ПочетнаКатегорија

Истражувања на јавните трошења

Транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки за 2018 година. Целото истражување можете да го преземете овде.

Транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки за 2018 година. Целото истражување можете да го преземете овде.

Истражување проследено со отворена база на податоци за членовите на управните и на надзорните одбори на 30 најголеми претпријатија во земјата.

Министерствата и општините поседуваат вкупно 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност. Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра.

Општините и Градот Скопје во 2016 година исплатиле вкупно 273 милиони денари, односно 4,4 милиони евра од буџетската линија 463 - трансфери до невладини организации, што претставува 80% од планираните средства за оваа намена.

Книга на практики и препораки (.pdf)Една од главните цели на децентрализацијата е да ги направи локалните власти поодговорни кон потребите на локалните заедници. Сепак, шест години по воведувањето на овој процес, истражувањата покажуваат дека граѓаните сè уште не се задоволни од начинот на кој локалната самоуправа се справува со нивните проблеми и како таа го организира животот и работата на локалните заедници.Во најголемиот дел од општините во земјава, граѓаните недоволно учествуваат во процесот на донесувањето на одлуките и во креирањето на локалните политики, а локалните власти не се доволно транспарентни, отчетни и одговорни во своето работење. Освен ова, граѓаните сè уште не се доволно запознаени со улогата и со значењето на општините во локалните заедници.Оттука, се наметнува потребата од обезбедување помош на општините за да развијат и да применуваат ефикасни механизми за потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење, како и механизми кои ќе овозможат и ќе поттикнуваат редовно учество на граѓаните, бизнисмените и претставниците на невладините организации во донесувањето одлуки и во креирањето на локалните политики. Од друга страна, постојат општини кои применуваат одредени успешни практики  кои покажуваат резултати и кои служат како успешни примери што можат да ги следат и да ги применуваат другите општини.Повеќе од една година, три домашни невладини организации, НВО Инфоцентар, Центар за граѓански комуникации и ЕХО, поддржани од УСАИД, работат врз зголемување на довербата и соработката меѓу граѓаните, бизнисмените, граѓанските организации и локалните власти во Македонија, преку воведување и заживување механизми за потранспарентно, поодговорно и поотчетно работење на локалните самоуправи; преку охрабрување за поголемо учество на граѓаните во процесот на донесувањето...

1. Менаџерите на јавните претпријатија и установи задолжително да се избираат преку јавен конкурс и според нивните стручни квалификации и компетентност;2. Доследно да се применува и почитува институцијата менаџерски договор во кој точно ќе се наведат правата, обврските и одговорностите во работењето на менаџерите;3. Да се предвидат подетални услови и критериуми што треба да се исполнат за едно лице да биде именувано или избрано за член на органите на управување во јавните претпријатија и установи;4. Да се предвиди законска обврска со која одлуките за именување на членови на органите на управување на јавните претпријатија и установи (директори, управни одбори, надзорни одбори, одбори за контрола на материјално-фанансиското работење) задолжително ќе содржат целосни податоци за идентификација и за потврда на стручноста и компетентноста на тие членови (назив и адреса на органот во кој се избрани, именувани или вработени, адреса на живеење, стручна подготовка, работно искуство и сл.);5. Да се предвиди законска обврска за задолжително јавно објавување на податоците за идентификација и потврда на стручноста и компетентноста на членовите на органите на управување на јавните претпријатија и установи;6. Да се воведе регистар за лицата кои се именувани или избрани за членови во органите на управување на јавните претпријатија и установи;7. Да се воведе задолжително примопредавање на функциите при секоја промена на директорите на јавните претпријатија и установи;8. Да се намали законски препорачаниот број на членови на управните одбори на јавните претпријатија од сегашните 5 до 15 членови на 3 до 5 членови;9. Доследно да се почитува законската одредба за потребните квалификации што треба да ги имаат лицата кои...