ПочетнаКатегорија

Истражувања

Ниту една од мониторираните општини не презема други активности за информирање на граѓаните, односно донесените одлуки за продажба на земјиште и склучените договори со купувачите не ги објавуваат ниту на своите веб-страници.

Истражување за бројот на ученици во основното и во средното образование

Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10%. Бројот на средношколци е намален за 20 %, односно за повеќе од 17 илјади ученици.

Вредноста на јавните набавки во Република Северна Македонија учествува во Буџетот на државата со 24%, а во бруто домашниот производ со 8 %. Јавните набавки, чија вредност на годишно ниво надминува 1 милијарда евра, се особено подложни на корупција.

Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава.

Доцнењето на Министерството за образование и наука (МОН) да изготви подзаконски акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки, им овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите.

Истражувањето Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби кое открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија  формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени.   Застарени ГУП-ови, често менување на ДУП-ови и голем број дивоградби PPU të vjetruara, ndryshim i shpeshtë i PDU-ve, numër i madh...

Има огромни разлики во можностите за здравствена заштита на жителите на 30-те градови во земјава. Подобро стојат големите, а полошо помалите градови. Но, меѓу малите градови најдобро стојат Виница и Делчево, а меѓу големите, најлошо стојат Кичево и Кочани.

Истражувањето открива дека општините, преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 % од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и кои, во одредени општини, добивале и по еден милион евра годишно.