ПочетнаКатегорија

Завршени проекти

Проектот го спроведуваат во партнерство: Фондацијата за отворено општество Србија (како водечка организација) и Фондот отворено општество Босна и Херцеговина, Косовската Фондација за отворено општество, Центарот за граѓански комуникации, Македонија и Мрежата за афирмација на НВО секторот-МАНС, Црна Гора. Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата за „Консолидирање на тематски регионални мрежи на организации од граѓанското опшество“.

Општа цел на акцијата е поефикасно и порационално користење на буџетските средства од страна на Владата и општините со цел тие да одговараат на реалните потреби на граѓаните. Специфичната цел е намалување на негативните ефекти врз животот на граѓаните настанати како резултат на влијанието на финансиската и енергетската криза врз буџетските трошења на државата и на општините.

Проектот има за цел да го поддржи процесот на воведување праведни политики за животна средина и одржлива зелена транзиција преку намалување на корупциските влијанија врз зелените јавни набавки. За таа цел,

Проектот вклучува мапирање на клучните ризици од корупција во јавните набавки поврзани со КОВИД-19 преку длабинско следење на тендерите и водење дијалог за јавни политики, насочен кон подобрување на процесот на набавки и стеснување на просторот за корупција. За таа цел ќе се изготват два полугодишни извештаи од мониторингот (за јануари-јуни 2021 година и јули-декември 2021 година) и извештај со преглед за сите набавки поврзани со КОВИД-19 за 2020-2021 година, заедно со отворена база на податоци, а дијалогот за јавна политика ќе опфати најмалку 50 институции и ќе резултира со документ за политика и медиумско присуство за подобрување.

Проектот го засилува интегритетот и ги намалува ризиците од корупција во јавните набавки во претпријатијата основани од државата и од локалната самоуправа преку идентификување на слабостите и и спроведување мерки за нивно надминување. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Кралството на Холандија.

Активноста „Јавно трошење за јавно добро“ е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ опфаќа активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата.

Проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ опфаќа активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата.

Проектот овозможува поактивно учество на граѓанските организации во подобрувањето на регулативата и примената на најдобри практики за намалување на корупцијата и за зголемување на ефективноста во јавните трошења. Исто така проектот е насочен кон унапредување на разбирањето меѓу засегнатите страни и граѓаните на потребата од поголема транспарентност, отчетност и интегритет во јавните трошења.

Со проектот ќе се создадат јадро на добро обучени истражувачки новинари, како и мрежа од локални граѓански организации од земјата кои преку нивната работа и во соработка со новинарите ќе придонесат кон подобрување на истражувачкото новинарско известување и кон подобро информирана јавност.

Проектот развива механизми за зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на локалните самоуправи во Македонија, поттикнување на поголемо учество на граѓаните и на локалната бизнис заедница во процесот на одлучување во локалните самоуправи и размена на најдобри практики и искуства меѓу опшините како во земјава, така и во регионот. Проектните активности придонесуваат кон намалување на нивото на корупција во локалните заедници и кон засилување на довербата на граѓаните и бизнис претставниците во локалните власти.

Проектот треба да им овозможи на македонските новинари поголемо и поефективно користење на јавно достапните информации во насока на унапредување на квалитетот на информирањето и промовирање на слободата на изразувањето и независноста на медиуми.  Проектот е финансиран од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а се спроведува во партнерство со Access Info Europe од Шпанија и Балканската истражувачка мрежа на новинари - БИРН од Македонија.

Целта на проектот е да ги зајакне процесите на јавните набавки во земјите од Западен Балкан, поточно Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Проектот е подржан од Европската Унија преку програмата за партнерства за граѓанското општество, буџетска ставка: 22.020701 – Регионални и хоризонтални програми. Водечка организација на проектот е Фондацијата за отворено општество Србија, а партнери во проектот се: Фондот отворено општество Босна и Херцеговина, Центар за граѓански комуникации, Македонија, Мрежа за афирмација на НВО секторот-МАНС, Црна Гора, Центарот за развој на непрофитниот сектор, Србија и Фондација отворено општество Словачка.

Проектот го олеснува пристапот на микропретпријатијата до пазарот на јавни набавки во земјата, преку зголемување на капацитетите на микропретпријатијата и намалување на бариерите за нивно учество во јавните набавки. Тоа треба да придонесе кон поодржлив развој на микропретпријатијата и подобро искористување на потенцијалите за создавање работни места, раст и иновации. Проектот е финансиран од УСАИД Македонија, а се спроведува во партнерство со фондацијата Фокус од Велес и со здружението ЕХО од Штип. Видео сторија за поддршката на микропретпријатијата

Проектот опфати серија одделни и заеднички активности за зајакнување на улогата на медиумите и на невладините организации како најзначајни претставници на граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата. Со проектот се влијаеше врз зголемување на капацитетот, вклученоста и соработката меѓу медиумите и невладините организации во борбата против корупцијата преку директна вклученост во проектните активности (дебати и обуки) на повеќе од 100 новинари, уредници и претставници на невладините организации. Во рамките на проектот се спроведе длабочинско квалитативно истражување на начинот на кој медиумите известуваат за корупцијата, чиј резултати претставуваа основа за дизајнирање на програмата за дебатите и обуките, како и на препораките за унапредување на состојбата. Освен тоа, беше издаден водич за невладиниот сектор за борба против корупцијата и беше преведена на македонски јазик една од најзначајните книги во светот од областа на борбата против корупцијата „Власта и корупцијата“ од Сузан Роуз Ејкерман. На крајот, новинарите и претставниците на невладиниот сектор формираа неформална мрежа потпишувајќи заедничка декларација за борба против корупцијата. Проектот е финансиски поддржан од Инструментот за предпристапна помош (ИПА) на ЕУ.

Во партнерство во Романскиот центар за истражувачко новинарство, 10 новинари од најрелевантните национални и локални медиуми од Македонија се обучени од водечки тренери за истражувачко новинарство од Македонија и Романија за напредните техники на истражувачкото новинарство. Обуката резултираше со разработени идеи за истражувања на конкретни теми.

Проектот ги унапредува новинарските стандарди за истражување и известување за корупцијата и го засилува капацитетот на медиумите за остварување на нивната општествена улога во борбата против корупцијата. Појдовна основа претставуваше длабочинската анализа за начинот на кој македонските медиуми известуваат за коруцијата и за детектирање на главните слабости во тоа известување.

Откако со првата фаза од проектот беа утврдени најранливите области на корупција во Македонија, преку овој проект се создадени и препорачани вкупно 156 конкретни мерки кои треба да се преземат од властите за да се стесни просторот за корупција. Проектот вклучуваше споредба со најдобрите практики во другите земји, серија работилници на кои експерти и претставници на заинтересираните страни дискутираа и предлагаа начини како да се намали просторот за корупција, приоритетизација на мерките и нивно испраќање до надлежните институции и медиумите и следење на нивното спроведување.

Во рамките на проектот обучени се вкупно 68 новинари од 16 локални телевизии од сите поголеми градови во Македонија. Обуките се одвиваа на лице место во редакциите на локалните медиуми, како и на терен за време на нивната секојдневна работа и беа насочени кон унапредување на вештините на новинарите за фокусирање на своите приказни врз интересот на граѓаните од локалната заедница и за подобрување на информирањето на граѓаните за прашања кои се однесуваат на нивниот секојдневен живот, а за кои овие граѓани единствено можат да се информираат токму преку локалните медиуми. Проектот е финансиски поддржан од Програмата за мали грантови на амбасадата на САД во Македонија.

Тренерите на Центарот спроведоа четири регионални обуки за триесеттина новинари од локалните медиуми за унапредување на нивните способности и капацитети за истражување и известување за работата на локалната самоуправа во светло на зголемените ингеренции на локалната власт, а со тоа и зголемената улога на локалните медиуми за известување за прашања од интерес на граѓаните во општините. Обуката резултираше и со изработка на Водич за новинарско известување за претставници на локалните медиуми во Македонија, објавен на македонски и на албански јазик. Проектот е финансиски поддржан од програмата за локална самоуправа на УСАИД Македонија.

Овој проект всушност значеше спроведување на индивидуалните планови за акција на претставниците на ЦГК кои ги изработија за време на обуката за подобрување на капацитетот за борба против корупцијата спроведена од меѓународни експерти на Crown Agents. Во рамките на проектот ЦГК обучи група од осум новинари од водечки локални медиуми за истражување и известување за корупција кои потоа изработија свои истражувачки приказни врз основа на наученото на обуката и на индивидуалните планови за акција изработени на обуката. Како резултат од проектот ЦГК го издаде и „Прирачникот за новинари за истражување и известување за корупција“ кој го дистрибуираше до околу 200 новинари од сите медиуми во земјава. Проектот е поддржан од програмата World Learning и УСАИД Македонија.

Проектот опфати длабочински истражувања на корупцијата во неколку најранливи области: јавните набавки, составите на управните одбори на јавните претпријатија, давањето услуги од јавната администрација, градежништвото, образованието и здравството. Резултатите од истражувањата беа објавувани во аналитички извештаи за нивото, формите и генераторите на корупција. Извешатите наидоа на широка покриеност од македонските медиуми, со вкупно 108 новинарски извештаи. Поттикнати од извештаите, владини претставници најавија намалување на бирократските процедури, законска заштита на студенти кои ќе пријавуваат корупција, засилена битка против „градежната мафија“, а наодите од извештајот за корупцијата во здравството е искористен како доказ дека корупцијата е прв и најголем проблем кој треба да се решава во здравството.