39 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари-јуни 2023)
39 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари-јуни 2023)
Истражувањето Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби кое открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени. Преземети ги публикациите овде: МК: Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби AL: PPU të vjetruara, ndryshim i shpeshtë i PDU-ve, numër i madh objektesh të ndërtuara pa leje dhe mbikëqyrje e dobët inspektuese në komunat EN: Outdated GUPs, frequent changing of DUPs, a large number of illegal buildings and a weak inspection supervision in the municipalities
Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување. Преземете го истражувањето на македонски, албански и англиски јазик со кликнување на соодветната слика:
38 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари-декември 2022)
Документ со препораки за поттикнување на спроведувањето „зелени“ јавни набавки и спречување на корупцијата во процесот
Стандардите врз основа на коишто е направена оценката на транспарентноста и на отчетноста на претпријатијата во државна сопственост се утврдени преку анализа на релевантната законска регулатива и на меѓународните стандарди. Оттука, доминантен дел од избраните стандарди се законски обврзувачки за претпријатијата, а помал дел се стандарди што се сметаат за добра практика.
Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините
32 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари-јуни 2019)
Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија (.pdf)Предмет на директен мониторинг беа написите за корупција објавени од 1 јануари до 31 декември 2008 година во пет дневни весници (Дневник, Вечер, Време, Утрински весник и Факти*). Предмет на анализа во рамките на овој проект се збирните резултати од мониторингот, а не резултатите на кој и да е одделен весник.Во мониторингот беа вклучени написите кои се однесуваат на корупција, корупциски практики, обвинувања и сомничења за корупција, злоупотреба на јавни средства, како и преземените анти-корупциски мерки, активности и политики. Мониторингот се спроведе во периодот јануари-мај 2009 година. Објавените написи и нивната содржина, меѓудругото, се анализираа од следниве аспекти: Страница на која е објавен текстот; Големина на текстот; Најава на текстот на насловната страница; Илустрации на текстот; Автор на текстот; Жанровска припадност на текстот; Број, статус, официјалност и локација на изворите во текстот; Фер и балансиран пристап; Повод за написот; Областа во која е примерот на корупција; Актот на корупција; Поседување на документи и докази за потврда на тврдењето за корупција, Припадност на актерот на корупција (сегашна или поранешна власт). Имајќи ги предвид опфатот, обемот и начинот на мониторирање, станува збор за единствен од овој вид и досега најопфатен и најдлабочински мониторинг што е спроведен во земјава кој нуди релевантни квантитативни и квалитативни показатели за начинот на кој медиумите информираат за корупцијата. Facebook
1. Менаџерите на јавните претпријатија и установи задолжително да се избираат преку јавен конкурс и според нивните стручни квалификации и компетентност;2. Доследно да се применува и почитува институцијата менаџерски договор во кој точно ќе се наведат правата, обврските и одговорностите во работењето на менаџерите;3. Да се предвидат подетални услови и критериуми што треба да се исполнат за едно лице да биде именувано или избрано за член на органите на управување во јавните претпријатија и установи;4. Да се предвиди законска обврска со која одлуките за именување на членови на органите на управување на јавните претпријатија и установи (директори, управни одбори, надзорни одбори, одбори за контрола на материјално-фанансиското работење) задолжително ќе содржат целосни податоци за идентификација и за потврда на стручноста и компетентноста на тие членови (назив и адреса на органот во кој се избрани, именувани или вработени, адреса на живеење, стручна подготовка, работно искуство и сл.);5. Да се предвиди законска обврска за задолжително јавно објавување на податоците за идентификација и потврда на стручноста и компетентноста на членовите на органите на управување на јавните претпријатија и установи;6. Да се воведе регистар за лицата кои се именувани или избрани за членови во органите на управување на јавните претпријатија и установи;7. Да се воведе задолжително примопредавање на функциите при секоја промена на директорите на јавните претпријатија и установи;8. Да се намали законски препорачаниот број на членови на управните одбори на јавните претпријатија од сегашните 5 до 15 членови на 3 до 5 членови;9. Доследно да се почитува законската одредба за потребните квалификации што треба да ги имаат лицата кои...