Двата најчести проблеми со кои се соочуваат фирмите се најниската цена како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки и задоцнетото плаќање за извршените договори.
Двата најчести проблеми со кои се соочуваат фирмите се најниската цена како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки и задоцнетото плаќање за извршените договори.
Ниската конкуренција кај тендерите на локално ниво и натаму се намалува, и покрај серијата законски измени во овој период коишто требаше да влијаат во спротивна насока и да го зголемат бројот на учесници во постапките за јавни набавки.
Ниското ниво на конкуренција, со што се доведува во прашање ефективноста во трошењето на јавни пари, останува обележје на тендерите и во првата половина од 2015 година.
Советот за јавни набавки во првите месеци од работата го зголеми административното оптоварување во спроведувањето на тендерите, но не и конкуренцијата.
Вредноста на јавни набавки може да се смета за релевантен показател за тоа колку пари потрошиле општините, како за своето функционирање така и за извршување на обврските од нивна надлежност, бидејќи освен за исплата на плати и надоместоци за вработените, за комуналии и сл., речиси за сите други трошоци над 500 евра општините се должни да распишат тендер.
Анкета со фирмите за нивното искуство во јавните набавки
Центарот за граѓански комуникации денеска гo објави мониторинг извештајот во кој е содржано истражување на фирмите за нивното искуство во јавните набавки и споредбена анализа за правната заштита во постапките за јавни набавки и за административните трошоци за остварување на правната заштита на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Унгарија и Чешка Република.
Транспарентноста и натаму е еден од главните проблеми во јавните набавки во земјава. Има државни институции кои не ги објавуваат или ги објавуваат со задоцнување податоците за тендерите, за чиешто објавување се обврзани со Законот за јавните набавки, како и такви кои не ги доставуваат податоците како одговор на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер на што, пак, се обврзани според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Голем дел од фирмите кои учествуваат на тендерите не успеваат со своите понуди да стигнат до фазата на евалуација. Притоа, причини за отфрлање на нивните понуди се административните пропусти и неисполнувањето на поставените услови во тендерската документација.
Вредноста на договорите склучени преку преговарање без претходно објавување оглас бележи голем пораст во првото тромесечје од годинава, во пресрет на стапувањето на сила на законските измени со кои склучувањето на дел од ваквите договори би требало да биде намалено.