Книга на практики и препораки (.pdf)Една од главните цели на децентрализацијата е да ги направи локалните власти поодговорни кон потребите на локалните заедници. Сепак, шест години по воведувањето на овој процес, истражувањата покажуваат дека граѓаните сè уште не се задоволни од начинот на кој локалната самоуправа се справува со нивните проблеми и како таа го организира животот и работата на локалните заедници.Во најголемиот дел од општините во земјава, граѓаните недоволно учествуваат во процесот на донесувањето на одлуките и во креирањето на локалните политики, а локалните власти не се доволно транспарентни, отчетни и одговорни во своето работење. Освен ова, граѓаните сè уште не се доволно запознаени со улогата и со значењето на општините во локалните заедници.Оттука, се наметнува потребата од обезбедување помош на општините за да развијат и да применуваат ефикасни механизми за потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење, како и механизми кои ќе овозможат и ќе поттикнуваат редовно учество на граѓаните, бизнисмените и претставниците на невладините организации во донесувањето одлуки и во креирањето на локалните политики. Од друга страна, постојат општини кои применуваат одредени успешни практики кои покажуваат резултати и кои служат како успешни примери што можат да ги следат и да ги применуваат другите општини.Повеќе од една година, три домашни невладини организации, НВО Инфоцентар, Центар за граѓански комуникации и ЕХО, поддржани од УСАИД, работат врз зголемување на довербата и соработката меѓу граѓаните, бизнисмените, граѓанските организации и локалните власти во Македонија, преку воведување и заживување механизми за потранспарентно, поодговорно и поотчетно работење на локалните самоуправи; преку охрабрување за поголемо учество на граѓаните во процесот на донесувањето...