ПочетнаКатегорија

Настани

Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и врз граѓаните

На 27 септември и на 6 октомври во Скопје се одржаа јавни дебати на кои пред повеќе од 70 претставници на сите вклучени страни беа презентирани наодите и беа  дискутирани препораките од двете обемни истражувања за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.

Дебата: Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните

На денешната јавна дебата за „ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“ беше објавено „Истражувањето на последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.“

30 претставници на акционерски друштва и јавни претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга, како и претставници на овие општини ги совладаа основите и елементите за изработка на планови за интегритет во јавните набавки, на трите работилници спроведени на почетокот од септември.

Олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки

КАВАДАРЦИ, 5.11.2013 - Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки започнува серија работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините од Вардарскиот и Источниот регион во однос на примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Првиот од серијата состаноци се одржа со претставниците на договорните органи од општина Кавадарци на 5.11.2013 год. (вторник) во салата на општина Кавадарци. За време на состанокот се разговараше за примената на препораките, позитивните аспекти од нивното спроведување и за потешкотиите со кои се соочуваат договорните органи за време на спроведување на јавните набавки. Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки се дел од активностите во рамките на проектот чија цел е да обезбеди поголемо учество на овие претпријатија на пазарот на јавни набавки, придонесувајќи кон нивниот поодржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање на работни места, раст и иновации. Од друга страна, за договорните тоа значи можност за добивање на подобра вредност за потрошените пари. Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки го спроведува Центарот за граѓански комуникации во партнерство со невладините Фокус од Штип и ЕХО од Штип. Проектот се спроведува во 21 општина и опфаќа повеќе од 200 договорни органи и околу 300 микропретпријатија.

Пред 150 претставници на микропретпријатија, општини и локални институции, на 4 и 6 декември се промовирани регионалните центри за поддршка на микропретпријатијата од источниот регион во Штип и од вардарскиот во Велес. Преку овие регионални центри, на 200 мали и микропретпријатија ќе им се нудат обуки, секојдневна помош и консултации. На договорните органи од 21 општина, пак, ќе им се препорачаат конкретни мерки што треба да ги преземат за намалување на постојните административни и други пречки за поголемо учество на малите и микропретпријатија во јавните набавки.

Прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер

Прирачникот е наменет за новинари од кој било медиум - весник, радио и телевизија - како и за блогери и за други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информаците кои ги поседуваат јавните институции. Центарот за граѓански комуникации ги издаде преводите на познатиот прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер Legal Leaks Toolkit на македонски и на албански јазик. Со ова и Македонија се приклучува кон многуте европски земји кои го имаат преведено овој најзначаен водич за новинари за поголемо користење на пристапот до информации како моќна алатка за нивното известување. Освен за остварување на правото за пристап во Македонија, прирачникот нуди и совети како да се оствари ова право во сите 56 земји членки на ОБСЕ. Прирачникот содржи и совети за заштита и безбедност на податоците на новинарите и посебно поглавие за статистичкото новинарство. Овде можете да ги преземете прирачниците на македонски и на албански јазик или, пак, јавете се на (02) 3213-513 да ви го испратиме во печатен формат.

Новинари од цела Македонија обучени за поголемо користење на правото за пристап до информации од јавен карактер во насока на поквалитетно и поиздржано информирање на јавноста Охрид, 11 ноември 2012 година – Дваесетина новинари од локални и национални медиуми учествуваа на обуките за полесен пристап до информации од јавен карактер што се одржаа од 7 до 11 ноември 2012 година во Охрид. Обуките ги водеше најистакнатиот тренер на новинари од областа на пристапот до информации од јавен карактер во Европа, Хелен Дарбишир од Access Info Europe, водечка европска организација за олеснување на пристапот до јавни информации. Покрај неа, тренер на обуките беше и Давид Кабо, специјалист за пристап до електронски бази на податоци од организацијата Civio од Шпанија, а гости-предавачи Данче Даниловска, водечки македонски експерт за остварување на правото за пристап до информации од јавен карактер и Ана Петрушева, уредник на Балкан Инсајт.

  Повеќе од 40 новинари од локални медиуми од цела Македонија учествуваа на четирите дебати за поголема примена на правото на пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите што се одржаа во октомври во Битола, Охрид, Штип и Велес. Повод за дебата беа резултатите од истражувањето што го спроведе Центарот за граѓански комуникации за примена на ова право меѓу македонските новинари. Истражувањето покажа недоволна примена и познавање на новинарите на правото за слободен пристап до јавните информации. Новинарите, исто така, ја оценуваат како тешка и достапноста до информациите од јавен карактер, а како проблеми ги изразуваат недовербата во институциите дека ќе ги достават бараните информации и долгите рокови за добивање одговор.

СКОПЈЕ, 18 октомври 2012 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објавува резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава, за периодот од април до јуни 2012 година. Констатирани се, меѓу другите, следниве клучни наоди: Најголеми проблеми со кои се соочуваат во јавните набавки, според анкетата на фирмите, се доцнењето на институциите со исплата на реализираните набавки, фаворизирачките и нејасни тендерски документации, како и нереално поставените и тешко остварливи критериуми за учество на фирмите на тендерите. Евидентирани се низа слабости во изборот на елементите според кои државните институции ги евалуираат добиените понуди од фирмите. Фокусот, меѓу другото, наместо на понудите се става на понудувачите со што се загрозува основната цел на тендерите – за потрошените буџетски пари да се добие најдобрата вредност. Поништувањето на постапките за јавни набавки повторно е во подем. Во мониторираниот примерок од овој квартал поништени се 30% од постапките за јавни набавки. Иако најавена, законски задолжителната е-аукција не била одржана во 45% од мониторираните постапки. Извештајот од мониторингот во кој, покрај наодите и препораките за надминување на констатираните слабости, се содржани и истражување на 220 фирми и анализа на жалбените постапки. Преземете го извештајот овде.

СКОПЈЕ, 31 јули 2012 – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр.6. Големите разлики во цените по кои се купуваат исти производи говорат дека институциите сè уште имаа големи проблеми во обезбедување на рационалност при трошењето на јавните пари. Постапките за јавни набавки не само што во значаен дел од случаите не обезбедуваат поволни цени, туку резултираат и со цени кои се повисоки од пазарните.  Во прилог на оваа констатација одат разликите констатирани во Индексот на рационалност бр.6

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објавува резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од јануари до март 2012 година, како и Индексот на рационалност бр.5.При мониторингот на јавните набавки во првиот квартал од 2012 година, меѓу другите, констатирани се следниве клучни забелешки: -Договорните органи свесно или несвесно придонесуваат кон отежнато учество на фирмите во постапките за јавни набавки и со тоа кон намалување на конкуренцијата што е еден од принципите на јавните набавки. Во 52,5% од мониторираните постапки биле доставени не повеќе од две понуди.-Поставување на непропорционални и дискриминаторски критериуми за утврдување на економско-финансиска и техничка способност на понудувачите. Во значаен дел од мониторираните тендери, на фирмите им се бараа годишни приходи кои се од 10 до 27 пати поголеми од вредноста на набавката.-Процентот на постапки во кои била закажана, но не се спровела електронска аукција изнесува високи 35%. Кај повеќето од нив не постоеле услови за закажување на е-аукција бидејќи била доставена само една понуда или само една фирма ги исполнила критериумите за квалификација.-Вредноста на договорите склучени со преговарање без објавување на оглас во првиот квартал од 2012 година изнесува околу 12 милиони евра што е скок од 26% во однос на истиот период минатата година.

СКОПЈЕ, 27 април 2012 – Центарот за граѓански комуникации ги објавува резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од октомври до декември 2011 година, како и Индексот на рационалност бр.4. При мониторингот на јавните набавки во четвртиот квартал од 2011 година, меѓу другите, констатирани се следниве клучни забелешки: Во половина од мониторираните тендери планираната електронска аукција не се одржала поради тоа што била доставена само една понуда или само една понуда била оценета како прифатлива. На овој начин се доведува во прашање рационалноста во трошењето на јавните пари бидејќи во случаи кога се планира е-аукција фирмите првично доставуваат повисоки цени во очекување на нивно намалување низ негативното наддавање во аукцијата. Овие проблеми се директна последица на високото поставување на критериумите за квалификација на фирмите за учество во тендерите. Проблемот со малата конкуренција во 2011 година се продлабочува.

  СКОПЈЕ, 11 април 2012- Центарот за граѓански комуникации организираше панел-дискусија во Информативниот центар на Европската Унија за слабата примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите. Со панел дискусијата на која земаа учество над 50 новинари и претставници на невладини организации отпочна реализацијата на проектот „Пристапот до информации – извор за поквалитетно информирање“ финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), кои ЦГК го спроведува во соработка со Access Info Europe од Шпанија и Балканска истражувачка мрежа БИРН.

СКОПЈЕ, 31 јануари 2012 – Центарот за граѓански комуникации ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од јули до септември 2011 година. При мониторингот на јавните набавки во третото тромесечје од 2011 година, меѓу другите, констатирани се следниве клучни забелешки:  

СКОПЈЕ, 15 декември 2011 – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави редовниот индекс на рационалност за нова група од пет производи, односно услуги: писмен превод од македонски на англиски јазик; клима-уреди; физичко обезбедување; лаптоп-компјутери и ГПС уреди за возила. Во изработката на индексот се вклучени цените по кои овие производи, односно услуги се купуваат од страна на околу 50 институции на национално и локално ниво.

Претставници на 36 граѓански здруженија и фондации отворено дискутираа за својата улога во борбата против корупцијата во македонското општество и се согласија дека се неопходни повеќе активности и заложби во ова насока. На двете дебати организаирани од ЦГК, претставници на невладини организации со седиште во Скопје и во другите градови од земјава укажаа на неопходноста од поголем простор за граѓанското делување особено во сферата на т.н. вочдог активности за контрола на властите на сите нивоа.

Повеќе од 30 новинари и уредници од национални и локални медиуми и претставници на други засегнати институции и организации дебатираа на 30. септември и 4. октомври за засилување на улогата за медиумите во борбата против корупцијата. Повод за дискусијата беа резултатите од мониторингот на Центарот за граѓански комуникации за начинот на којшто медиумите (национални и локални) известуваат за корупцијата. Мониторингот на текстовите за корупција во периодот од 1. јануари до 31. март оваа година покажува дека се уште има многу широк простор за унапредување на професионалноста и начинот на кој медиумите известуваат за корупцијата. Во текстовите отсуствуваат основните професионални елементи и стандарди, а влошена е и состојбата со истражувачкото новинарство. Половина од текстовите немаат извори или имаат само еден извор, ја претставуваат само едната страна во приказната и воопшто не ги консултираат оние што се обвинети за корупција. Темите за корупција се третираат само информативно и површно, без продлабочени, посеопфатни и подетални истражувања и анализи. Само 4% од текстовите се истражувачки новинарски приказни. Малиот број текстови и прилози најавени на насловните страници или во ударните вести и совпаѓање на бројот на текстови кои во себе ги содржат основните професионални стандарди со бројот на текстови кои се најавени на насловните страници или во ударните вести говори дека медиумите се можеби свесни за своето непрофесионално известување и дека би објавиле и повеќе текстови на насловните страници доколку би имало такви текстови.Од оваа дебата и од дебатата со новинарите од локалните медиуми ќе произлезат конкретни препораки за унапредување на известувањето за корупцијата и со тоа за засилување на...

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од јануари до јуни 2011 година. Истовремено, Центарот го објави и т.н. индекс на рационалност во трошењето јавни пари, како целосно нов инструмент кој ги споредува цените по кои различни државни институции купуваат исти производи и услуги.

СКОПЈЕ, 21 декември 2010 – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави  седмиот квартален извештај (.pdf) со резултатите од мониторинг на јавните набавки на централно и на локално ниво во периодот од јули до септември 2010 година каде се констатираат следниве клучни наоди: Економските оператори не можат да го остварат правото на увид во документацијата од постапките за јавни набавки во кои учествувале. Оваа погрешна примена на Законот за јавни набавки го зголемува сомнежот на компаниите за нерегуларности. Трендот на намалувања на конкуренцијата во постапките за јавни набавки продолжува. Во дури 47,5% од мониторираните тендери во овој квартал, понуди доставиле само една или две компании. Поништени се 22,5% од мониторираните постапки. Од 2008 до 2010 година за 2 ипол пати е зголемен уделот на поништени тендери во вкупно спроведените. Дел од договорните органи не го почитуваат новововедениот законски рок за донесување одлука за избор на најповолна понуда. Договорните органи нема да успеат да го исполнат законски предвидениот минимум за годинава – за 30% од набавките да спроведат електронска аукција, како ефикасен механизам за заштеда на јавните пари. Заклучно со септември, со електронска аукција завршиле само 11,6 % од објавените огласи за јавни набавки. Трендот на пораст на договорите склучени без објавување оглас продолжува. Во овој квартал, преку непосредни договори се потрошија 574 милиони денари (9,3 милиони евра), што е за 14% повеќе од истиот период минатата година. Продолжува зачестеното користење на елементот ,рок на плаќање‘, што ги принудува фирмите да нудат рокови на наплата на фактурите од договорите за јавни набавки и до 300 дена....

Скопје, 18 октомври - Учесниците на конференцијата за јавни набавки која се одржа денеска во Скопје во организација на Центарот за граѓански комуникации заеднички заклучија дека има потреба и простор од измени и дополнувања на законската регулатива за јавните набавки во земјава во насока на намалување на злоупотребите во трошењето на јавните пари. Основа за дискусија беа наодите од  Мониторингот на јавните набавки во Македонија (.pdf) во кои се констатирани главните слабости во процесот на јавните набавки како што се: намалување на интересот на компаниите за учество на тендерите, честото поништување на постапките, користење на спорни елементи во изборот на најповолна понуда, фаворизирање преку дефинирање на тендерските документации итн. Претседателот на ГРЕКО (Групата земји за борба против корупција при Советот на Европа), Драго Кос го пренесе особено словенечкото искуство во оваа област и понуди неколку мерки за намалување на корупцијата во јавните набавки кои се преземаат во другите земји од ЕУ, меѓу кои вметнување на т.н. антикорупциска клаузула во секој договор за јавни набавки поголем од 10.000 евра и обврска за доставување на имотен лист на сите лица од договорните органи вклучени во јавните набавки. {vimeo}15951776{/vimeo} Дел од учесниците повикаа на предвидување на казнени одредби во самиот закон, барем за престапите од прекршочен карактер, имајќи предвид дека од скоро потешките злоупотреби во јавните набавки се третираат како кривично дело според Кривичниот законик. Директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска ги претстави досегашните напори на оваа институција за унапредување на системот за јавни набавки, како и планираното воведување во обуките за јавни набавки што...

Центарот за граѓански комуникации ја организираше втората обука за единаесет новинари од локалните медиуми од 23 до 25 април 2010, во Охрид, на која тие беа обучени за истражување и известување за јавните набавки особено на локално ниво. Тренери на обуката беа екпертите Вања Михајлова и Дарко Јаневски, кои зборуваа за корупцијата во јавните набавки и користењето на електронскиот систем за јавни набавки за истражување на истата, Сабина Факиќ, тренер од тимот на ЦГК која зборување за тоа каде да се бара корупцијата во јавните набавки и Ана Петрушева, уредник во БИРН, која се осврна на тоа како да се направи добра истражувачка приказна.   http://www.flickr.com/photos/cccenter/sets/72157623831287711/ Со цел зголемување на ефикасноста за пребарување и користење на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки новинарите практично работеа и со помош на тренерите се стекнаа со знаење како да дојдат до потребните информации преку пребарување во електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).На обуката беа презентирани и наодите од мониторингот на јавните набавки на централно ниво кое во текот на 2009 и 2010 го спровува Центарот за граѓански комуникации.Пред завршување на тренингот, новинарите дискутираа и пополнија план за истражување за корупциски теми во јавните набавки кои ќе ги истражуваат и кои ќе бидат објавени во нивните матични медиуми, како и во антикорупцискиот месечник МАК кој го издава Центарот за граѓански комуникации.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“ спроведува иницијатива за поголема вклученост на медиумите во истражувањето и известувањето за јавните набавки. Во оваа насока, покрај обуките за новинари од националните и локалните медиуми за истражување и известување за јавните набавки, предвидена е поддршка на новинари за конкретни истражувања во оваа сфера. За таа цел ги покануваме сите заинтересирани новинари да го пополнат  планот за истражување во сферата на јавните набавки (.doc) кој може да се преземе на линкот и да го достават до Центарот за граѓански комуникации по електронски пат до 18 април 2010 година. Најдобрите три новинарски предлози од националните медиуми и три од локалните медиуми ќе добијат финансиска поддршка за надомест на трошоците за реализација на истражувањето. Новинарските стории што ќе произлезат од предлозите ќе треба да се објават на матичните медиуми на избраните новинари. Воедно, Центарот за граѓански комуникации ќе ги публикува победничките истражувачки стории во месечникот за антикорупција „МАК“ што го издава Центарот. За повеќе информации и детали за овој повик јавете се на тел: (02) 3213-513 или пишете ни на емаил: center@ccc.org.mk . Лице за контакт Елена Ристевска.

Девет новинари од националните електронски и печатени медиуми од 26 до 28 март 2010, во Охрид, учествуваа на обука за истражуање и известување за јавните набавки. Обуката беше дизајнирана од страна на тимот на ЦГК, Сабина Факиќ и Герман Филков, и двајца надворешни екперти, Вања Михајлова и Дарко Јаневски, според наодите од мониторингот на јавните набавки на централно ниво кое во текот на 2009 го спроведе Центарот за граѓански комуникации. Теми кои беа опфатени на обуката се следните: видови на постапки за јавни набавки, принципите кои треба да се запазат во процесот на јавни набавки, видовите на постапки предвидени со Законот за јавни набавки, како и реализацијата на договорите за јавни набавки, каде да се бара корупција во јавните набавки, формите на корупција во трошењето на јавните пари и што покажуваат истражувањата на јавните набавки и др. http://www.flickr.com/photos/45630648@N05/sets/72157623733570374/ Во текот на обуката новинарите имаа шанса практично да работат на користење на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки во функција на истражувањето и известувањето за јавните набавки и да научат како да дојдете до потребните информации преку пребарување во електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).Пред завршување на тренингот, новинарите дискутираа и пополнија план за истражување за корупциски теми во јавните набавки кои ќе ги истражуваат и кои ќе бидат објавени во нивните матични медиуми, како и во антикорупцискиот месечник МАК кој го издава Центарот за граѓански комуникации.Во текот на месец април, ваква обука ќе се спроведе и за десет новинари од локалните медиуми во Македонија.

Главниот заклучок од обемното истражување на Центарот за граѓански комуникации за начинот на кој медиумите во земјава известуваат за корупцијата се најде во редовниот годишен Извештај за човекови права на Стејт Департментот објавен на 11 март 2009 година. Во делот Freedom of Speech and Press, во извештајот пишува: The independent media were active and expressed a wide variety of views without restriction. However, several commentaries and editorials on International Press Freedom Day (May 3) noted that pressure from political and business interests was impeding the development of a more independent press. On June 30, the Center for Civil Communications reported that the country's media lacked a professional approach towards reporting on corruption. Целиот извештај може да се прочита на сајтот на Стејт Департментот: http://www.state.gov/g/drl/rls/hrrpt/2009/eur/136044.htmСпоменатото истражување на Центарот може да се прочита на следниот линк.

Центарот за граѓански комуникации го објави Годишниот извештај за јавните набавки (.pdf) кој ги содржи резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ, на конференцијата која се одржа на 22 февруари 2010 во Скопје. Извештајот, меѓу другото, ги потенцира десетте најголеми проблеми во јавните набавки во Македонија и нуди експертски препораки за надминување на слабостите во системот на јавни набавки. Целта на мониторингот е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот закон и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства при јавните набавки. На конференцијата присуствуваа педесетина претставници на институции и организации вклучени во процесот на јавни набавки кои ги изнесоа своите ставови и мислења за наодите од мониторингот на овој многу значаен процес. Англиската верзија на извештајот можете да ја преземете тука: Annual report on monitoring the implementation of public procurement (.pdf) {vimeo}9646493{/vimeo}

Центарот за граѓански комуникации ве поканува да учествувате на конференцијата за јавните набавки на која ќе се објави „Годишниот извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ“. Конференцијата ќе се одржи на 22 февруари 2010 година (понеделник), во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 2), во Скопје, во периодот од 11.00 до 13.00 часот. На конференцијата ќе присуствуваат претставници на сите институции и организации вклучени во процесот на јавни набавки кои ќе изнесат свои ставови и мислења за наодите од мониторингот на овој многу значаен процес. Целта е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот закон и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства при јавните набавки. Вашето присуство ќе придонесе кон обидите за унапредување на оваа исклучително значајна област. Вашето присуство потврдете го кај лицето за контакт Елена Ристевска на 02/3213-513 или center@ccc.org.mk

flickr_albumid=[72157623090003191] Центарот за граѓански комуникации на 29 декември 2009 година го презентираше четвртиот квартален Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки (.pdf), кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на правната заштита во постапките за јавни набавки. Во извештајот, меѓу другото, се констатира: Наспроти законската обврска, некои државни институции, меѓу кои и министерства, во текот на 2009 година не доставиле ниту едно известување за склучен договор за јавна набавка до Бирото за јавни набавки. Се зголемува бројот на државни институции кои до Бирото за јавни набавки не доставуваат податоци за направените трошења до 20.000 евра за набавка на стоки и услуги, односно до 50.000 евра за набавка на работи. Се продлабочува проблемот со одолговлекување на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Од вкупно 40 мониторирани постапки за јавни набавки во овој квартал, одлука за избор на најповолна понуда не е донесена во дури 13 случаи (33%), а временското одолговлекување на донесување одлука во овие постапки се движи од 50 до 120 дена. Се ублажува проблемот со поништување на постапките за јавни набавки. Од мониторираните 40 постапки за јавни набавки, целосно или делумно се поништени 7 постапки или 17,5%, што претставува извесно ублажување на овој проблем во однос на претходниот квартал, кога беа поништени 25% од постапките. Иако зголемено, користењето на електронскиот систем за јавни набавки во последниот квартал од 2009 година сè уште не е на задоволително ниво. Во 2009 година, преку Електронскиот систем за јавни набавки се спроведени само 2,5% од постапките, со што...

Државата треба да ја зголеми контролата врз јавните набавки

Центарот за граѓански комуникации на 22 октомври 2009 го презентираше Извештајот за резултатите од мониторингот на процесот на јавните набавки (.pdf), кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на контролата и заштитата во областа на јавните набавки, меѓу другото, се констатира: Зголемување на трендот на поништување на постапките за јавни набавки на 25% од мониторираните набавки, иако на поништените набавки учествувале просечно по 5 фирми-понудувачи, што фрла сомнеж врз мотивите за поништување на постапките; Во 40% од мониторираните постапки се користени „манипулативни“ елементи за избор на најповолна понуда како рок на испорака и плаќање, гаранција, референтна листа и сл., со што се доведува во прашање обезбедувањето на принципот на рационално и ефикасно трошење на јавните пари; Многу ниско ниво на учество на електронските набавки од само 1%, што укажува на неподготвеност да се исполни законската обврска – од 2010 година електронскиот систем да се користи во 30% од набавките, како начин на намалување на корупцијата и заштита на буџетски пари; Постојната законска и институционална поставеност не обезбедуваат квалитетни и ефикасни механизми за контрола на постапките за доделување и реализација на склучените договори за јавни набавки; Административните тела за следење и унапредување на процесот на јавни набавки во земјите од регионот имаат овластувања да вршат и надзор над самиот процес на јавни набавки, што не е случај со Македонија. Претставувајќи ги резултатите од мониторингот и од анализата на контролата во јавните набавки, претставниците на експертскиот тим, г-ѓа Вања Михајлова и г. Мирослав Трајановски нагласија дека државата треба да ја засили...

flickr_albumid=[72157622903417819] Дванаесет новинари од македонските национални печатени и електронски медиуми од 16 до 18 октомври 2009 година, во Охрид, учествуваа на тренингот за истражување и известување за корупцијата кој се спроведе во рамките на проектот за „Зајакнување на улогата на медиумите во борба против корупцијата“. Преку интерактивни презентации и дискусија тренерите од ЦГК, Сабина Факиќ и Герман Филков, зборуваа за областите кои се најранливи на корупција во Македонија, за методите за истражување на корупцијата, фазите и чекорите во истражувањето и начинот на известување за корупција. Меѓу темите на обуката, посебно внимание се посвети на наоѓањето извори и докази за коруптивните активности, како и одржувањето на тие извори. Најмногу прашања до експертите, Никола Тупанчески, професор по кривично право и Вања Михајлова, антикорупциски експерт се однесуваа за начинот на известување и објавување на сознанијата за корупција без притоа да се изложат на опасноста од судење. Пред завршување на тренингот, новинарите дискутираа за корупциски теми кои ќе ги истражуваат во нивната секојдневна работа. Истражувачките приказни кои ќе бидат објавени во медиуми ќе бидат објавени и на страницата на Центарот во делот Мрежа на новинари истражувачи. Оваа активност беше овозможена со поддршка од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија

Центарот за граѓански комуникации на 30 јуни, 2009 ги претстави резултатите од  Мониторингот на медиумското известување за корупција во Македонија(.pdf). Претставник на Центарот, Герман Филков ги претстави резултатите од мониторингот и ја водеше дискусијата со претставниците на најрелевантните македонски медиуми. Освен претставување на резултатите од мониторингот, работилницата со уредниците помогна од неа да произлезат и заеднички препораки за натамошно унапредување на начинот на кој медиумите известуваат за овој многу сериозен проблем, со што ќе се подобри нивната важна улога во борбата против корупцијата во Македонија.

Центарот за граѓански комуникации на 23 јуни, 2009 го претстави вториот тримесечен  Извештај за резултатите од мониторингот на јавните набавки(.pdf) . Претставникот на Центарот за граѓански комуникации, Сабина Факиќ ги сумираше резултатите од мониторингот, односно ги потенцираше главните ризици кои стојат на патот на транспарентни, отчетни, ефикасни и рационални јавни набавки во Македонија. Констатирани се висок процент на поништување на јавните набавки, субјективно одредување на критериумите за избор на најповолна понуда, одолговлекување на донесувањето одлуки, мал број постапки преку е-аукција, необразложување на донесените одлуки, пораст на бројот на договори со постапката за преговарање без објавување на оглас и др. Просечната оценка со која економските оператори го оценуваат спроведувањето на постапките за јавни набавки изнесува 2,93 на скалата од 1 до 5.  

Првата квартална анализа на спроведувањето на јавните набавки во РМ беше објавена на 26 февруари 2009 година. Центарот за граѓански комуникации го набљудува процесот на јавните набавки во четири квартали, и тоа во период од ноември 2008 до ноември 2009, и на крајот од секој ќе излезе со анализа за истиот. Целта на анализата е да оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот Закон за јавни набавки и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства кај набавките.

Центарот за граѓански комуникации во соработка со Романскиот центар за истражувачко новинарство од Букурешт (CRJI) ја продолжува работата на проектот „Справување со корупцијата: Размена на искуства и најдобри практики во истражувачкото новинарство меѓу Македонија и Романија”. Во почетокот на месец ноември, новинарите кои активно партиципираат во проектот и претставници на Центарот, поминаа една недела практична работа во дел од романските медиуми. Новинари кои се дел од проектот Размена на искуства и најдобри практики се Синиша Јаков Марушиќ од БИРН, Богданка Кузеска од Канал 5, Наим Вренези од телевизија Алсат, Жарко Настоски од телевизија Алфа, Натали Наскова Сотировска од Дневник, Весна Коловска од Канал 77, Даниела Трпчевска од Утрински весник, Викторија Новаковиќ од телевизија Орбис, Срѓан Стојанчов од Шпиц и Дритон Дикена од весникот Факти.

Центарот за граѓански комуникации во соработка со Романскиот центар за истражувачко новинарство од Букурешт (CRJI) ја спроведе првата етапа од проектот „Справување со корупцијата: Размена на искуства и најдобри практики во истражувачкото новинарство меѓу Македонија и Романија“. Десет новинари од македонските национални и локални медиуми во период од 03-05.10.2008 во Охрид, беа учесници на тренингот за напредни новинарски техники за истражување на корупцијата.

Центарот за граѓански комуникации во рамките на своите активности, предлага мерки за намалување на просторот за корупција во шест најранливи области за корупција во Република Македонија (јавни набавки, состав на управни одбори на јавни претпријатија и установи, јавна администрација, бесправно градење и урбанизам, образование и здравство). На последната работилница се предлагаа мерки за намалување на корупцијата во здравството.

Центарот за граѓански комуникации дефинираше низа мерки што треба да се преземат за стеснување на просторот за корупција во образованието и ги достави до медиумите и надлежните институции во земјата. Центарот им препорачува на сите релевантни институции да ги преземат предложените мерки во светло на генералните заложби за намалување на корупцијата во Република Македонија.

Имајќи ја предвид големата улога што медиумите ја имаат во борба против корупцијата и во зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на јавните институции, Центарот за граѓански комуникации се надева дека преку укажување на постоечките форми на корупција и афирмација на истражувачките техники ќе придонесе во зголемување на интересот кај новинарите и медиумите за истражување на корупцијата. За таа цел, Центарот, во декември 2007, издаде Прирачник за новинари за истражување и известување за корупција кој упатува на последиците од корупцијата и улогата на медиумите во нејзиното сузбивање.

Центарот за граѓански комуникации ги достави мерките за стеснување на просторот за корупција во јавната администрација до надлежните институции и медиуми во земјата. Мерките беа дефинирани на работилницата која се оддржа на 24 октомври, а беа предложени од домашни експерти и претставници на надлежните институции.Мерките главно се насочени кон: професионализација на јавната администрација; вработување и унапредување на државни службеници само врз основа на работното искуство, знаењето и остварените резултати; намалување на дискреционите права на раководителите на државните институции за избор на вработените; воведување на систем на награди и казни за државните службеници; ограничување на просторот на разни комисии да одлучуваат арбитрарно; јасно дефинирање, усогласување, унифицирање и објавување на сите услови и документи што се потребни за добивање на услугите од јавната администрација, како и автоматизација на одредени услуги. Центарот им препорачува на сите релевантни институции да ги преземат мерките во интерес на генералните заложби за намалување на корупцијата во Република Македонија.  

Центарот за граѓански комуникации на 02 октомври ги достави предлог мерките за стеснување на просторот за корупција во бесправното градење до надлежните институции и медиуми во земјата. Мерките беа предложени и дискутирани на третата работилница која ја организараше Центарот во текот на месецот септември. Предложените мерки главно се во насока на: засилување и заострување на инспекциските контроли; поефикасно справување и санкционирање на проблемот со бесправните градби, како и зголемување на ризичноста и бесперспективноста на бесправното градење.

Објавени мерките за намалување на корупцијата во јавните претпријатија и установи

Центарот за граѓански комуникации на 23 јули ги објави предлог мерките за намалување на корупцијата во јавните претпријатија и установи. Потребата од преземање на мерки доаѓа од високиот степен на корупција која беше детектирана во овој сектор, овозможена од слабата регулатива и политизацијата на овој сегмент. Сево ова резултираше со ниска продуктивност и загуби во работата на јавните претпријатија и установи, како и во намалување на квалитетот на услугите кои тие ги нудат на граѓаните и бизнис заедницата.Воглавно, предложените мерки се во насока на зацртување на подетални критериуми за селекција и назначување на членови на управните/ надзорните одбори на јавните претпријатија и институции, почитување на професионализмот во оваа област како и зголемување на одговорноста на членовите од управните органи за постигнатите резултати од нивната работа.Предлог мерките може да ги погледнете и превземете од делот извештаи на страницата на Центарот за граѓански комуникации или овде.

Домашни експерти и претставници на надлежните институции и бизнис секторот дискутираа за потребните мерки што треба да се преземат за намалување на корупцијата во јавните набавки. Работилницата се одржа на 3 мај оваа година во НВО Инфоцентарот во организација на Центарот за граѓански комуникации од Скопје. Ова е прва од планираните шест работилници што се дел од проектот за предлагање мерки за намалување на корупцијата во Македонија.