Прва квартална анализа на јавните набавки
Првата квартална анализа на спроведувањето на јавните набавки во РМ беше објавена на 26 февруари 2009 година. Центарот за граѓански комуникации го набљудува процесот на јавните набавки во четири квартали, и тоа во период од ноември 2008 до ноември 2009, и на крајот од секој ќе излезе со анализа за истиот. Целта на анализата е да оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот Закон за јавни набавки и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства кај набавките.