ПочетнаКатегорија

Други публикации

Две моќни институции, Светската банка и Обединетите нации го искористија Меѓународниот антикорупциски ден, 9 декември, да испратат многу моќни пораки за засилување на глобалната борба против корупцијата.Светската банка повика на создавање глобална алијанса за полесно следење на поголемите случаи на корупција, особено на оние кон кои посочувала оваа институција.

Поранешен министер за одбрана и пратеник на владејачката партија во Хрватска и поранешен потпретседател на САД се под истрага за корупција, едниот за наводна нелегална јавна набавка, а другиот за давање поткуп на нигериски државјанин за бизнис со природен гас. Во исто време, хрватскиот претседател одликуваше неколкумина храбри граѓани кои биле подготвени да ги ризикуваат своите животи во борбата против корупцијата и организираниот криминал.Во Бугарија, пак, спротивна состојба. Анализата на новинарката Борјана Џамбазова укажува дека поради невнимателната работа на полицијата и поради стравот на судиите од луѓето кои ги судат – многу луѓе судени за криминал и корупција излегуваат слободни.

Корупцијата е навлезена и во спортот. И тоа во оној врвниот. Светската фудбалска федерација мораше да суспендира двајца членови од своето раководство откако се обелодени дека ги продале своите гласови за местото на одржување на следното светско првенство во фудбал. Поттикната од сè почестите корупциски скандали на своја територија, Швајцарија, земјата во која своето седиште го имаат многу светски организации, најави заострување на антикорупциската регулатива. На Косово, пак, Владата мораше да се откаже од договорот со една американска фирма за лобирање која била избрана по пат на директно преговарање и без учество на други фирми, но само откако аферата беше обелоденета од медиумите. Светските научници откриваат и докажуваат поврзаност на корупцијата со други општествени појави во земјите од светот, како што се нивото на економски развој, почитување на човековите права и сл., и тврдат дека корупцијата е симптом на длабоки економски и социјални болести во општеството.Во овој број на месечникот, во целост ги пренесуваме деловите за антикорупција и јавни набавки од последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во подготовките за членство во Европската Унија.

Корупцијата во приватниот сектор и борбата против неа е тема за која се почесто се зборува во светот, а за која пишувавме и во едно од минатите изданија на месечникот. Соочена со корупциски скандал во Америка, каде се откри дека плаќала поткуп од милиони долари на влади ширум светот за да добие договори за јавни набавки, реномираната автомобилска компанија Даимлер сега ќе отвора специјално работно место за директор кој ќе внимава дали компанијата ги почитува законите и деловната етика во своето работење. Во Хрватска, пак, приведен е првиот цариник во државата и до скоро главен благајник на владејачката парија под сомнение дека терал државни институции да најмуваат една фирма за ПР услуги без притоа да спроведат постапки за јавна набавка. Во соседна Србија – една интернет новинска агенција објави т.н. ценовник на корупцијата, односно список со јавни услуги и митото што се плаќа за нивно добивање. Податоците се земени од јавувањата на граѓаните на скоро отворениот интернет-портал за пријавување на случаи на корупција Pištaljka. Според овој ценовник, за завршување факултет без да се полагаат испитите треба да се плати мито од 16.000 евра, легализирањето на куќа чини 20.000 евра, а вработување на лекар и до 8.000 евра. Најкорупирани според овој список се лекарите, а економистите тврдат дека економската криза ја зголемува корупцијата. На 28 септември, светот го одбележа денот на слободниот пристап до информации од јавен карактер или како што е наречен „Меѓународен ден на правото да се знае“. Вистински повод за анализа колку Македонија е блиска до меѓународните стандарди за слободен...

Стотина поранешни градоначалници, општински советници, бизнисмени и адвокати се соочуваат со вкупна казна затвор од 500 години и парична казна од една милијарда евра ако се докаже дека се виновни за обвинувањата за корупција при издавањето дозволи за градба и при продавањето државно земјиште во Марбелја, едно од најелитните и надалеку познатите одморалишта на југот од Шпанија.

Во овој број Неколку невладини организации во Србија решија – против корупцијата да се борат со свирче! Формираа специјален интернет-портал преку кој секој граѓанин може да пријави корупција, односно да свирне со свирчето, а новинарите вработени во овој портал потоа ќе ги истражат сознанијата од таквите јавувања и ќе ја алармираат пошироката јавност.

Само два месеци откако на овие страници го читавте ексклузивното интервју со водечкиот регионален антикорупционер, првиот човек на словенечката комисија за спречување на корупцијата и претседавач со ГРЕКО, Драго Кос, во овој број со гордост ви претставуваме уште едно ексклузивно интервју. Професорката на Универзитетот Јеил и еден од водечките светски истражувачи на корупцијата, д-р Сјузан Роуз-Ејкерман, само преку Месечникот за антикорупција порачува што треба да преземе една влада за да може да се нарече антикорупциска.

Пред вас е најновото издание на Месечникот за антикорупција – МАК. Најнапред, благодарност до сите вас кои одговоривте и ни го испративте назад анкетниот прашалник, со кој сакавме да дознаеме колку сте задоволни од месечникот и да прибереме предлози и сугестии за негово унапредување. За сите кои не го сторија тоа, потсетување и молба да го направат тоа што е можно поскоро, бидејќи вашите мислења се од клучна важност за подобрување на нашата работа. За вашите одговори и сугестии ќе ве информираме во следниот број на месечникот, а во меѓувреме внимателно ги проучуваме за да можеме веднаш да ги примениме во содржините на месечникот. Во овој број пренесуваме два слични примери за казнување на корупцијата во две земји на различни краишта од светот и со различни уредувања и убедувања. САД и Кина казнија видни граѓани поради вмешаност во корупција. И во двете земји, казните се сметаат како порака до општествата за тврдиот став на властите против криминалот. Во соседна Грција, пак, по серијата масовни и насилни протести, Владата мораше да вети дека ќе ја исчисти корупцијата во своите редови за да ја врати довербата на граѓаните. Нашиот постојан соработник, антикорупцискиот експерт Михајлова, се осврнува на потребата од поголема транспарентност на буџетот како клучно средство за учество на граѓаните и за демократска контрола во постапката за донесување на буџетот, но и за трошење на средствата. И овде искуствата од две земји од различни страни на светот покажуваат дека залагањата за отворен буџет значително ја намалуваат корупцијата и ја подобруваат одговорноста на службените лица....

Во овој број Професионализација на членовите на Комисијата за спречување на корупцијата и практична примена на антикорупциските прописи во земјава и предлага, меѓу другото, на Македонија Драго Кос, првиот човек на словенечката Антикорупциска комисија и претседател на ГРЕКО, Групата на земји за борба против корупција при Советот на Европа, во ексклузивното интервју за Месечникот за антикорупција.