ПочетнаКатегорија

Извештаи

Истражувањето Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби кое открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија  формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени.   Застарени ГУП-ови, често менување на ДУП-ови и голем број дивоградби PPU të vjetruara, ndryshim i shpeshtë i PDU-ve, numër i madh...

Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување. Преземете го истражувањето на македонски, албански и англиски јазик со кликнување на соодветната слика:

Стандардите врз основа на коишто е направена оценката на транспарентноста и на отчетноста на претпријатијата во државна сопственост се утврдени преку анализа на релевантната законска регулатива и на меѓународните стандарди. Оттука, доминантен дел од избраните стандарди се законски обврзувачки за претпријатијата, а помал дел се стандарди што се сметаат за добра практика.

1. Да се оневозможи градителот на нелегална градба во периодот до легализација или уривање на таа градба да ужива судска заштита што му припаѓа на сопственик, преку измени на Законот за сопственост и други стварни права;2. Урбанистичките планови да се користат за планирање на просторот, а не за легализација на бесправните градби, односно за потврда на фактичката состојба;3. Да се оневозможи ретроактивно издавање на одобрение за градење за објекти што се веќе изградени;4. Да се додели јавно овластување на приватни извршители за спроведување на конечните, извршни решенија за уривање на бесправните градби и воедно да се овозможи судските постапки да имаат третман на итно постапување;5. Потранспарентно донесување и изменување на законите од оваа област со широка инволвираност на сите релевантни институции во земјава;6. Да се преиспита најавеното враќање на можноста за изградба и постоење на т.н. времени објекти;7. Да се дефинираат јасни критериуми за пренамена на објектите за вршење на одредена дејност;8. Градежните инспектори редовно да ја контролираат состојбата на теренот наместо да реагираат само на пријава, за да може нелегалните градби да се откриваат уште на самиот почеток;9. Воведување на тесни временски рамки во кои градежните инспектори мораат да реагираат на бесправните градби;10. Да се зголеми бројот на градежните инспектори и на локално и на централно ниво и да се утврдат законски критериуми за покриеност на територијата на населени места со инспекција;11. Зголемување на буџетските пари наменети за извршување на решенијата за уривање на бесправните градби и утврдување на законска процедура за побрзо и поефикасно наплатување на трошоците за уривање од бесправните градители;12. Одвојување...

1.  Да се воведе задолжителна анти-корупциска настава во основното образование за поимот и видовите на корупција, како и за штетните последици од неа; 2. Да се воведат антикорупциски одредби во законите за образование со кои ќе се спречуваат конфликтот на интерес, непотизмот, кронизмот, забрана за вршење образовна работа за лица за кои со судска пресуда биде утврдено дека земале поткуп и сл. 3. Да се воспостават строги критериуми за квалитет при одобрување на литературата што ќе се користи во училиштата и постапката за избор на литературата да биде транспарентна; 4. Да се засили контролата за да се спречи издавање на учебници чии автори и нивни блиски роднини и пријатели се вработени во Министерството за образование; 5. Да се овозможи и охрабри пријавување од страна на наставниците и директорите на случаи кога врз нив се врши притисок за користење на одредени учебници; 6. Да се овозможи поголема вклученост на родителските одбори при изборот на директори на училиштата и при оценка на работата на наставничкиот кадар; 7. Да се овозможи активно вклучување на родителите во изборот на најповолни понудувачи при спроведување на набавките во училиштата (екскурзии, униформи, поправки и др.); 8. Да се поттикне формирање на фондови за поддршка на училиштата како алтернатива на директното нудење или барање услуги од родителите чии деца учат во училиштата; 9. Да се воведе ротирачко членство на професорите, асистентите и другите кадри во одборите и комисиите на факултетите и универзитетите; 10. Да се донесат применливи етички кодекси за наставниците, академскиот кадар, административниот кадар и за студентите; 11. Да се детализираат испитните...

1. Државниот завод за ревизија да ги зајакне ревизиите во Фондот за здравствено осигурување, клиниките, другите јавни здравствени установи и во приватните организации за делот на средствата кои ги користат за финансирање од Фондот за здравствено осигурување;2. Да се назначат овластен сметководител и овластен внатрешен ревизор во сите јавни здравствени установи, поединечно или заеднички, зависно од големината на установата;3. Да се воспостават процедури за детално и прецизно пропишување на начинот на работење во здравствените установи;4. Да се воспостави точна евиденција на материјално-финансиското работење во здравствените установи;5. Да се дефинираат механизми за зајакнување на одговорноста, отчетноста и транспарентноста во работењето на здравствените установи;6. Да се воспостави и применува зајакнат систем на внатрешни контроли во здравствените установи;    7. Да се воспостави сметководствен систем на евиденција во согласност со начелото на парично искажување на промените;8. Групните набавки да се регулираат со договори во кои меѓудругото ќе се утврдат и количините за секоја здравствена установа;9. Да се воспостави ажурна сметководствена евиденција во сите здравствени установи;10. Да се спроведат пописи во сите здравствени установи и да се пропишат процедури за управување и располагање со залихите;11. Да се преземат правни мерки за наплата на побарувањата од Фондот за здравствено осигурување во законски рок;12. Да се прекине долгогодишната практика раководните лица во клиниките, Фондот за здравствено осигурување и другите здравствени установи да се поставуваат според партиска и роднинска припадност;13. Да се воведат процедури за следење и контрола на реализацијата на склучените договорите за јавни набавки во здравствените установи;14. Да се спроведат обуки за луѓето кои учествуваат во постапките за јавни набавки;15. Државната...