ПочетнаКатегорија

Мониторинг на јавните набавки на локално ниво

Вредноста на јавни набавки може да се смета за релевантен показател за тоа колку пари потрошиле општините, како за своето функционирање така и за извршување на обврските од нивна надлежност, бидејќи освен за исплата на плати и надоместоци за вработените, за комуналии и сл., речиси за сите други трошоци над 500 евра општините се должни да распишат тендер.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2014 година

Целта на мониторингот е да се оцени дали и во колкава мера државните институции ги почитуваат основните принципи во трошењето на јавните пари, а стипулирани и во самиот закон – конкуренција меѓу фирмите, нивен еднаков третман и недискриминација, транспарентност и интегритет при спроведување на постапките и рационално и ефикасно искористување на парите.

Во одредени случаи, мониторингот на јавните набавки на локално ниво, покажува прекршувања на Законот за јавните набавки за кои постои дилема дали се свесни или, пак, сосема случајни, поради недоволно познавање на Законот.