ПочетнаКатегорија

Вести

41 % ОД ЛИЦАТА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ЧЕСТО ИМА КОРУПЦИЈА               Денес, 30 септември 2024 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави: Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите и со претставниците на државните институции; Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема исти производи или услуги и Базата на податоци за јавните набавки на општините за 2023 година. Клучните наоди од овие истражувања вклучуваат:

Истражување за бројот на ученици во основното и во средното образование

Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10 % Скопје, 2 септември, 2024 година |  Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави истражувањето и базата на податоци за движењето на бројот на ученици во земјава во последните десет учебни години. Податоците покажуваат дека: Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10 %. Бројот на средношколци е намален за 20 %, односно за повеќе од 17 илјади ученици. Во основното образование има 10 илјади помалку ученици. Во основните училишта, најголемо намалување на бројот на ученици од дури 57 % има во Ново Село, а кај средните во Пехчево каде само за десет години има 83 % помалку ученици. Бројот на наставници, пак, во основно образование расте, а во средно има мало намалување. Во базата на податоци се наоѓаат податоците за секоја општина, по години и по одделенија. Целото истражување можете да го симнете на овој линк. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

КУБИК ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ВО БОГОВИЊЕ ПЛАЌААТ ПО 7,5 ДЕНАРИ, А ВО КОЧАНИ ПО 49 ДЕНАРИ Денес, 11 јули 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за цените, потрошувачката и загубата на водата за пиење во земјава. Истражувањето покажа дека:- Најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње, само 7,5 денари за потрошен кубик, а највисока цена плаќаат жителите на Кочани – дури 48,79 денари за кубик, што е за 6,5 пати повеќе.

Ниту едно министерство или општина во земјава немаат високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки Денес, 3 јули 2024 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави рангирањето на Владата, министерствата и општините според 32 индикатори за антикорупциските перформанси во јавните набавки. Институциите се сместени во три зони – црвена, жолта и зелена зависно од освоените поени за начинот на којшто ги спроведуваат јавните набавки. 100 % значи максимална, а 0 % никаква заштита од корупција. 4 министерства и 43 општини се наоѓаат во црвената зона, односно нивните јавни набавки се спроведуваат со ниско ниво на заштита од корупцијата бидејќи имаат освено помалку од 50 %. Ниту една институција не се наоѓа во зелената зона, на висока заштита од корупција, со остварување на антикорупциските перформанси од над 80 %.

Истражување: Процес на доделување Б-интегрирани еколошки дозволи

Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава. Во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021 – 2025) се вели дека овој сектор добива на значење во последните години, поради воведувањето различни еколошки и други дозволи кои деловните субјекти треба да ги имаат за да можат да ги започнат/вршат своите оперативни активности. Истражувањето е поттикнато од ризикот од корупција во текот на процесот, којшто ја наметнува неопходноста од анализирање на постојните практики, детектирање на проблемите и изготвување соодветни препораки со цел зголемување на транспарентноста и интегритетот на овие процедури. Преземете го истражувањето на Македонски јазик. Преземете го истражувањето на Албански јазик. Преземете го истражувањето на Англиски јазик.

ТЕНДЕРОТ ЗА ГЛАСАЊЕТО НА ДИЈАСПОРАТА Е ПОГОЛЕМ ОД ПЕЧАТЕЊЕТО НА ЛИВЧИЊАТА ЗА СИТЕ ГЛАСАЧИ Денес, 10 јуни 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Изборите и јавни набавки. Истражувањето покажа дека: » Државната изборна комисија (ДИК), за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 213.625.656 денари, односно 3.473.588 милиони евра, заклучно со 20 мај 2024 година.

Истражување на набавките на училиштата со парите на родителите на учениците

БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ КОИШТО СЕ ФИНАНСИРААТ СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА Денес, 17 април 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата. Доцнењето на Министерството за образование и наука (МОН) да изготви подзаконски акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки, им овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите.

Скопје, 19 март 2024 година: Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

                Денес, 12 март 2023 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година, како и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници. Клучните наоди од мониторингот и од Индексот на рационалност вклучуваат:

Годишен извештај за компаративна проценка на состојбата во јавните набавки во земјите од Западен Балкан

Ова е седми по ред Извештај за споредбена проценка на состојбите во јавните набавки на земјите од Западен Балкан, изработен од коалицијата на граѓански организации за борба против корупцијата во јавните набавки, Балкан Тендер Воч.

Скопје, 1 март 2024 година: Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија. Во рамките на овој повик 3 новинари од локални медиуми од општините Битола, Кичево и Неготино ќе бидат избрани да работат на истражувачки стории кои треба да бидат насочени кон прашањата поврзани со транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните власти, како и на проблемите предизвикани од корупцијата. Областите за истражување може да бидат - јавните набавки, доделувањето на градежни дозволи, продажбата на градежно земјиште, користењето на спортските објекти, доделувањето средства од буџетот на општините, транспарентност во работењето на локалните институции, работењето на локалните јавни претпријатија итн.

ЗАСТАРЕНИ ГУП-ови, ЧЕСТО МЕНУВАЊЕ ДУП-ови И ГОЛЕМ БРОЈ ДИВОГРАДБИ Денес, 29 февруари 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби кое открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија  формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени. Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди: Наспроти законски предвидениот плански период од 10 години, во дел од општините ГУП-от не е сменет и по повеќе од 20 години. Ненавременото ажурирање и изготвување нови ГУП-ови создава ризик од непланско управување со градежното земјиште и од загрозување на јавниот интерес и квалитетот на животот.

СКОПЈАНИ СО НАЈГОЛЕМИ, А КРУШЕВЧАНИ СО НАЈМАЛИ МОЖНОСТИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВО ЗЕМЈАВА Денес, 5 февруари 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за степенот на здравствена заштита на жителите во 30-те здравствени центри во земјава. Истражувањето покажа дека: » Највисоки можности за здравствена заштита имаат жителите на главниот град Скопје, додека најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево. »  Има огромни разлики во можностите,  односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите на 30-те градови во земјава. »  Подобро стојат големите, а полошо помалите градови. Но, меѓу големите градови најлошо стојат Кичево и Кочани, а меѓу малите градови најдобро стојат Виница и Делчево. »  Покрај Скопје, на врвот на листата се и Битола и Штип, додека на дното, покрај Крушево се и Македонски Брод, Валандово и Крива Паланка.

НА ЗЕМЈАВА Ѝ НЕДОСТИГААТ 52 ТИМОВИ ЗА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ, ЗА ДА СЕ ЗАДОВОЛИ ЗАКОНСКИОТ МИНИМУМ Денес, 25 декември 2023 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за капацитетите на итната медицинска помош во земјава. Истражувањето покажа дека: » Во земјава вкупно недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа.

Денес, 20 декември 2023 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето - Трошки за здруженија на граѓани во општинските буџети. Истражувањето открива дека општините, преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 % од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и кои, во одредени општини, добивале и по еден милион евра годишно. Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:

Истражување за исплатите од буџетската ставка 463: Трансферите до невладини организации во 2022 година

ТРОШКИ ЗА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ ВО ОПШТИНСКИТЕ БУЏЕТИ Целта на ова истражување е да ги мапира карактеристиките на процесот на финансирање на невладините организации од буџетската линија 463, да се утврди нивото на транспарентност и отчетност на општините, да се согледаат проблемите и слабостите во процесот, како и да се дефинираат препораки за подобрување на веќе востановените практики. Водени од идејата дека застапувањето за потранспарентна и поефикасна поддршка на невладините организации од страна на општините ќе биде поефикасно доколку се базира врз детален приказ на актуелната состојба, ја втемеливме оваа анализа врз обработка на податоците за сите средства доделени од страна на единиците на локалната самоуправа за финансирање на невладини организации и за начинот на којшто е спроведен процесот во 8 општини, во секоја општина поединечно (Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Штип и Чаир), чии средства доделени од буџетската ставка 463 изнесуваат третина од вкупно доделените средства од страна на сите ЕЛС во земјата. Ова истражување на Центарот за граѓански комуникации е реализирано во рамките на проектот „Заштита од корупција“,финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Истражувања за влијанието на кризите во 2022 година врз граѓаните и политиките

Целта на овие истражувања беше да се детектираат областите што се најмногу погодени од енергетската и финансиската криза во 2022 година, односно сегментите каде што се направени најголемите кратења на буџетите (трошоците) за да можат да се покријат зголемените трошоци (плаќања) како резултат на кризите. Поконкретно, да се детектира како буџетските трошења на државата и на општините за 2022 год., кои се менуваа под влијание на економската криза (инфлација, стагнација и енергетска криза), се одразуваат врз граѓаните, преку мапирање на сегментите каде што има најголеми слабости и предлагање мерки што треба да овозможат трошењата да бидат во најдобар интерес на граѓаните. Истражувањата можат да се преземат со притискање на сликите или на следните линкови на македонски, албански и англиски јазик: Истражување на последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните (МК) (ALB) (EN) Истражување на последиците од зголемените буџетски трошоци на општините од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните (МК) (ALB) (EN) Проектот „Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и врз граѓаните“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

ЗА ДА ГИ ПОКРИЈАТ ТРОШОЦИТЕ НА КРИЗАТА ВО 2022 ГОДИНА, ВЛАДАТА И ОПШТИНИТЕ СКРАТИЛЕ ОД ГРАЃАНИТЕ НАМЕСТО ПОРАЦИОНАЛНО ДА ГИ ТРОШАТ БУЏЕТСКИТЕ ПАРИ – ОТКАЖАНИ СЕ ВИТАЛНИ ПРОЕКТИ ВРЕДНИ 220 МИЛИОНИ ЕВРА Денес, 31 октомври 2023 година, Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ги објавија Истражувањата за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните, и на национално и на општинско ниво. Клучните наоди од истражувањата вклучуваат:

ОПШТИНИТЕ И УЧИЛИШТАТА ГИ ДОДЕЛУВААТ НА КОРИСТЕЊЕ ОБЈЕКТИТЕ ЗА СПОРТ ВО НЕТРАНСПАРЕНТНИ ПОСТАПКИ Преземете го истражувањето на македонски, албански и англиски јазик со кликнување на соодветната слика: Денес, 13 септември 2023 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето - Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување. Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:

База на податоци на сите тендери на општините и Градот Скопје за 2022 година Денес, 22 август 2023 година, Центарот за граѓански комуникации ја објави Базата на податоци на тендерите на општините во 2022 година според која 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година вкупно склучиле 3.508 договори за јавни набавки во вредност од 7,3  милијарди денари, односно 118 милиони евра. Вредноста на јавните набавки на 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година е намалена за една третина, односно за 65 милиони евра во однос на 2021 година.

За борбата со комарците, општините годинава платиле 770 илјади евра. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Ова значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците. (линк до базата на податоци на сите договори за јавна набавка за комарци). 35 општини со бореле со комарците од земја, односно имале тендери за т.н. терестичко прскање. Други 6 општини, пак, се справувале со комарците од воздух, односно имале тендери за т.н. авионско третирање. 7 општини имале и земјено и воздушно прскање. Вообичаено, најголем договор за уништување на комарците има Град Скопје, кој лани, за двегодишен третман против комарците од воздух и од земја платил половина милион евра. Од другите општини, повеќе пари за уништување на комарците платиле оние кои најмиле услуга за авионско прскање и тоа Велес, Кавадарци, Кочани, Куманово и Штип.

Истражувања и бази на податоци на амбулантни и противпожарни возила и на пожарникари

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години, а само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“. Ова се резултатите од нашите најнови истражувања и бази на податоци на сите амбулантни возила и возила за противпожарна заштита, како и за бројот на пожарникари во сите 34 единици во земјава, објавени денеска. База на податоци за пожарникари и противпожарни возила База на податоци за амбулантни и санитетски возила

Денес, 29 мај 2023 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до декември 2022 година, во кои се вклучени и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки и анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки. Клучните наоди од истражувањето вклучуваат: - Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра).

Целта на овој документ за јавни политики е на едно место да ги сумира клучните ризици од корупција и препораките за нивно надминување, а кои беа утврдени преку мониторинг на јавните набавки на општините и на локалните јавни претпријатија спроведен врз основа на унифицирана методологија од страна на 8 невладини организации во Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Одделните извештаи со клучните ризици од корупција за секоја општина и за локалните јавни претпријатија се веќе објавени и достапни, меѓу другото, и на веб-страницата Центарот за граѓански комуникации https://www.ccc.org.mk/.

Скопје, 2 февруари 2023 година | Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

Денес, 22 декември 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави Извештајот од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција и Документот со препораки за поттикнување на спроведувањето „зелени“ јавни набавки и спречување на корупцијата во процесот. Клучните наоди од истражувањето вклучуваат: * Во земјава речиси да не се спроведуваат „зелени“ набавки иако Законот за јавните набавки тоа го овозможува и поттикнува.

Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки во 8 општини од земјава

Мрежа од девет невладини организации предводена од Центарот за граѓански комуникации направи проценка на ризиците од корупција во јавните набавки во осум општини од земјава: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањата се фокусираа на јавните набавки спроведени од општините и од локалните јавни претпријатија. Истражувањата се спроведени врз основа на унифицирана методологија која се заснова на 18 индикатори и ги опфаќа сите фази во јавните набавки, овозможувајќи да се добие јасна слика за потенцијалните ризици од корупција на ниво на секоја институција. Кои се клучните проблеми и како тие да се надминат прочитајте во извештаите кои се изработени во рамките на пректот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.Извештај Битола | Извештај Кичево | Извештај Куманово | Извештај Неготино | Извештај Струмица | Извештај Тетово | Извештај Чаир | Извештај Штип |

(Скопје, 12.12.2022 год.) На денешната дебата за „зелените“ јавни набавки во земјава, Центарот за граѓански комуникации ги претстави иницијалните наоди од мониторингот на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина и од истражувањето на (не)примената на „зелените“ јавни набавки во земјата и влијанието на корупциските ризици во процесот. Галерија на слики од настанот.

(Скопје, 9 декември 2022 година) На меѓународниот ден за борба против корупцијата, ние, граѓанските организации упатуваме порака дека главен приоритет за нашето општество се демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Политичките ветувања, без сериозна заложба, значат само демагогија која не оди во прилог на подобрување на животот и стандардот на граѓаните. Пропуштеното време не може да се надомести и граѓаните губат верба во државата, поради што се почесто носат одлука својата иднина да ја градат и даноците да ги плаќаат во друга земја.

Објавен е првиот антикорупциски месечник на Платформата на ГО за борба против корупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, чија членка е и Центарот за граѓански комуникации, го објави првиот Антикорупциски месечник за ноември 2022 година како информатор за активностите на членките на Платформата во изминатиот месец. Платформата е активна мрежа на граѓански организации која промовира добро владеење, предводи иницијативи и презема чекори за застапување во насока на охрабрување на граѓаните и поттикнува политичка волја за борба против корупцијата во Република Северна Македонија.

Скопје, 19.10.2022  Претставници на граѓански организации од областа на заштитата на животната средина и борбата против корупцијата разменуваа идеи и сознанија за детектирање на ризиците од корупција во јавните набавки поврзани со заштита на животната средина, како и за поцелосно опфаќање на состојбата со одржливите јавни набавки во земјава.

Јакнење на способноста на општините и локалните јавни претпријатија за спречување на корупцијата

Повеќе од 170 претставници на општините и локалните јавни претпријатија од Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип учествуваа во низата од 8 обуки одржани од мај до октомври оваа година, а кои треба да им помогнат на општинската администрација и на вработените во локалните јавни претпријатија за воведување систем за интегритет, за зголемување на транспарентноста, како и проценка на ризиците од корупција во јавните набавки и нивно намалување. Обуките се дел од проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија.

Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост

Истражувањето спроведено во текот на јуни 2022 година покажа дека 30-те најголеми претпријатија во 2022 година објавиле само 48 % од информациите и од документите што треба да ги објават на своите веб-страници. Произлегува дека во период од две години е остварен минимален пораст на транспарентноста и на отчетноста на претпријатијата од само 7 процентни поени. За споредба, во 2020 година, претпријатијата објавуваа 41 % од релевантните информации и документи, додека во 2018 – само 28 %. На овој начин, транспарентноста на претпријатијата во период од две години е зголемена за само 7 процентни поени, но сè уште се наоѓа на ограничено ниво на транспарентност.

Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција Денес, 21 септември 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември 2021 година, во коj се вклучени и наоди од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки, анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година и истражување на договорните органи за нивните кадровски капацитети за јавни набавки. Воедно, ја објавуваме и Базата на јавните набавки на општините во 2021 година.

Високи ризици од корупција и судир на интереси во набавките за КОВИД-19 и речиси две години по избувнување на кризата Денес, 10 август 2022 година, Центарот за граѓански комуникации го објави Вториот полугодишен извештај за јавните набавки за заштита од КОВИД-19, изработен врз основа на длабинскимониторинг на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година. Мониторингот ги детектираше следниве клучни проблеми и ризици од корупција:

  Денес, 16 март 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму. Истражувањето покажува дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Возила набавиле 42 државни институции. Најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи на Владата, која доскорешните „Пасати“ ги замени со 45 нови „Шкода Суперб Амбишн“. Кога станува збор за конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила, таа и натаму опаѓа односно дури на 83 % од тендерите имало само по една понуда. Повеќе од 40 % од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра.

Анализа на еднаквоста на испорачаните здравствени услуги во различните КОВИД-центри

Целта на истражувањето беше да се испита дали на 1 пациент во различните ковид-центри во земјата му бил овозможен еднаков медицински третман, во смисла на клучни лекови и опрема. Понатаму, целта на истражувањето е наодите да се искористат како појдовна основа за да се извлечат препораки за промена на праксата и креирање политики и стратешки документи при евентуални идни слични кризи.

Документ за јавни политики

Спречување на корупцијата во јавните набавки: Што можат да сторат договорните органи? Овој документ за јавни политики се фокусира врз справувањето со корупцијата и со судирот на интереси во јавните набавки на институционално ниво, односно што и како може и треба да се прави во таа насока.

Зимско одржување на улици и патишта 2021-22

Зимското одржување на улиците и патиштата оваа сезона ќе чини 8 милиони евра Денес, 24 јануари 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на договорите на државните институции со приватни фирми за зимско одржување на улиците и патиштата за сезоната 2021-22. Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците и патиштата во зимски услови за сезоната 2021-2022 година во вредност од половина милијарда денари (8 милиони евра). Како и претходните години, така и оваа, најмногу пари за оваа намена ќе потроши Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - 317 милиони денари, односно  5,2 милиони евра што е 65 % од вредноста на вкупните договори за зимско одржување во земјава. Градот Скопје и уште девет други скопски општини сезонава за зимско чистење на улиците и за сол заедно ќе потрошат околу 1,4 милиони евра. Од другите општини, најмногу пари за зимско одржување планираат да потрошат Прилеп, Куманово и Струга. Прилеп – 195 илјади евра, Куманово 146 илјади евра и Струга 98 илјади евра. Конкуренцијата на тендерите за зимско одржување е исклучително ниска, просечно по 1,7 понуди по тендер, а повеќе од половина од тендерите биле само со една понуда. Од фирмите, според вредноста на договорите, на врвот е Димакс рудници од Демир Хисар со 7 милиони евра за две години или по 3,5 милиони евра на годишно ниво. Вкупната сума на трошоци за зимско одржување ќе биде и поголема ако се има...

Трошоци за новогодишни пакетчиња за 2022 година

Украсувањето на улиците се откажа, но новогодишните пакетчиња останаа Денес, 14 јануари 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците на државните институции за новогодишни пакетчиња за Новата 2022 година. За разлика од украсувањето на улиците кое главно беше откажано, продолжи практиката на институциите за купување новогодишни пакетчиња. За оваа намена се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена. Тендери за купување пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра – колку што изнесува вредносниот праг под кој што не важи Законот за јавните набавки. Најмногу пакетчиња, 3.274 купила Општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена. Блиску е и Општина Прилеп со 3.030 пакетчиња. Најскапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила Општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче. Вкупно најмногу пари за пакетчиња, пак, потрошил Град Скопје – 10.000 евра. Просечната цена која институциите ја платиле за едно новогодишно пакетче изнесува 566 денари. На дури 68 % од тендерите за набавка на новогодишни пакетчиња била добиена само по една понуда. Меѓу фирмите од кои се набавувани новогодишните пакетчиња убедливо води Колид од Колешино од каде се купени една четвртина од пакетчињата. Вкупната вредност на парите потрошени за пакетчиња за Новата 2022 година е малку повисока од онаа што...

Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите Денес, 27 декември 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат: - Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 % од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција. - Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите. - Постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата. - На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда. - Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26 %. - Во првото полугодие од 2021 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра. - Овие слабости се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво. Годишната програма на Центарот за граѓански комуникации е поддржана од програмата Цивика Мобилитас, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).

Извештај во сенка за јавните набавки во Северна Македонија 2021

Редовен годишен извештај во сенка за состојбите во јавните набавки во Северна Македонија кој дава осврт на позначајните аспекти и пробеми при спроведувањето на набавките, како и препораки за унапредување.

Проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ којшто  ЦГК го реализираше во изминатите две години, 1 октомври 2019 - 30 септември 2021 година, со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, ги опфати следните активности и резултати: - Лоцирани се ризиците од корупција во сите фази од јавните набавки, за што длабински  беа анализирани 167 тендери и беа вкрстени податоци од вкупно 3.342 договори за јавни набавки, спроведени од 37 претпријатија основани од Владата, од Градот Скопје и од општините Гостивар, Кавадарци и Струга. - За секое од овие претпријатија беше направен индивидуален скрининг за начинот на којшто ги спроведува јавните набавки. - Беа изработени „индикатори за мерење на ризиците од корупција“ и „предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки“, кои беа предмет на дискусија со 130 претставници на претпријатијата и нивните основачи. - Дел од дадените предлози Владата ги вклучи во Планот за борба против корупцијата – Акција 21. Станува збор за воведување процедури за спроведување јавни набавки, донесување планови за интегритет или програми за антикорупција, преземање мерки за стимулирање на конкуренцијата, зголемување на отчетноста во однос на јавните набавки итн. - Следеше едукативна програма за зајакнување на вештините за спроведување на тендерите, во која беа вклучени 46 лица кои спроведуваат јавни набавки во вклучените претпријатија и општините. - Дополнително, 30 лица беа обучени за изработка на планови за интегритет во јавните набавки, а дел од претпријатијата искористија менторска помош за изработка на своите планови за интегритет. - Преку обработка на податоци од вкупно 5.018 договори за јавни набавки на вклучените претпријатија во...

РАСТЕ ОТФРЛАЊЕТО НА ПОНУДИТЕ НА ФИРМИТЕ НА ТЕНДЕРИТЕ; СЕКОЈ ТРЕТ ТЕНДЕР СЕ ПОНИШТУВА Денес, 28 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Од мониторингот на јавните набавки: » Поништувањата на тендерите стигнаа до 33 %, што е највисоко ниво во последните неколку години. Најмногу поради немање понуди или поради неприфатливи понуди. » Во пораст е отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка. » Контролирани се само 1 % од тендерите во земјава и во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности. » Конкуренцијата кај локалните тендери останува значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално ниво. » Во жалбената постапка се намалува уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби. Од овогодишната анкета на фирмите: » Проблем број еден во јавните набавки за 77 % од фирмите е ’најниската цена‘ како критериум за избор на најповолната понуда. » Дека фирмите се договараат на тендерите сметаат 60 % од испитаните фирми. » 47 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки. » 47 % од фирмите не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки. » Фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани. » Доминантни 60 %...

И ВО КРИЗНАТА 2020 ГОДИНА, ОПШТИНИТЕ ПОТРОШИЛЕ НА ТЕНДЕРИ РЕЧИСИ ИСТО КОЛКУ И ВО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА Денес, 22 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која 80-те општини и Градот Скопје склучиле 3 454 договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари, односно 129 милиони евра, скоро исто колку и претходната 2019 година. Пораст на вредноста на набавките има кај Градот Скопје и 20 општини, додека намалување е евидентирано кај 61 општина. Најголем вредносен скок во однос на претходната година има кај Градот Скопје, од 10,3 милиони евра, Општина Гостивар од 5 милиони евра и Аеродром од 2,7 милиони евра. Најголеми падови во вредноста на набавките има кај Општина Липково за 2,8 милиони евра, Тетово за 2,4 милиони евра и Штип и Прилеп по околу два милиони евра.

Предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки и за унапредување на начинот на нивно спроведување

Предлозите се изготвени по длабинското истражување на ризиците од корупција, систематизирани во истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на  претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“, како и по индивидуалните скрининзи на 37-те претпријатија основани од Владата, од Градот Скопје и од општините Гостивар, Кавадарци и Струга, во коешто е даден приказ на клучните параметри што го отсликуваат начинот на којшто овие претпријатија ги спроведуваат јавните набавки, како и нивните кадровски капацитети и внатрешни политики. Слабостите констатирани низ сите претходно спроведени истражувања и анализи ја потврдија потребата од засилување на интегритетот и од намалување на ризиците од корупција во јавните претпријатија и во акционерските друштва. Овие предлози се изготвени во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, во периодот 2019 – 2021 година, чија крајна цел е воспоставување одржливи механизми за подобрување на начинот на спроведувањето на јавните набавки и за засилување на интегритетот во процесот на трошењето на јавните пари преку тендерите во претпријатијата основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга.Дел од предлог-препораките содржани во овој документ Центарот за граѓански комуникации ги достави и до Владата на Република Северна Македонија во текот на февруари 2021 година, во процесот на изготвување на Акцискиот план на Владата за борба против корупцијата. Propozime për uljen e korrupsionit në prokurimet publike dhe avancimi i mënyrës së zbatimit të tyre

База на податоци на сите ревизии на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во периодот 2010 – 2019 година

Во последните десет години (од 2010 до 2019 година) Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил вкупно 699 ревизии. Најмногу во 2014 година, дури 98, а најмалку во 2012 година, 50 ревизии. Базата на податоци на сите извршени ревизии од страна на Државниот завод за ревизија од 2010 до 2019 година е изработена во отворен формат за да ја олесни натамошната употреба на извештаите во насока на засилување на јавниот притисок за законито и наменско користење на јавните пари.

Денес, 13 април 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на доделени концесии за минерални суровини за 2019 година. Концесија за користење минерални суровини имаат добиено вкупно 264 фирми. Издадени се вкупно 358 вакви концесии, а површината на земјата која е опфатена со овие концесии е 349 километри квадратни, што е 1,4 % од вкупната територија на државата.

РАСТЕ ПРИМЕНАТА НА НЕТРАНСПАРЕНТНАТА ПОСТАПКА СО ПРЕГОВАРАЊЕ БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ ОГЛАС Денес, 23 март 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2020 година. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат: - Институциите не се консултираат со бизнис-секторот во насока на подобрување на тендерските документации, а со тоа и на самиот процес на јавните набавки. Во мониторираниот период, спроведен е технички дијалог само за 1,4 % од тендерите, а и во овој симболичен процес на консултации се забележуваат пропусти. - Во мониторираниот период, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 11 милиони евра, што е за 15 % повеќе од истиот период претходната година. - На секој трет тендер е доставенa една или ниту една понуда. Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2020 година упатува на минимално подобрување во однос на истиот период во 2019 година, но влошување во однос на целата 2019 година. - ’Најниската цена‘ е користена како критериум за избор на најповолна понуда во 96 % од спроведените тендери, со што е задржан неповолниот тренд од претходната година. Оправдан е сомнежот дека со толку големата примена на критериумот ’најниска цена‘ се доведуваат во прашање начелата на економичност, ефикасност и ефективност на јавните средства. - Електронската аукција е користена во дури 92 % од тендерите, со што се овозможува и натаму да бидат широко распространети манипулациите што таа ги генерира во јавните набавки. - Иако проценетата вредност на тендерите не се објавува јавно, сепак некои понудувачи...

Денес, 8 март 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година. Сите општини заедно, просечно годишно наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра за данок на имот од граѓаните и од фирмите. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент. Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од граѓаните, 70 %, додека од правните лица, односно од фирмите се прибираат останатите 30 %. И успешноста во наплатата е поголема кај граѓаните и изнесува 85 %, а кај фирмите се наплатува по 78 % од пресметаниот данок. Во анализираните три години, односно 2017, 2018 и 2019 година постои зголемување на износот на наплатен данок на имот. Сепак, за разлика од 2018 година кога порастот во однос на претходната година бил 12,5 %, во следната 2019 порастот бил само 2,5 %. Најголеми приходи од данок на имот има скопската Општина Центар, по околу 2,3 милиони евра годишно, а најмали, односно беа приходи по оваа основа е Општина Арачиново која не ни наплатува ваков данок, бидејќи нема база на податоци на даночни обврзници, ниту има формирано даночно одделение, поради што и не издава даночни решенија. Само десетте градски скопски општини прибираат половина од цел данок на имот што се прибира на ниво на држава. Најуспешни во наплатата на овој данок се Росоман и Ресен, најмалку успешни, Студеничани и Маврово и Ростуше. По региони, највисок процент на наплата на...

Денес, 18 февруари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за зимско одржување на патиштата за сезоната 2020/21. За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра. Тендери за оваа намена имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонијапат. Само ова претпријатие има склучено договори за јавни набавки за зимско одржување оваа сезона во вредност од 5,7 милиони евра што е две третини од сите пари што ќе се потрошат за оваа намена. Градот Скопје сам зимскава сезона планира да потроши 700 илјади евра за чистење на снегот и прскање на улиците, додека заедно со уште осум други скопски градски општини ќе бидат потрошени околу 1,4 милиони евра за зимско одржување на улиците. Од другите општини од земјава, најголема вредност за ова ќе потрошат Битола, Прилеп и Куманово. Најголем поединечен тендер има склучено Македонијапат со Димакс рудници Сопотница, од речиси седум милиони евра за двогодишно снабдување со сол за патиштата. Набавени се 59.555 тони индустриска сол, по цена од 116 евра по тон, за двегодишно прскање на патиштата. Покрај оваа фирма, која вкупно има 4 тендери во вредност од 7,5 милиони евра, меѓу фирмите со највредни договори се и Ган-Логистик од Тетово со 1,2 милиони евра и скопски Аполо Инженеринг со 1 милион евра.

Денес, 28 јануари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата. За украсување на Градот Скопје и уште 15 други општини во земјава за Новата 2021 година се потрошени вкупно 405 илјади евра, што е сепак за 40 % помалку од лани. Од украсување за новата 2021 година се откажале девет општини кои имале тендери за претходната година. 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава, а 3 општини и едно државно претпријатие немале лани, но имале тендери за новата 2021 година. За разлика од дочекот на ланската година кога тендери за украсување имале Градот Скопје и седум скопски општини, за дочекот на оваа година тендери имале Градот Скопје и уште три други скопски општини: Карпош, Гази Баба, Аеродром, но и Градскиот трговски центар. Украсувањето на Скопје и скопските општини вкупно чинело 298 илјади евра, што е три четвртини од сите пари потрошени за новогодишно украсување во земјава. И годинава, најголем дел од вредноста на договорите за украсување добиле две скопски фирми - Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел, а на половина од тендерите имало само по една понуда. Новогодишни пакетчиња за 2021 година купиле 56 институции. 14 од нив спровеле тендер, а другите 42 купиле пакетчиња во вредност под илјада евра за што не се спроведува тендер. Цените на едно новогодишно пакетче се движат од 150 до 1.249 денари.

Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори 2015-2019 година Денеска (15.01.2021) Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави анализата Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија 2015-2019 година и базата на податоци која овозможува преземање на завршните сметки на претпријатијата. Дел од наодите од анализата се: 30 најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа, за периодот 2019 – 2015 година, остварените вкупни приходи ги зголемиле за само 2 %. Просечната стапка на профитабилност за анализираните 5 години изнесува скромни 6 %, а за 2019 година профитабилноста покажува извесно подобрување (6,5 %). Средствата што ги поседуваат овие претпријатија со ваков профит би ги обновиле за 38 години, а вложениот и заработен капитал би го вратиле за 32 години. Во приватниот сектор времето на поврат на вложениот капитал се позиционира вообичаено на 10 години. Наплатата на побарувањата на анализираните компании претставува слаба алка на работењето и изнесува 253 дена за 5-те години, односно 205 дена за 2019 година. Обврските ги плаќаат во уште подолги рокови, за 484 дена просечно, односно 365 дена за 2019 година. Вообичаено во бизнисот, компаниите што плаќаат со олку долги рокови се избегнуваат или им се даваат значително повисоки цени од пазарните. Вкупните долгови на анализираните претпријатија се малку повисоки од нивниот капитал и резерви, додека степенот на самофинансирање е во зоната на безбедност (88 % во просек за 5 години, односно 91 % за 2019 година). Анализираните претпријатија успеваат да работат позитивно, покривајќи ги вкупните расходи во целост и остварувајќи вишок на приходи од 4 % (за 2019...

Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно Денес, 13 јануари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на месечните паушали што им се исплаќаат на општинските советници и претседателите на советите на општините. Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1319-те советници и претседатели на совети изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра. Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат 30 % повисок паушал од советниците. Услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница. Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24 илјади денари добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот. Од другите општини, највисоко платени се советниците во Кичево кои земаат 19 илјади денари месечно, а најмалку платени се советниците во Вевчани кои земаат малку помалку од 5 илјади денари месечно. Само 12 општини исплатуваат понизок месечен надомест од законскиот максимум, а 15 општини одат дури и над тој лимит. Најмногу седници годишно одржува Град Скопје, лани дури 27, а најмалку 6 одржале во Центар Жупа. Просечно, општинските совети одржувале по 15 седници годишно.

Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост 2020

Стандардите врз основа на кои е направена оценката на транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во државна сопственост се утврдени преку анализа на релевантната законска регулатива и на меѓународните стандарди. Оттука, доминантен дел од избраните стандарди се законски обврзувачки за претпријатијата, а помал дел се стандарди што се сметаат за добра практика. Предмет на оценка и рангирање се 30 најголеми претпријатија во државна сопственост чии приходи во 2019 година изнесуваа 732 милиони евра. На крајот од 2019 година во овие анализираните претпријатија работеле вкупно 22.140 работници.

Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?

Центарот за граѓански комуникации започна да спроведува ад хок мониторинг на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот уште од почетокот на кризата во март 2020 година, објавувајќи редовни извештаи со наоди и препораки. По трите извештаи од ад-хок мониторингот на јавните набавки поврзани со КОВИД-19 и сумарниот извештај од мониторингот, во ноември 2020 година е изработен овој документ за јавни политики насловен како: насловен како: „Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?“ кој ги опфаќа набавките поврзани со КОВИД-19, владините политики во врска со овие набавки, како и препораки за мерки што треба да се преземат во иднина како резултат на случувањата во кризната 2020 година.

Денес, 6 октомври 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“. (Истражувањето на албански јазик е достапно овде). Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле договори за јавни набавки во вредност од 247 милиони евра, што е 27 % од вкупните јавни набавки на земјата. Клучни наоди од анализата: Констатирани се ризици од корупција кои се манифестираат преку чести и значајни измени на плановите за јавни набавки, како и преку ниската реализација на плановите. Кај 16 од 37 претпријатија, реализацијата на плановите за јавни набавки е пониска од 50 %. Највиско ниво на реализација на планот имало АД МИА со 96 %, а најниско АД Водостопанство од само 1 %. Концентрацијата на една фирма во јавните набавки на одредена институција, како еден од најрелевантните индикатори за постоење на ризик од корупција, е проблем којшто е евидентиран кај голем дел од анализираните претпријатија и акционерски друштва. Кај речиси една третина од нив, концентрацијата на набавките кај една фирма е поголема од 40 %. Според вредноста на договорите најголем удел на една фирма има кај АД Електрани, а според процентуално учество во АД Водостопанство. Третина од таргетираните претпријатија ја применувале нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Високи удели на овие набавки во вкупната вредност на набавките се евидентирани...

Денеска, 30 септември 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на договорите за јавни набавки поврзани со коронавирусот преку итната постапка со преговарање без објавување оглас. Главните наоди од истражувањето покажуваат дека: ▪          6,7 милиони евра е вредноста на договорите за итни јавни набавки за заштита од коронавирусот склучени во првите шест месеци од кризата. ▪          Една третина од вредноста на овие договори отпаѓа на Министерство за внатрешни работи-МВР, кое со 2,2 милиони евра води според износот на склучените договори. ▪          43 % од вредноста на сите тендери им припаднала само на пет фирми, иако вкупно 186 фирми добиле тендер поврзан со коронавирусот. ▪          За 68 % од склучените договори институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето. ▪          На секој трет склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач. ▪          Постојат значајни разлики во цените на набавените маски, скафандери и ракавици. ▪          Дел од договорите не содржат прецизен опис на производите што се набавуваат, што остава простор за злоупотреби при реализација на договорите. Ова истражување се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. За повеќе информации за работата на Центарот за граѓански комуникации, посетете ја нашата веб-страница: http://www.ccc.org.mk/ и http://www.opendata.mk/.

Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната Денеска, 23 септември 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени вработувања и ангажирање на договор на дело. Истражувањето покажува дека од 2017 до 2020 година, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за 3 проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за 2 проценти (односно за 154 луѓе). Најголем скок на бројот на нововработени има во полицијата (за 570 луѓе), а најголем пад во одбраната (168 помалку). Кај општините, пак, најголемо зголемување на вработените има во Бутел (за 122 луѓе), а најголемо намалување во Карпош (за 124 луѓе). Министерствата и Владата бележат зголемување на вработувањата по сите основи. Сепак, бројот на привремено вработени луѓе во министерствата и Владата скокнал дури за 337 проценти за последните три години, односно од 62 на 271. Кај општините, пак, има зголемување на редовните и привремените вработувања, но намалување на бројот на ангажирани луѓе на договор на дело за 31 процент, односно од 620 на 428 луѓе. Инаку, од министерствата, најмногу вработени и ангажирани, односно 12.263 луѓе има во МВР, а од општините најмногу луѓе – 747 работат во Град Скопје.

Денес, 2 септември 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на набавените нови патнички возила од државните институции во 2018, 2019 и 2020 година. Истражувањето открива дека во последните две и пол години државните институции набавиле вкупно 392 нови патнички возила за што потрошиле 8,1 милиони евра. Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „Пасати“ по 39 илјади евра секој. Сепак, најскапото возило го купило Општина Струга и чинело 66 илјади евра. Средната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра. Меѓу марките возила убедливо водат „Шкода“ и „Фолксваген“ од кои се купени 100, односно 88 нови возила, односно скоро половина од сите новонабавени возила се од овие две марки. Кај „Фолксваген“ води моделот „Пасат“ со 53 возила, додека половина од набавените возила од марката „Шкода“ се од моделот “Октавија“. Од фирмите, најголема вредност на договорите имаат „Порше лизинг“ со 3 милиони евра, кумановската „Делукс-ауто“ со 1,2 милиони евра, „Еуроимпекс“ со 890 илјади евра и битолската „Јосифов“ со 720 илјади евра. Конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила речиси и да не постоела. Дури на 71% од тендерите имало само по една понуда и покрај големиот број дистрибутери на нови возила во земјава. Ова го отвора сомнежот дека државните институции доминантно си купувале такво возило какво што сакале. Ова истражување се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД...

НАЈНИСКАТА ЦЕНА И НАТАМУ ПРОБЛЕМ БРОЈ 1 ЗА ФИРМИТЕ; 48 % СМЕТААТ ДЕКА ИМА КОРУПЦИЈА ВО НАБАВКИТЕ Денес, 5 август 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат: -Честите поништувања на тендерите, причините за поништувањето и големината на тендерите за кои се носат вакви одлуки ја отвораат дилемата дали со поништувањата се прикриваат слабостите во спроведувањето на постапките за јавни набавки или, пак, манипулациите. -Транспарентноста на јавните набавки не е на предвиденото ниво во согласност со новиот Закон за јавните набавки. Во повеќе од четвртина од мониторираните постапки на централно ниво (27,5 %), евидентирано е непочитување на законската обврска за известување во однос на спроведените тендери. -Најниската цена е користена како критериум за избор на најповолна понуда во 97 % од тендерите, а електронската аукција е применета во дури 94 % од тендерите. Ваквото постапување на институциите не е во согласност со актуелните европски трендови, ниту, пак, соодветствува на барањата на бизнис-заедницата. -Во 2019 година, во директни преговори и без објавување оглас, склучени се 368 договори, во вкупна вредност од 40 милиони евра. Во однос на претходната година намален е бројот на договори, но вредноста е зголемена за 21 %. -За дури три четвртини од фирмите ‘најниската цена’ како критериум за избор е најчест проблем со којшто се соочуваат во јавните набавки. Задоцнетото плаќање повторно избива како голем проблем за фирмите, кои просечно чекаат...

ОПШТИНСКИТЕ ТЕНДЕРИ ВО 2019 ГОДИНА СКОКНАА ЗА ЕДНА ТРЕТИНА Денес, 23 јуни 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2019 година според која 80-те општини и Градот Скопје склучиле 3 686 договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари, односно 130 милиони евра. Споредено со претходната година, вредноста на јавните набавки во 2019 година бележи пораст од 33 милиони евра односно 33,8 %. Скок во вредноста на тендерите има кај Градот Скопје и 58  општини, додека намалување има кај 22 општини. Најголем вредносен пораст има кај Градот Скопје (7 милиони евра), Тетово (3,7 милиони евра) и Битола (2,8 милиони евра). Најголеми падови во апсолутни износи има кај Гази Баба, Куманово и Струга. Во релативна смисла, најголеми скокови и падови во вредноста на тендерите во 2019 година се забележани кај помалите општини и тоа скокови кај Ранковце (+409 %), Кривогаштани (+377 %) и Македонски Брод (+366 %), а падови кај Арачиново (-96 %), Сопиште (-92 %) и Пласница (-80 %). Лидерската позиција според вредноста на тендерите на локално ниво Градот Скопје ја зацврсти со тоа што лани склучи 247 договори во вредност од околу 21 милион евра што е за 47 % повеќе од претходната година. За разлика од Градот Скопје, кај скопските општини има доминантно негативен тренд. Раст има само кај општините Аеродром, Сарај и Шуто Оризари, додека кај останатите седум скопски општини вредноста на договорите за јавни набавки е намалена и тоа од 5,6 % во Ѓорче Петров до...

Извештај бр.3 од мониторингот на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот

Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда. Главните наоди за овој мониторинг период вклучуваат: - Вредноста на договорите за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот надмина 3,2 милиони евра и досега се склучени 142 договори. - Дури 71 % од вредноста на склучените договори отпаѓа само на пет фирми. - Во отсуство на упатство или стандардни обрасци за набавка, продолжуваат значајните разлики во цените. Во овој период, најголеми разлики се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари за парче. - За повеќе од половина од склучените договори (59 %), институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето. - Во секој втор склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач. - Сѐ уште нема информации за исходот од владините огласи за интервентни набавки на маски и ракавици. За поцелосен увид на јавноста во набавките поврзани со КОВИД-19, брифовите се проследени и со објавување преглед на договорите и одлуките за избор во отворен формат на веб-платформата на Центарот за граѓански комуникации, www.opendata.mk. --------------------------------------------------------- Линкови до првиот извештај објавен на 06.04.2020 година: Бриф број 1 и до базата на податоци на 06.04.2020 година: База на договори и одлуки за избор до 06.06.2020 Линкови до вториот извештај...

Бриф бр. 2 за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот COVID-19 (22.04.2020)

Ова е втор бриф на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда. Истовремено со избивањето и раширувањето на кризата со коронавирусот, се наметна и потребата од итни набавки на стоки, услуги и работи за заштита и превенција на ширењето на заразата од овој вирус. Поради ова, јавните набавки на овие средства, наместо по редовните, се спроведуваат по скратени и забрзани процедури, имајќи ја предвид итноста во обезбедување на потребните средства за заштита и лекување. Брзањето и фокусот врз другите работи, како здравјето и животите на луѓето, ги зголемуваат и ризиците од случајни и намерни грешки и злоупотреби и на двете страни – и кај тие што набавуваат, и кај тие што продаваат. Поради ова, сè побројни се повиците од домашните и од меѓународните институции за зголемена транспарентност, отчетност и одговорност на властите при итните набавки поврзани со коронавирусот, како и за зголемен мониторинг и контрола од страна на државните органи и граѓанскиот сектор. Ова особено се однесува на земјите како нашата, која има и онака ограничени ресурси и е важно секој денар јавни пари да биде потрошен целосно наменски, целисходно и рационално. Оттука, Центарот за граѓански комуникации, којшто повеќе од една деценија ги следи јавните набавки во земјава, започна со мониторинг и на итните набавки поврзани со коронавирусот за навремено да детектира одредени слабости во процесот и да даде придонес кон нивно надминување, а со цел заштита на јавните пари...

Бриф за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот COVID-19

Овој бриф се однесува на итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на склучените договори и на одлуките за избор на најповолна понуда. Состојбата со новиот корона вирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава наметнуваат потреба од итни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од овој вирус. Овие набавки, во согласност со Законот за јавни набавки, се спроведуваат со директно преговарање со фирмите, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас, за што на институциите не им е потребно ни претходно мислење од Бирото за јавни набавки. Центарот за граѓански комуникации ги следи итните набавки поврзани со новиот коронавирус за навремено да детектира одредени слабости во процесот и да даде придонес кон нивно надминување, а со цел рационално искористување на ограничените јавни ресурси во земјава. Овој бриф е прв од планираната серија извештаи кои ќе се објавуваат периодично. Брифот и базите на податоци во отворен формат можете да ги најдете на следниот линк: http://www.opendata.mk/Home/TekstualniDetails/92?Category=2

Имајќи ја предвид новонастаната состојба со новиот коронавирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава, се укажува потреба од серија непланирани јавни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од новиот коронавирус Covid-19. Со оглед на сериозноста на ситуацијата и прогласената вонредна состојба во земјата, а согласно членот 55 став (1) г од Законот за јавните набавки (Сл. весник на РМ 24/19), овие набавки се спроведуваат според постапката со преговарање без објавување оглас. Исто така, иако за набавките што се спроведуваат со постапката со преговарање без објавување оглас треба да се добие претходно мислење од Бирото за јавни набавки, овие набавки можат да се спроведуваат директно, без претходно обезбедено такво мислење од Бирото за јавни набавки. Поради сево ова, а имајќи предвид дека постапката со преговарање без оглас и онака е најмалку транспарентна постапка, а во тие рамки итните набавки со себе носат уште поголем ризик од корупција поради брзината со која се спроведуваат и фокусот на јавноста на други прашања, уште повеќе се наметнува потребата од засилен мониторинг на спроведувањето на овие набавки. Ова уште повеќе поради и онака ограничените ресурси во земјава, како и потребата секој денар јавни пари да биде искористен на најрационален можен начин. Поради сево ова Центарот за граѓански комуникации спроведува вонреден „мониторинг и истражување на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот“ бидејќи особено е важно во вакви услови секој денар јавни пари да биде наменски и рационално поврзан, а во услови на брзање и криза се зголемува ризикот од можни грешки...

ИМАМЕ 536 ПОЖАРНИКАРИ ПОМАЛКУ ОД ЗАКОНСКИ ПОТРЕБНИТЕ Денеска, 17 февруари 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци за бројот на пожарникари и за возилата на сите 30 територијални противпожарни единици во земјава заклучно со 31 декември 2019 година. Истражувањето открива дека на 30-те територијални противпожарни единици во земјава им недостигаат 536 пожарникари за да имаат барем толку вработени колку што е законски пропишаниот минимум. Само четири од 30 единици имаат повеќе пожарникари од законскиот минимум (и тоа само по еден или двајца), додека шест единици имаат колку минимумот. Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на Скопје. Следуваат Тетово, каде недостигаат 65 пожарникари и Гостивар со 52 пожарникари помалку од законски предвидените. Во Куманово недостигаат 49 пожарникари, во Битола има кусок од 32, а во соседен Прилеп од 26 пожарникари. Кога станува збор за возилата, противпожарните единици располагаат вкупно со 241 возило, каде спаѓаат не само возилата за гасење пожар и цистерните за вода, туку и сите други возила на противпожарните екипи. Просечната старост на возилата е 28 години и 68 % од нив се од минатиот век. За споредба, според истражувањето од пред точно една година, бројот на возила изнесуваше 220, просечно стари 27 години. Исто така, последното истражување на возилата на министерствата и општините покажа дека нивната старост, пак, е 12,5 години.

Во Брифот за медиумите е даден краток осврт на јавните набавки во Северна Македонија во 2019 година, како и осврт и споредба со набавките на земјите од регионот на Западниот Балкан.

Денеска, 15 јануари 2020 година, Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци за сите тендери на локалните власти за новогодишно украсување за дочекот на 2020 година. Базата на податоци открива дека Новата 2020 година украсено ја дочекаа Градот Скопје и 20 општини и за тоа се потрошени 675 илјади евра. Споредено со претходната година намален е бројот на општини што се украсени, но е зголемена вредноста на тендерите. Дури 91 % од парите за украсување на улиците и плоштадите за дочекот на Новата 2020 година завршуваат кај две скопски фирми, Линк Медиа Плус и Метал-Ват-Ел.

СТАРИТЕ НАВКИ – ПОСИЛНИ ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ Денес, 30 декември 2019 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2019 година, каде се констатирани следниве клучни наоди: -Старите навики се посилни од новиот Закон за јавните набавки. ’Најниската ценаʻ и електронската аукција остануваат неприкосновени и во првите месеци од примената на Законот. -Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2019 година е влошена во однос на претходните две години. Просечниот број понуди на мониторираниот примерок изнесува само 2,74, а во дури 35 % од мониторираните тендери е добиена само една понуда. -Институциите најчесто не ја наведуваат проценетата вредност на тендерот во огласите за јавни набавки, што е во согласност со новините на Законот. Но, постојат многу  случаи во кои понудените цени се симптоматично блиску до проценетата вредност, која понудувачите инаку не можеле да ја видат во тендерската документација. -Секој четврти тендер (25,8 %) е целосно или делумно поништен. Покрај вообичаените законски основи за поништување, додадена е и можноста тендерот да се поништи според инструкција од Бирото за јавни набавки, а по спроведена управна контрола. -Во првото полугодие од 2019 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас, склучени се договори во вредност од 9,6 милиони евра, што е за 11 % помалку од истиот период лани.

По критиките што доаѓаа од сите засегнати страни – стариот и нефункционален Закон за јавните набавки, што се применуваше од 2008 година и којшто многупати беше менуван и дополнуван – конечно беше заменет со целосно нов Закон, којшто беше донесен во јануари 2019 година, а почна да се применува од 1 април 2019 година. Со новиот Закон за јавните набавки, освен хармонизацијата со Директивата на ЕУ за јавните набавки од 2014 година, се направи обид и за „поправање“ на низата проблеми во системот на јавни набавки на Северна Македонија. Главно, се сменија двата проблеми кои беа посочувани од сите вклучени страни како најголеми во стариот закон, а тоа се најниската цена како единствен критериум за доделување на тендерите и задолжителната електронска аукција. Покрај најниската цена, се воведоа и други елементи за избор, а е-аукцијата стана опционална, со идеја да се користи онаму каде што има стандарден и воедначен квалитет и е логично изборот да се прави врз основа на цената. Со новиот Закон се воведе и т.н. управна контрола што ја спроведува Бирото за јавни набавки, и тоа задолжително на тендерите над 500.000 евра за стоки и услуги и на оние над 2.000.000 евра за работи; врз основа на проценка на ризици и по случаен избор на тендери. Генерално, со новиот Закон се либерализираа јавните набавки и се воведоа нови можности за договорните органи да го набават тоа што навистина им треба, добивајќи притоа најдобра вредност за потрошените пари. И со Законот, но и претходно, се воведоа низа мерки за зголемување на транспарентноста во...

Документ за јавни политики

Честото поништување на тендерите како еден од најголемите проблеми во јавните набавки Честото поништување на тендерите е еден од најголемите и најдолготрајните проблеми во системот на јавни набавки во земјава. Фактот дека се поништува секој четврти тендер ја става земјата на светскиот врв по уште еден, неславен, феномен во јавните набавки. Проблемот со масовното поништување на тендерите не стивна со ниту една од неколкуте преземени мерки, и во минатото и сега – со новиот Закон за јавните набавки, каде што се намалија законските основи за поништување на еден тендер. Ова покажува дека институциите многу лесно и секојдневно посегнуваат по поништување на тендерите кога нешто нема да излезе како што тие сакаат, бидејќи од анализите не може да се сфати дека при поништувањето биле водени од идејата да го бранат јавниот интерес во постапките за јавни набавки. Поништувањето на тендерите ги одложува набавките на потребните стоки, работи и услуги; создава дополнителни трошоци за повторување на постапката; ја зголемува економската и правната неизвесност кај фирмите и ја поткопува довербата во јавните набавки поради верувањето дека тендерот се поништува бидејќи не може да се намести.

Документ за јавни политики

Транспарентноста не е доволна за подобрување на состојбата во јавните набавки Објавувањето повеќе информации и документи во врска со тендерите во последните неколку години придонесе кон зголемена транспарентност на системот на јавни набавки во земјава, но овој тренд не беше проследен и со унапредување на интегритетот и отчетноста на институциите при спроведување на тендеритe. Оттука, неопходно е на спроведувањето на јавните набавки во земјава да му се посвети многу поголемо од сегашното внимание; суштински да се унапредат капацитетите на оние што ги спроведуваат тендерите; да му се овозможи на Бирото за јавни набавки (БЈН) да ги врши зголемените надлежности, особено во поглед на контролата при спроведувањето на тендерите и да се продолжи со трендот на преземање мерки за натамошно унапредување на транспарентноста и отвореноста на јавните набавки, со истовремен фокус врз подобрувањe.

Бриф за јавни политики:

Користење на обемни бази на податоци како алатки во борбата против копрупцијата Овој документ за јавни политики го претставува концептот на користење на обемните бази на податоци во антикорупцијата, начинот на негова примена, добрите страни и предизвиците, со посебен осврт на состојбата во Република Северна Македонија, почетните чекори, примената, како и препораки за забрзување на користењето на  оваа алатка во борбата против корупцијата.

Сите општински тендери за 2018 година: Град Скопје троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно Денес, 26 септември 2019 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2018 година чија вредност изнесува 97 милиони евра што е 17 милиони евра, односно за 21% повеќе од 2017 година. Базата содржи податоци за сите 3898 договори за јавни набавки што локалните власти ги склучиле со 1331 фирма. На врвот според договорите за јавни набавки останува Град Скопје со 14 милиони евра, но и со огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42%, односно за 4,2 милиони евра. Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето на второто место, додека Аеродром ја загуби позицијата во првата тројка и на негово место годинава се искачи Струмица со набавки во вредност од 4,1 милион евра. Град Скопје, како најголема единица на локалната самоуправа троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно, а 11-те единици на локална самоуправа со најголема вредност на набавките заедно трошат половина од парите, односно колку преостанатите 70 општини. Фабрика Карпош од Скопје му го презеде приматот на Пуцко Петрол според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година. Во топ-трите фирми влезе и Пелагонија од Гостивар, а Бауер БГ го сочува местото во врвот кое го има со години наназад. И во 2018 година има висока концентрација на мал број фирми во набавките на општините. Така, првите 10 фирми со најголема вредност на договорите за јавни...

  Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија објавуваат јавен повик за доделување грантови за граѓански организации. Целта е да се даде придонес кон намалување на корупцијата во бизнис-секторот во земјава, преку заедничко делување на сите релевантни чинители од јавниот сектор, приватниот сектор и од граѓанското општество. Предвидено е да се доделат шест (6) грантови во износ од 6.000 до 8.000 евра (во денарска противвредност од 368.000 до 490.000 денари) во времетраење  од 12 месеци. Целосните апликации со придружните документи треба да се испратат единствено во електронска форма на center@ccc.org.mk (со назнака во Subject: Повик за доделување грантови - Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот) најдоцна до 15 октомври 2019 година. Проектната документација и деталните упатства за аплицирање можат да се преземат на следните линкови: Отворен повик за доделување грантови Прилог 1: Образец за пријавување Прилог 2: Образец за буџет

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Партизирани раководни структури во државните претпријатија Денеска (11.09.2019) Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето Право или политика: Изборот на членови на управните и надзорните одбори во државните претпријатија. Истражувањето е проследено со отворена база на податоци за членовите на управните и на надзорните одбори на 30 најголеми претпријатија во земјата. Дел од наодите од истражувањето се: Владата и единиците на локалната самоуправа немаат официјален документ што го регулира процесот на селекција на членовите на раководните органи на претпријатијата што ги основаат. Тие, како основачи, не објавуваат огласи за избор на членови во раководните органи на државните претпријатија, не вршат проверка на квалификуваноста ниту, пак, ги интервјуираат потенцијалните кандидати. Од обемното истражување во кое беа вклучени и основачите и претпријатијата, не можеше да се утврди кој, врз основа на кои критериуми и во каква постапка им предлага на Владата и на општинските совети да ги изберат токму тие лица за членови на управните и на надзорните одбори. Со оглед на целосната нетранспарентност на процесот, оправдан е сомнежот дека списоците за именување на членови на управните и на надзорните одбори на претпријатијата во државна сопственост се составуваат надвор од институциите, односно во партиските кругови. Како членови на управните одбори во најголемите државни претпријатија се јавуваат многу политички кадри, секторски директори во други државни претпријатија, припадници на државната администрација, сметководители во приватни компании, секретари на училишта, педагози, психолози па и раководител на бензинска пумпа, сопственик на златарски дуќан итн. Само една третина од членовите на надзорните одбори за контрола на материјално-финансиското работење имаат економско образование и...

  Денеска, 3 јули 2019 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци на сите амбулантни возила во земјава (санитетски и возила за брза помош). Базата на податоци открива дека во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции. Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53% се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција. Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Следат Велес и Куманово каде што има по 8 амбулантни возила. Двете најстари возила се од 1988 година, а најупотребуваното има поминато дури 1 милион и 360.000 километри. За споредба со амбулантните возила, министерствата и општините (според базата на податоци што Центарот за граѓански комуникации ја објави во октомври 2018 година) имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 15-то патничко возило доаѓа по едно амбулантно возило. Базата на податоци е изработена врз основа на добиени одговори на барања за слободен пристап од сите 90 здравствени институции во земјава. Податоците од оваа база се ставаат на располагање во отворен формат за да послужат како основа за натамошно користење и истражување. Во крајна линија, целта е сите заедно да придонесеме за подобрување на квалитетот и условите за живот во земјава. Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество....

Овој повик за учество на обука се однесува на локални граѓански организации кои ги исполнуваат следниве критериуми:   1) да се регистрирани во Северна Македонија; 2) да се активни во период подолг од една година; 3) да се непрофитна организација; 4) да имаат годишен обрт на средства до 50.000 евра. Цел на обуката: Со оваа обука сакаме да ги зголемиме капацитетите на локалните граѓански организации во државите од Западен Балкан и да овозможиме тие активно...

Денес, 11 јуни 2019 година, Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: -Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. Процентот на исполнетост на обврските за проактивно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 56% (од можни 100%) и е зголемен за 12,5 процентни поени во однос на лани (кога просечно изнесуваше 43,5%). -Трета година по ред, проактивното објавување информации на министерствата е во пораст и тие се значително подобри од општините кои, пак, по двегодишно влошување, првпат бележат подобрување во активната транспарентност. Просечната активна транспарентност на министерствата изнесува 77,6%, додека на општините 51,7%. -Битола го задржа севкупното прво место од лани, додека од министерствата, годинава најдобро рангирано е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на второто место. Во однос на регионите, Источниот Регион му го зазеде ланскиот примат на Пелагонискиот Регион, додека Скопскиот Регион падна на последното место. -Најмалку информации, и министерствата и општините, објавуваат за финансиите, и тоа министерствата 57%, а општините само 26% од информациите што треба да ги објавуваат. -Кога станува збор за одговор на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со иста содржина, општините одговорија во просек за 21 ден (лани за 20 дена), а...

Ве покануваме да учествувате во една од трите работилници наменети за граѓанските организации-ГО на тема Намалување на корупцијата во бизнис секторот. Работилниците се дел од ЕУ проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, а се организирани од Центарот за граѓански комуникации во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници. Иако бизнис секторот е еден од клучните чинители и засегната страна во справувањето со корупцијата, државните претпријатија и приватните фрими во земјава досега не се вклучени систематски во активности за борба против корупцијата. Трите работилници кои ќе следуваат имаат за цел да придонесат кон градење на капацитетот на локалните ГО за нивно активно вклучување во спречувањето на корупцијата во бизнис секторот. Намерата е ГО да стекнат поголемо познавања за корупцијата и пристапите за нејзино спречување и да се утврдат нивните  потреби за тие да добијат ефективна улога во справувањето со корупцијата во бизнис секторот. Работилниците исто така ќе бидат можност организациите да се запознаат подетално со проектот, со методологиите и алатките развиени како дел од проектот и со претстојниот повик за мали грантови наменети за оценка на практиките во локалните јавни претпријатија. Работилниците ќе се одржат во следните термини и локации: 5 Јуни 2019, во Велес (ресторан Глориус) 6 Јуни 2019, во Битола (хотел Милениум) 7 Јуни 2019, во Тетово (хотел Лирак) Работилниците започнуваат во 10:00 часот, а за точните локации ќе бидете известени дополнително. Нацрт програмата за работилниците е тука. За учество во работилниците потребно е да испратите пополнета пријава на mmitevski@ccc.org.mk најдоцна до 05...

Скопје, 22 мај 2019 година - Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од мониторингот на јавните набавки во земјата за периодот јули-декември 2018 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат: - Зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на делови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата. - Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32% од мониторираните тендери е добиена само една понуда. - Зголемена е примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување оглас, во вредност од 33 милиони евра, што е за 4 милиони евра повеќе од 2017 година. - Продолжува да расте бројот на тендери што се поништени. Во 2018 година, целосно или делумно се поништени 27% од сите постапки за јавни набавки, што претставува раст од 3 процентни поени во однос на претходната година. - Спроведувањето на јавните набавки од локално ниво се карактеризира со истите проблеми како години наназад: ниска конкуренција, многу тендери со по еден понудувач, висок процент на поништени тендери и стари, лоши, практики. - Во 2018 година, фирмите доставиле 695 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки, што претставува зголемување во однос на претходната година за дури 37%. Најновата анкета меѓу фирмите покажува дека: - Најчест проблем со...

Центарот за граѓански комуникации објавува оглас за ангажирање на програмски асистент во организацијата.Потребни квалификации: »   Искуство во IT област;»   Добро познавање на data scraping и data processing;»   Одлични вештини за визуелизација на податоци и користење на алатки за визуелизација;»   Познавање од бази на податоци;»   Одржување (дополнување, промени и надградба) на веќе постоечки веб сајтови изработен во Wordpress и Joomla и одржување на сајт со имплементирана Open Data функционалност;»   Познавање на хардверски компоненти и мрежни системи;»   Одлично познавање на MS Office;»   Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик. Ќе се смета за предност IT образование, работно искуство во граѓанскиот сектор, истражувања или визуелизација на податоци. Работното место е на неопределено време, но со пробен период од три месеци, бруто платата е 700 евра.Биографиите и портфолија (за докажување на претходното искуство) да се испратат на: jobs@ccc.org.mk. Рок за пријавување: 20.04.2019 година. Само кандидатите кои ќе поминат во вториот круг ќе бидат контактирани.

Документ за јавни политики

Планирањето на јавните набавки во Македонија: Помеѓу потребите и реалноста - Состојба, проблеми што треба да се надминат и предлози за унапредување на фазата на планирање на јавните набавки.

Транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведувањето на јавните набавки - 2018. Целата анализа можете да ја преземете овде.

Денеска, 5 февруари 2019 година, Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци за сите тендери на локалните власти за новогодишно украсување за дочекот на 2019 година. Базата на податоци открива дека за дочекот на Новата 2019 година се украсија повеќе општини и се потрошија повеќе пари од лани. Локалните власти склучија договори за новогодишно украсување во вкупна вредност од околу 615 илјади евра. Најголем дел од парите завршија кај скопската фирма Линк Медиа Плус која за два договори (со Градот Скопје и со Општина Струмица) ќе добие над 300 илјади евра, а најголем број на договори и тоа дури 11 во вкупна вредност од 185 илјада евра добила фирмата Метал-Вет-Ел од Скопје. Базата на податоци дава преглед на трошоците за новогодишно украсување во период од 4 години и овозможува споредба дали одредена општина го зголемила или намалила овој трошок. Податоците од оваа база се ставаат на располагање во отворен формат за служат како основа за натамошно користење и истражување. Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот што го спроведува ЦГК е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Документ за јавни политики: (Не)функционирањето на системот за спречување на корупцијата во јавните набавки во Македонија

Тендерите, како што популарно се нарекуваат јавните набавки, се област која е една од најподложните, ако не и најподложна на корупција. Токму поради ова, како во многу други земји така и во Македонија, мноштво институции во системот имаат, барем онака како што е поставено и правно регулирано, одредена улога во борбата против корупцијата во јавните набавки. Но, како и во многу други области така и овде, тој систем генерално не функционира. Документот ја анализира улогата на секоја од вклучените институции во системот и предлага мерки за поефикасна борба против корупцијата во јавните набавки.  

Скопје, 30.01.2019-Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, во кое клучни наоди се: Просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, односно исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28% од можни 100%. Ниту едно од 30-те најголеми претпријатија во државна сопственост, чии вкупни годишни приходи надминуваат 700 милиони евра, нема високо или солидно ниво на транспарентност (исполнување на обврските над 60%). Исполнети се услови за разрешување на 18 директори на јавни претпријатија, од кои 6 основани од Владата, а 12 од локалните власти, поради необјавување извештаи од работењето. Претпријатијата основани од Владата имаат просечно ниво на транспарентност од 31%, а претпријатијата основани од општините 27%. На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските, и тоа од само 52%, е ЈП за државни патишта, а на дното со 0% се наоѓа АД  Градски трговски центар. Речиси половина од претпријатијата ги немаат објавено ниту имињата на членовите на управните и на надзорните одбори. Ниту едно претпријатие основано од Владата или од општините не објавува информации за седниците на управните одбори. Обврската за задолжително објавување на плановите за јавни набавки со сите измени и дополнувања не ја почитуваат дури 67% од претпријатијата. Истражувањето е достапно и на opendata.mk. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија.

Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот

Многу ниска конкуренција на локалните тендери СКОПЈЕ, 26 јуни 2018 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот април-септември 2017 год., којшто ги покажа следниве главни констатации: »        Ниската конкуренција на локалните тендери и натаму продолжува да се движи под три понудувачи, што се смета за минимум конкуренција. На мониторираните тендери имало просечно по 2,8 понудувачи. Она што дополнително загрижува е зголемениот процент на тендери со една или ниту една понуда, којшто скокна дури на 40% во мониторираниот период, највисоко ниво во последните 3 години. »        Процентот на поништени постапки за јавни набавки во мониторираниот примерок скокна на 20%, достигнувајќи ја повторно највисоката граница во последните пет години. Во дури 50% од поништените постапки, причина за поништување било немањето ниту една понуда. »        Електронската аукција се одржала само во 58% од мониторираните тендери. Таа е успешна само кај набавките со поголема конкуренција, додека во другите е само формална и често изгледа како фирмите да се договараат како ќе настапат на аукцијата. »        Како во ниту еден друг период порано, во текот на овој мониториран период податоците побарани преку правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во дури 28% од тендерите се обезбедени по пат на жалба до Комисијата за заштита на ова право. Извештајот од мониторингот е достапен тука. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Скопје, 21 јуни 2018 година - Центарот за граѓански комуникации денеска го објави Индексот на активна транспарентност за 2018 година, што значи објавување јавни информации на сопствена иницијатива на институциите. Истражувањето и рангирањето ги опфаќаат сите 81 општина и градот Скопје, 15-те министерства и Владата на РМ. Процентот на исполнетост на обврските за објавување на јавни информации на сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%). Ова значи дека општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Степенот на активна транспарентност во 2018 година е незначително зголемен во однос на 2017 година (кога просечно изнесуваше 42,5%). Законската основа за активната транспарентност на институциите се наоѓа пред сè во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од практиката, односно кога една институција ги прави достапни до сите граѓани одговорите на прашањата што почесто ги добива во форма на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. За разлика од претходните две години, сега, генерално, министерствата и Владата стојат подобро од општините според нивната активна транспарентност. Општините се наоѓаат на првите 2 места од ранг-листата, но просечниот скор на сите општини заедно е намален од 41% на 39%, додека скорот на министерствата е зголемен од 48% на 66%. Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите...

Фирмите и натаму се незадоволни од јавните набавки СКОПЈЕ, 13 јуни 2018 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јули-декември 2017 година и приказ на клучните состојби за цела 2017 година. Клучни наоди од анкетирањето на 210 фирми за нивното искуство во јавните набавки, спроведено во периодот февруари-март 2018 година: ’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите. Испитаните фирми чекаат просечно по 6 месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа. Пред 2 години просекот изнесуваше 8 месеци, а лани 6 месеци. 95% од фирмите сметаат дека на е-аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавките во однос на нивната цена. Дури 88% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. Најголем дел од фирмите, односно 47%, сметаат дека во јавните набавки има корупција, но ретко; 5% велат секогаш, а 36% често. Само 12% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција. Доминантен дел од фирмите се изјасниле дека во тендерите на кои учествувале, почесто или поретко сведочеле на непочитување на Законот за јавни набавки. Дури 96% од испитаните фирми никогаш или ретко се жалат на тендерите во коишто учествуваат, главно поради високиот надоместок за трошоците во жалбената постапка и недовербата кон...

ПОВИК за доделување грантови на граѓански организации Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Фондацијата Фокус во рамките на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“, финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите 2015, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за спроведување истражување за оценка на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на општините во земјава за 2017 и 2018 година, според однапред утврдена методологија. Предвидено е да се доделат осум (8) грантови во максимален износ до 7.000 евра по грант (во денарска противвредност од 430.000 денари). Апликациите да се достават до 28 мај 2018 година, до 12.00 часот, на center@ccc.org.mk и на ccc.oglasi@gmail.com, со назнака: Network/SG2018. Проектната документација и детални упатства за аплицирање можат да се преземат на следнве линкови:   Повик за доделување грантови со упатство за аплицирање Прилог 1: Образец за пријавување Прилог 2: Буџет Повеќе за проектот и за истражувањето

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки. Целата анализа можете да ја преземете овде или да пристапите до електронската верзија на следниов линк.

СКОПЈЕ, 7 февруари 2018 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 17 во кој се споредени цените по кои се купувани зимски и летни работни униформи што се дел од личната заштитна опрема (ХТЗ-опрема) кај комуналните претпријатија, потоа цените за набавка на кломпи, кои како работни обувки најчесто ги купуваат детските градинки, следува одржување хигиена во внатрешни работни простории во различни државни институции и системи за инфузија кои ги купуваат здравствените установи. Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на летните работни униформи, а најмала во набавката на системите за инфузија. Сумарно, индексот на рационалност ги даде следните сознанија: летните работни униформи комуналните претпријатија ги купувале по цени од 424 до 2.773 денари, со што највисоката цена е за 554% повисока од најниската; зимските работни униформи од страна на комуналните претпријатија се купувани по цени од 1.124 до 4.602 денари, со што највисоката цена е за дури 309% повисока од најниската; работните обувки – кломпи се купувани по цени од 718 до 2.183 денари, со што највисоката цена е за 204% повисока од најниската; одржувањето на хигиената во внатрешните работни површини ги чинела државните институции од 30 до 103 денари за еден метар квадратен месечно, со што највисоката цена е за 243% повисока од најниската цена и системите за инфузија се купувани од страна на здравствените институции по цени од 5,78 до 9,98 денари за еден систем, со што највисоката цена е за 73% повисока од најниската. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на...

Со последната обука за истражувачко новинарство во новите медиуми, која се одржа на крајот од јануари, се заокружи циклусот од десет напредни обуки на кои вкупно 96 новинари од 55 медиуми од целата земја стекнаа нови знаења и подобрени вештини за истражување и известување за најважните теми во општеството. Темите на обуките се избираа во зависност од укажувањата на новинарите за нивните потреби или од конкретните состојби во земјата и тоа – од начинот на пребарување на т.н. „Панама пејперс“, преку истражување и известување за изборниот процес, за финансиски и економски прашања, за теми од локално значење, сѐ до специјализирани обуки за телевизиски новинари и новинари од новите медиуми, како и обуки за користење во истражувањето на дигитални и форензични алатки и обуки за обезбедување на квалитетно истражувачко новинарство за помлади новинари и за најнапредни истражувачки новинари. Предавачи беа истражувачки новинари, обучувачи и експерти од Европа, регионот, но и од Македонија. Меѓу нив, Кристијан Триберт, наградуван истражувачки новинар од Холандија, Кит Стафорд, водечки меѓународен тренер на Ројтерс, Рејчел Рајт, продуцент и новинар на ББЦ, истражувачки новинари и уредници од водечката ТВ редакција за истражувачко новинарство во регионот Инсајдер, како и од една од најдобрите регионални мрежи за истражување на корупцијата, Крик, и двете од Србија. Како резултат, редовниот годишен мониторинг на известувањето на медиумите покажа зголемено присуство на истражувачките и на аналитички новинарски стории во 2017 година во однос на 2016 година, односно скок на учеството на овие текстови во вкупниот број текстови од 5% на 8,8%, со подобрени елементи во самите стории. Сите...