ПочетнаКатегорија

Мониторинг на јавните набавки

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Во 2023 година, склучени се договори за јавни набавки во вредност од 92 милијарди денари, односно околу 1,5 милијарда евра, што е 35 % повеќе од претходната година.

Во дел од постапките за јавни набавки се донесуваат одлуки без соодветни и прецизни образложенија, со што се создава правна несигурност кај учесниците во постапките и расте сомнежот во објективноста и законитоста на постапувањата.

Ова е седми последователен извештај за евалуација на состојбите во јавните набавки и корупциски ризици откриени во секоја фаза од јавните набавки за целиот Западен Балкан земји развиени од Balkan Tender Watch Coalition и врз основа на нејзината единствена методологија - алатката за бенчмаркинг.

Роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90 % од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци.

Зголемена е вредноста на договорите склучени низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Вкупната вредност на овие договори во 2021 година изнесува 46 милиони евра, што е за 16 милиони евра повеќе од 2020 година.

Од почетокот на пандемијата во март 2020 година до крајот на 2021 година, во земјата се спровел 581 тендер за КОВИД-19, во вкупна вредност од 33 милиони евра. Најмногу пари за КОВИД-19 потрошиле министерствата за здравство и за внатрешни работи, а од короната најмногу се офајдиле фирмите „Д-р Пановски“, „Технички гасови“ и „Биотек“.

Генерален заклучок од мониторингот е дека и во 2021 година јавните набавки поврзани со КОВИД-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, иако зад институциите е цела една кризна година на искуство, каква што беше 2020.

Постојат големи разлики помеѓу 28-те ковид-центри кои беа предмет на анализата во периодот од 1 октомври 2020 до 31 март 2021 година, како во однос на бројот на ангажираниот медицински персонал, потрошените лекови за третман на хоспитализираните пациенти, дадената кислородна поддршка, потрошените маски така и во однос на бројот на просечни денови на хоспитализација и стапката на смртност на пациенти.

Толку честата примена на електронската аукција во тендерите може да значи дека учесниците во јавните набавки не ги напуштаат веќе разработените механизми за манипулации и корупција.

Целта на оваа анализа е да ги мапира ризиците од корупција во јавните набавки низ сите фази во кои тие се спроведуваат, односно низ планирањето на набавките, спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализацијата на склучените договори. Анализата е изготвена врз основа на детален скрининг на 103 постапки за јавни набавки и дополнителна проверка на цените што се постигнати во набавките на дополнителни 64 тендери спроведени од страна на овие акционерски друштва и јавни претпријатија, за изготвување на индексот на рационалност.

Институциите не практикуваат консултации со бизнис-секторот во насока на подобрување на тендерските документации, а со тоа и на самиот процес на јавните набавки. Во првото полугодие од 2020 година, објавени се повици за технички дијалог само за 1,4 % од тендерите.

Истовремено со избивањето и раширувањето на кризата со коронавирусот се наметна и потребата од итни набавки на стоки, услуги и работи за заштита и спречување на ширењето на заразата од овој вирус.

Честите поништувања на тендерите, причините за поништувањето и големината на тендерите за кои се носат вакви одлуки ја птвораат дилемата дали со поништувањата се прикриваат слабостите во спроведувањето на постапките за јавни набавки или, пак, манипулациите.

Состојбата со новиот коронавирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава наметнуваат потреба од итни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од овој вирус.

Старите навики се посилни од новиот Закон за јавните набавки. ’Најниската ценаʻ и електронската аукција остануваат неприкосновени и во првите три месеци од примената на Законот.

Зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на лотови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата.

Вредноста на договорите склучени преку преговарање без претходно објавување оглас бележи голем пораст во првото тромесечје од годинава, во пресрет на стапувањето на сила на законските измени со кои склучувањето на дел од ваквите договори би требало да биде намалено.

Конкуренцијата во јавните набавки во 2013 година остана ниска. Просечниот број на добиените понуди на тендерите во текот на 2013 година, во мониторираниот примерок од 160 постапки, изнесува 2,6, а на повеќе од третина од тендерите учествува само по една фирма.

За 52% е зголемена вредноста на јавните пари потрошени преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас, во периодот од јули до септември 2013 година во однос на истиот период лани.

Дел од институциите не ја почитуваат задолжителната законска обврска – во подготовката на техничките спецификации за јавните набавки над 130.000 евра да ги вклучуваат и фирмите преку водење на т.н. технички дијалог.

Секој четврти договор за јавна набавка во мониторираниот примерок е склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени.

Во одредени случаи, мониторингот на јавните набавки на локално ниво, покажува прекршувања на Законот за јавните набавки за кои постои дилема дали се свесни или, пак, сосема случајни, поради недоволно познавање на Законот. Од друга страна, пак, и самиот Закон има одредени недоречености кои им создаваат забуна на оние што го применуваат, поради што се јавуваат и различни толкувања во практиката.

Законски задолжителната е-аукција не се закажала во 40% од мониторираниот примерок, додека кај секоја четврта спроведена еаукција не се намалила почетната цена. Иако просечниот број на поднесени понуди по тендер изнесува 3,47 и е повисок во однос на претходните квартали, сепак на 45% тендери од мониторираниот примерок немало задоволителна конкуренција.

Проблемот со поништувањата добива исклучително силен интензитет во поголемите тендери, односно во т.н. отворени постапки за набавка на стоки и услуги во вредност поголема од 20.000 евра и за изведување работи над 50.000 евра.

Анализата во овој извештај е направена врз основа на мониторинг на избран примерок од 40 постапки на договорни органи на централно ниво, чиешто јавно отворање на понудите се одвиваше во периодот од април до јуни 2012 година.

Договорните органи свесно или несвесно придонесуваат кон отежнато учество на фирмите во постапките за јавни набавки и со тоа кон намалување на конкуренцијата што е еден од принципите на јавните набавки.

Предмет на истражување, а со тоа и на оваа анализа за односот на општините кон јавните набавки беа актуелните практики во 21 општина во Македонија, или во дури ¼ од сите општини во земјава.

Во половина од мониторираните тендери планираната електронска аукција не се одржала поради тоа што била доставена само една понуда или само една понуда била оценета како прифатлива.

Проблемот со поништувањата на постапките за јавни набавки се заострува. Евидентиран е рекордно висок број на поништени тендери во второто тромесечје од годинава, најголем во изминатите 3 години од почетокот на мониторингот на јавните набавки.

Анализата на процесот на јавни набавки во РМ се прави врз основа на мониторинг на случајно избрани постапки за јавни набавки. Мониторингот започнува од објавите на повиците, преку присуство на јавните отворања, до собирање податоци за текот на постапката преку длабински интервјуа и структурирани прашалници кои им се доставуваат на економските оператори, како и од податоците собрани од договорните органи преку барања за пристап до информации од јавен карактер.

Критериумите за квалификација на фирмите за учество на тендерите ја ограничуваат конкуренцијата и фаворизираат одредени понудувачи. Во речиси половина од мониторираните постапки понуди доставиле по максимум две фирми со што продолжува трендот на мала конкуренција во значаен дел од тендерите.

Економските оператори не можат да го остварат правото на увид во документацијата од постапките за јавни набавки во кои учествувале. Со оневозможувањето на увид во документацијата за спроведените постапки за јавни набавки, само се зголемува впечатокот на компаниите дека постапката не обезбедила фер натпревар и дека нивниот сомнеж за нерегуларности е оправдан.

Опаѓа интересот на компаниите за учество во јавните набавки, vо дури 40% од мониторираните постапки понуди доставиле само една или две компании, секој четврти тендер е поништен, се користат спорни елементи при изборот на најповолна понуда.

Се продлабочува проблемот со користење на критериуми за бодување на понудите со кои не се гарантира избор на најповолна понуда, односно рационално и ефикасно трошење на јавните пари.

Центарот за граѓански комуникации на 29 декември 2009 година го презентираше четвртиот квартален Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки, кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на правната заштита во постапките за јавни набавки.

Анализата на јавните набавки на централно ниво во РМ, во текот на третиот квартал на мониторинг констатираше: зголемување на трендот на поништување на постапките, користење „манипулативни“ елементи за избор, многу ниско ниво на учество на електронските набавки...

Констатирани се висок процент на поништување на јавните набавки, субјективно одредување на критериумите за избор на најповолна понуда, одолговлекување на донесувањето одлуки, мал број постапки преку е-аукција и др.

Првата квартална анализа на спроведувањето на јавните набавки во РМ беше објавена на 26 февруари 2009 година.Целта на анализата е да оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот Закон за јавни набавки и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства кај набавките.Извештајот може да се погледне и преземе тука (.pdf)