Ниту едно министерство или општина во земјава немаат високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки
Ниту едно министерство или општина во земјава немаат високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки
Доцнењето на Министерството за образование и наука (МОН) да изготви подзаконски акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки, им овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите.
Истражувањето Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби кое открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени. Преземети ги публикациите овде: МК: Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби AL: PPU të vjetruara, ndryshim i shpeshtë i PDU-ve, numër i madh objektesh të ndërtuara pa leje dhe mbikëqyrje e dobët inspektuese në komunat EN: Outdated GUPs, frequent changing of DUPs, a large number of illegal buildings and a weak inspection supervision in the municipalities
Истражувањето открива дека општините, преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 % од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и кои, во одредени општини, добивале и по еден милион евра годишно. Преземете го истражувањето овде: ТРОШКИ ЗА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ ВО ОПШТИНСКИТЕ БУЏЕТИ SHPENZIME PËR SHOQATAT QYTETARE NË BUXHETET E KOMUNAVE TRIFLES LEFT FOR THE CITIZENS’ ASSOCIATIONS IN THE MUNICIPAL BUDGETS
Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година иницијално е усвоен со проектирани расходи на ниво од 284 милијарди денари (4,6 милијарди евра). Со измените и дополнувањата на буџетот извршени во јули 2022 година, расходите се зголемени за 5,73 %, односно за 16 милијарди денари (265 милиони евра). По ребалансот од месец јули, во ноември и декември 2022 година донесени се и две одлуки за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Буџетот е реализиран на ниво од 96,28 %, односно во износ од 291 милијарди денари (4,7 милијарди евра).
Бројни патишта и улици, булевари, тротоари, плоштади, комунална инфраструктура, градинки и училишта, гасификации на општините – останале нереализирани во 2022 година бидејќи локалните власти, со ребалансите на буџетите, ги скратиле овие проекти од своите планови за капитални инвестиции, за сметка на поголемите трошоци за енергија во екот на енергетската и економската криза. Не се реализирале целосно ниту проектите што успеале да ги „преживеат“ ребалансите, бидејќи сепак останале само на хартија во ревидираните буџети. За време на оваа голема енергетска криза кога цените на енергијата, но и на сите останати производи, се вивнаа до плафон, достигнувајќи годишна стапка на инфлација речиси до 20 % во октомври лани, општините со ребалансите всушност ги зголемиле своите планови за трошење, но за тековни потреби. Почетните буџети на општините во 2022 година изнесувале 45.050.433.609 денари (732.527.375 евра). Со ребалансите на буџетите, оваа сума е дури зголемена за 5,24 %, односно за 2.361.703.989 денари (38.401.691 евра). Со тоа, вкупниот буџет на сите ЕЛС достигнал 47.412.137.598 денари (770.929.066 евра), но, на крајот од годината, реализирани се 83,73 % од оваа сума, односно 39.697.534.979 денари (645.488.374 евра).
Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025, подготвена од Државната комисија за спречување на корупција и усвоена од Собранието на РСМ, го вбројува спортот како еден од секторите подложни на корупција.
Во земјава речиси не постојат т.н. зелени или одржливи набавки, иако поминаа повеќе од три години од примената на новиот Закон за јавните набавки (усогласен со последните директиви на ЕУ), којшто сугерира да се води сметка за влијанието на набавките врз животната средина.
This Report represents the compilation of evidence-based finding and views of the Balkan Tender Watch coalition. Besides analyzing public procurement systems through main basic quantitative indicators of the functioning of the system and the impact of public procurement on the economic and social system, in this Report we tried to incorporate EU perspective, through analysis of EC Country Reports, statements and views dedicated to the area of public procurement. As we mentioned earlier, Covid-19 virus pandemic strongly affected all areas of life but also situation in public procurement systems of our countries. One chapter of this Report is precisely because of that dedicated to the findings and views of the Balkan Tender Watch Coalition regarding state of public procurement systems during pandemic. In the very end, we have identified and pointed out main corruption risks in the public procurement cycle in each of our countries. Based on our work results and experience from the past ten years and of course based on knowledge and capacities that our Coalition posses we formulated concrete regional recommendations for improvement of public procurement systems in observed WB countries.
За разлика од украсувањето на улиците кое главно беше откажано, продолжи практиката на институциите за купување новогодишни пакетчиња. За оваа намена се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена. Тендери за купување пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра – колку што изнесува вредносниот праг под кој што не важи Законот за јавните набавки. Целото истражување прочитатјте го на следниот линк.
Тендери за зимско одржување на улици и патишта имале 36 општини и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија, државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, АД Електрани и Министерството за внатрешни работи.
Редовен годишен извештај во сенка за состојбите во јавните набавки во Северна Македонија кој дава осврт на позначајните аспекти и пробеми при спроведувањето на набавките, како и препораки за унапредување.
За експлоатација на минералните суровини државата наплатува само 8 милиони евра годишно
Повеќе од осум милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона
За украсување на Градот Скопје и уште 15 други општини во земјава за Новата 2021 година се потрошени вкупно 405 илјади евра, што е за 40 % помалку од лани.
Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија 2015-2019 година
Најголеми годишни трошоци за советниците од 214 илјади евра има Градот Скопје. Следува Куманово со околу 115 илјади евра, а на следните три позиции се Тетово, Битола и Гостивар со годишни трошоци од околу 104 илјади евра.
Редовен, годишен извештај во сенка за состојбата во јавните набавки во Северна Македонија.
„Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?“
Транспарентноста е општоприфатен основен принцип на јавните набавки. Таа ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција.
1. Менаџерите на јавните претпријатија и установи задолжително да се избираат преку јавен конкурс и според нивните стручни квалификации и компетентност;2. Доследно да се применува и почитува институцијата менаџерски договор во кој точно ќе се наведат правата, обврските и одговорностите во работењето на менаџерите;3. Да се предвидат подетални услови и критериуми што треба да се исполнат за едно лице да биде именувано или избрано за член на органите на управување во јавните претпријатија и установи;4. Да се предвиди законска обврска со која одлуките за именување на членови на органите на управување на јавните претпријатија и установи (директори, управни одбори, надзорни одбори, одбори за контрола на материјално-фанансиското работење) задолжително ќе содржат целосни податоци за идентификација и за потврда на стручноста и компетентноста на тие членови (назив и адреса на органот во кој се избрани, именувани или вработени, адреса на живеење, стручна подготовка, работно искуство и сл.);5. Да се предвиди законска обврска за задолжително јавно објавување на податоците за идентификација и потврда на стручноста и компетентноста на членовите на органите на управување на јавните претпријатија и установи;6. Да се воведе регистар за лицата кои се именувани или избрани за членови во органите на управување на јавните претпријатија и установи;7. Да се воведе задолжително примопредавање на функциите при секоја промена на директорите на јавните претпријатија и установи;8. Да се намали законски препорачаниот број на членови на управните одбори на јавните претпријатија од сегашните 5 до 15 членови на 3 до 5 членови;9. Доследно да се почитува законската одредба за потребните квалификации што треба да ги имаат лицата кои...