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип учествуваа во низата од 8 обуки одржани од мај до октомври оваа година, а кои треба да им помогнат на општинската администрација и на вработените во локалните јавни претпријатија за воведување систем за интегритет, за зголемување на транспарентноста, како и проценка на ризиците од корупција во јавните набавки и нивно намалување. Обуките се дел од проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија.
Истражувањето спроведено во текот на јуни 2022 година покажа дека 30-те најголеми претпријатија во 2022 година објавиле само 48 % од информациите и од документите што треба да ги објават на своите веб-страници.
Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција
Индекс на активна транспарентност 2022 година Денес, 18 август 2022 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: – Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 % (од максимално можни 100 %). – Во однос на...
Високи ризици од корупција и судир на интереси во набавките за КОВИД-19 и речиси две години по избувнување на кризата
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму.
КОВИД-19 набавките сѐ уште изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција
Постојат големи разлики помеѓу 28-те ковид-центри кои беа предмет на анализата во периодот од 1 октомври 2020 до 31 март 2021 година
Спречување на корупцијата во јавните набавки: Што можат да сторат договорните органи? Овој документ за јавни политики се фокусира врз справувањето со корупцијата и со судирот на интереси во јавните набавки на институционално ниво, односно што и како може и треба да се прави во таа насока.
Зимското одржување на улиците и патиштата оваа сезона ќе чини 8 милиони евра
Украсувањето на улиците се откажа, но новогодишните пакетчиња останаа
Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите
Редовен годишен извештај во сенка за состојбите во јавните набавки во Северна Македонија
Проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ којшто ЦГК го реализираше во изминатите две години, 1 октомври 2019 - 30 септември 2021 година, со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, ги опфати следните активности и резултати: - Лоцирани се ризиците од корупција во сите фази од јавните набавки, за што длабински беа анализирани 167 тендери и беа вкрстени податоци од вкупно 3.342 договори за јавни набавки, спроведени од 37 претпријатија основани од Владата, од Градот Скопје и од општините Гостивар, Кавадарци и Струга. - За секое од овие претпријатија беше направен индивидуален скрининг за начинот на којшто ги спроведува јавните набавки. - Беа изработени „индикатори за мерење на ризиците од корупција“ и „предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки“, кои беа предмет на дискусија со 130 претставници на претпријатијата и нивните основачи. - Дел од дадените предлози Владата ги вклучи во Планот за борба против корупцијата – Акција 21. Станува збор за воведување процедури за спроведување јавни набавки, донесување планови за интегритет или програми за антикорупција, преземање мерки за стимулирање на конкуренцијата, зголемување на отчетноста во однос на јавните набавки итн. - Следеше едукативна програма за зајакнување на вештините за спроведување на тендерите, во која беа вклучени 46 лица кои спроведуваат јавни набавки во вклучените претпријатија и општините. - Дополнително, 30 лица беа обучени за изработка на планови за интегритет во јавните набавки, а дел од претпријатијата искористија менторска помош за изработка на своите планови за интегритет. - Преку обработка на податоци од вкупно 5.018 договори за јавни набавки на вклучените претпријатија во...
Расте отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите; секој трет тендер се поништува.
И во кризната 2020 година, општините потрошиле на тендери речиси исто колку и во претходната година
Минимално подобрување на активната транспарентност во 2020 година
Предлозите се изготвени по длабинското истражување на ризиците од корупција, систематизирани во истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“
Во последните десет години (од 2010 до 2019 година) Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил вкупно 699 ревизии. Најмногу во 2014 година, дури 98, а најмалку во 2012 година, 50 ревизии. Базата на податоци на сите извршени ревизии од страна на Државниот завод за ревизија од 2010 до 2019 година е изработена во отворен формат
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на доделени концесии за минерални суровини за 2019 година.
Расте примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година.
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за зимско одржување на патиштата за сезоната 2020/21
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата.
Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори 2015-2019 година
Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно Денес, 13 јануари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на месечните паушали што им се исплаќаат на општинските советници и претседателите на советите на општините. Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1319-те советници и претседатели на совети изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра. Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат 30 % повисок паушал од советниците. Услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница. Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24 илјади денари добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот. Од другите општини, највисоко платени се советниците во Кичево кои земаат 19 илјади денари месечно, а најмалку платени се советниците во Вевчани кои земаат малку помалку од 5 илјади денари месечно. Само 12 општини исплатуваат понизок месечен надомест од законскиот максимум, а 15 општини одат дури и над тој лимит. Најмногу седници годишно одржува Град Скопје, лани дури 27, а најмалку 6 одржале во Центар Жупа. Просечно, општинските совети одржувале по 15 седници годишно.
Стандардите врз основа на кои е направена оценката на транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во државна сопственост се утврдени преку анализа на релевантната законска регулатива и на меѓународните стандарди.
Редовен, годишен извештај во сенка за состојбата во јавните набавки во Северна Македонија. И по речиси две години од примената на новиот Закон за јавните набавки – ефектите сè уште изостануваат. Иако новиот закон беше донесен поради усогласување со последната Директива на ЕУ за јавните набавки и под притисок на бројните критики што доаѓаа од сите страни дека законската рамка е неодржлива, ограничувачка и во многу случаи овозможува злоупотреби – сепак јавните набавки во Северна...
Центарот за граѓански комуникации започна да спроведува ад хок мониторинг на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот уште од почетокот на кризата во март 2020 година, објавувајќи редовни извештаи со наоди и препораки.
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“.
ДЦентарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на договорите за јавни набавки поврзани со коронавирусот преку итната постапка со преговарање без објавување оглас.
Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната
Истражувањето открива дека во последните две и пол години државните институции набавиле вкупно 392 нови патнички возила за што потрошиле 8,1 милиони евра.
Најниската цена и натаму проблем број 1 за фирмите; 48 % сметаат дека има корупција во набавките
Индекс на активна транспарентност 2020 година Денес, 19 јуни 2020 година, Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2020 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: – Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100 %) и според...
Општинските тендери во 2019 година скокнаа за една третина
Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.
Ова е втор бриф на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.
Овој бриф се однесува на итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на склучените договори и на одлуките за избор на најповолна понуда.
Имајќи ја предвид новонастаната состојба со новиот коронавирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава, се укажува потреба од серија непланирани јавни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од новиот коронавирус Covid-19.
Имаме 536 пожарникари помалку од законски потребните
Во Брифот за медиумите е даден краток осврт на јавните набавки во Северна Македонија во 2019 година, како и осврт и споредба со набавките на земјите од регионот на Западниот Балкан.
Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци за сите тендери на локалните власти за новогодишно украсување за дочекот на 2020 година.
Старите навки – посилни од новиот закон за јавните набавки
По критиките што доаѓаа од сите засегнати страни – стариот и нефункционален Закон за јавните набавки, што се применуваше од 2008 година и којшто многупати беше менуван и дополнуван – конечно беше заменет со целосно нов Закон, којшто беше донесен во јануари 2019 година, а почна да се применува од 1 април 2019 година.
Честото поништување на тендерите е еден од најголемите и најдолготрајните проблеми во системот на јавни набавки во земјава. Фактот дека се поништува секој четврти тендер ја става земјата на светскиот врв по уште еден, неславен, феномен во јавните набавки.
Транспарентноста не е доволна за подобрување на состојбата во јавните набавки. Објавувањето повеќе информации и документи во врска со тендерите во последните неколку години придонесе кон зголемена транспарентност на системот на јавни набавки во земјава, но овој тренд не беше проследен и со унапредување на интегритетот и отчетноста на институциите при спроведување на тендеритe.
Овој документ за јавни политики го претставува концептот на користење на обемните бази на податоци во антикорупцијата, начинот на негова примена, добрите страни и предизвиците, со посебен осврт на состојбата во Република Северна Македонија
Транспарентноста е општоприфатен основен принцип на јавните набавки. Таа ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција.
Сите општински тендери за 2018 година: Град Скопје троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија објавуваат јавен повик за доделување грантови за граѓански организации. Целта е да се даде придонес кон намалување на корупцијата во бизнис-секторот во земјава, преку заедничко делување на сите релевантни чинители од јавниот сектор, приватниот сектор и од граѓанското општество....
Базата на податоци открива дека во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции. Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53% се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција.
Овој повик за учество на обука се однесува на локални граѓански организации кои ги исполнуваат следниве критериуми: 1) да се регистрирани во Северна Македонија; 2) да се активни во период подолг од една година; 3) да се непрофитна организација; 4) да имаат годишен обрт на средства до 50.000 евра. Цел на обуката: Со оваа обука сакаме да ги зголемиме капацитетите на локалните граѓански организации во државите од Западен Балкан и да овозможиме тие активно да...
Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.
Ве покануваме да учествувате во една од трите работилници наменети за граѓанските организации-ГО на тема Намалување на корупцијата во бизнис секторот. Работилниците се дел од ЕУ проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, а се организирани од Центарот за граѓански комуникации во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници. Иако бизнис секторот е еден од клучните чинители и засегната страна во справувањето со корупцијата, државните претпријатија и приватните фрими во земјава досега не се вклучени систематски во активности за борба против корупцијата. Трите работилници кои ќе следуваат имаат за цел да придонесат кон градење на капацитетот на локалните ГО за нивно активно вклучување во спречувањето на корупцијата во бизнис секторот. Намерата е ГО да стекнат поголемо познавања за корупцијата и пристапите за нејзино спречување и да се утврдат нивните потреби за тие да добијат ефективна улога во справувањето со корупцијата во бизнис секторот. Работилниците исто така ќе бидат можност организациите да се запознаат подетално со проектот, со методологиите и алатките развиени како дел од проектот и со претстојниот повик за мали грантови наменети за оценка на практиките во локалните јавни претпријатија. Работилниците ќе се одржат во следните термини и локации: 5 Јуни 2019, во Велес (ресторан Глориус) 6 Јуни 2019, во Битола (хотел Милениум) 7 Јуни 2019, во Тетово (хотел Лирак) Работилниците започнуваат во 10:00 часот, а за точните локации ќе бидете известени дополнително. Нацрт програмата за работилниците е тука. За учество во работилниците потребно е да испратите пополнета пријава на mmitevski@ccc.org.mk најдоцна до 05...