Анкета со фирмите за нивното искуство во јавните набавки
СКОПЈЕ, 17 ноември 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска гo објави мониторинг извештајот во кој е содржано истражување на фирмите за нивното искуство во јавните набавки и споредбена анализа за правната заштита во постапките за јавни набавки и за административните трошоци за остварување на правната заштита на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Унгарија и Чешка Република. Истражувањето за искуството во јавните набавки беше спроведено во периодот јуни-јули 2014 година, со учество на 267 фирми од сите поголеми градови и региони во земјава. Анкетата со фирмите ги даде следните наоди: Главните проблеми со кои се соочуваат фирмите во јавните набавки се: обемноста на документацијата што се бара за учество на тендерите, задоцнетата наплата на побарувањата за реализираните договори за јавни набавки и приспособувањето на условите за учество на тендерите за да одговараат само на одредени понудувачи. Фирмите што реализирале договори за јавни набавки просечно чекаат по шест месеци за наплата на побарувањата од тендерите. Доминантен дел од анкетираните фирми сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот во однос на цената на набавките. Високите трошоци и недовербата кон жалбената постапка се главните причини поради кои 93% од анкетираните фирми ретко или никогаш не вложуваат жалби. Фирмите го оценуваат со 2,86 на скала од 1 (негативно) до 5 (одлично) целокупниот процес на јавни набавки во земјава, што е минимално подобрување на оценката од пред две години, која изнесуваше 2,84. Извештајот е достапен овде. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на...