ПочетнаКатегорија

Мониторинг на јавните набавки на локално ниво

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво, којшто ги покажа следниве констатации: - И натаму се намалува и онака ниската конкуренција на локалните тендери. На мониторираните тендери имало протендерите имало една или ниту една понуда. За споредба, во претходниот период, просечниот број понудувачи изнесувал 2,8, а на 29% од тендерите имало по еден или ниту еден понудувач - Иако тендерите траат сè подолго, фирмите имаат сè пократки рокови за изработка и за доставување на своите понуди. Договорните органи најчесто ги определуваат минималните законски рокови за доставување на понудите. Но, за разлика од овие календарски рокови, вистинските рокови што ги имаат фирмите за да ги изработат и да ги достават своите понуди се многу пократки. Постојат случаи во кои фирмите имаат само еден ден за изработка и за доставување на понудата. - Иако задолжителни за сите набавки, е-аукциите се одржале само во 55% од мониторираните тендери. Наспроти тоа, процентот на т.н. е-постапки или тендери кои се спроведуваат целосно по електронски пат изнесува 58%. Просечното намалување на цените за време на е-аукциите изнесувало само 10%. - Бројни се примерите во кои договорните органи постапуваат различно во исти ситуации – кога понудувачите не доставиле целосни понуди. Некои договорни органи бараат дополнување, но други веднаш ги исклучуваат тие понудувачи. Извештајот е достапен овде. За повеќе информации, Ве молиме контактирајте со Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на  center@ccc.org.mk.

Извештај од мониторинг на јавните набавки на локално ниво: Проценетата вредност на набавките – жежок костен за договорните органи СКОПЈЕ, 16 март, 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2014 година кој ги покажа следниве констатации: -Долгоочекуваната и, за фирмите, посакувана новина во јавните набавки – задолжителното објавување на проценетата вредност на набавките, се чини дека за договорните органи е сè уште жежок костен во рацете со којшто, голем дел од нив, не знаат како да се справуваат. Имено, бројни се примерите на тендери во кои настанале одредени проблеми при спроведувањето, а причините за тоа да водат до проценетата вредност на набавката. -Серијата измени во регулативата на јавните набавки, барем во првите месеци од примената, не влијаеле врз зголемување на конкуренцијата кај тендерите на локално ниво. Просечно, на мониторираните тендери, имало  по 2,7 понудувачи, а 38% од тендерите биле со една или со ниедна понуда. -По повеќе од двегодишно стабилизирање на околу 15%, поништувањето на тендерите на локално ниво повторно е во пораст и изнесува 20%. За разлика од порано, кога главна причина за поништувањето беше немањето понуди, сега главна причина се неповолните цени. -Просечното времетраење на постапките за јавни набавки од мониторираниот примерок – од објавување на огласот до склучување на договорот – изнесува 33 дена, што е мало подобрување во однос на претходниот период. Но, се зголемува времетраењето на тендерите воопшто – од донесувањето на одлуката да се набави...

Целта на мониторингот е да се оцени дали и во колкава мера државните институции ги почитуваат основните принципи во трошењето на јавните пари, а стипулирани и во самиот закон – конкуренција меѓу фирмите, нивен еднаков третман и недискриминација, транспарентност и интегритет при спроведување на постапките и рационално и ефикасно искористување на парите.