Анализа на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија
Анализа на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија
Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште Transparencë e pamjaftueshme dhe çmime të ulëta në shitjen e tokës ndërtimore shtetërore
Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава. Во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021 – 2025) се вели дека овој сектор добива на значење во последните години, поради воведувањето различни еколошки и други дозволи кои деловните субјекти треба да ги имаат за да можат да ги започнат/вршат своите оперативни активности.
Има огромни разлики во можностите за здравствена заштита на жителите на 30-те градови во земјава. Подобро стојат големите, а полошо помалите градови. Но, меѓу малите градови најдобро стојат Виница и Делчево, а меѓу големите, најлошо стојат Кичево и Кочани.
На земјава ѝ недостигаат 52 тимови за итна медицинска помош, за да се задоволи законскиот минимум Истражувањето може да се преземе на следниот линк.
Подготовката на Извештаите во сенка за следење на работата и ефектите од секторските работни групи за 2019, 2020 и 2021 година се спроведе под хипотезата дека секторските работни групи се значајни тела одговорни за креирање и мониторинг на секторските политики во Република Северна Македонија, како и форум за донаторската координација во поддршка на имплементација на политиките.
Општините просечно наплатуваат по 81 % од пресметаниот данок на имот, половина од парите од данок на имот се прибираат од Скопје
Новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер беше донесен на 16 мај 2019 година, а почна да се применува на 30 ноември 2019 година.
Постапката за селекција на членовите на управните и на надзорните одбори на претпријатијата во државна сопственост не е регулирана ниту со закон, ниту со подзаконски акт, ниту со интерни процедури на основачите.
Целта на овој Прирачник е да придонесе за посеопфатно и поквалитетно планирање и управување со јавните средства за задоволување на вистинските потреби и интереси на граѓаните од регионотна Западниот Балкан. За да се обезбеди што поголемо учество на граѓаните во оваа важна област на управувањето со јавните финансии, прирачникот ги сумира клучните чекори во постапките за јавни набавки и го свртува вниманието на воспоставените принципи на целисходноста кон секој од нив. Прирачникот има за цел да даде придонес кон напорите на коалицијата БТВ во најголема можна мера да го прошири фронтот на организации кои со своите активности „бараат одговорност од владите“ и ги заговараат неопходните реформи во земјите од регионот.
Мониторингот на медиумите за процена на квантитетот и квалитетот на истражувачкото и аналитичкото новинарско известување се спроведува во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија.
Основна цел на мониторингот беше да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации за анализа на начинот на кој медиумите во Македонија известуваат за прашањата од поширок општествен интерес детектирани на заедничка дебата меѓу претставници на невладините организации и новинарите.
Најголемо подобрување има кај учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки, следено од подобрувањето во делот на проактивноста на општините спрема локалните заедници, информираноста на граѓаните и отчетноста на општината, додека најмал напредок е констатиран во делот на професионалноста на општинската администрација.
Центарот за граѓански комуникации, залагајќи се за транспарентност, отчетност и одговорност на институциите, останува посветен на напорите за јакнење на улогата на медиумите во општеството, имајќи предвид дека тие се од витално значење за демократијата и за обезбедување услови за одговорно и отчетно работење на носителите на власта.
Демократизација на македонското општество преку подобро информирани граѓани и потранспарентно, поотчетно и поодговорно владеење. Центарот за граѓански комуникации е основан во април 2005 година, како невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани чија главна мисија е да ја подобрува и развива комуникацијата меѓу сите општествени фактори во Република Македонија за процесите од поширока општествена важност, како и да ги набљудува, анализира и унапредува општествено-политичките и економските процеси во земјата, пред сè во областите на антикорупцијата, локалната самоуправа и економскиот развој.Центарот за граѓански комуникации ја остварува својата мисија преку организирање и спроведување на истражувања, анализи, мониторинзи, обуки, семинари и трибини, како и издавање извештаи, публикации и прирачници за работа.Во своето шестгодишно дејствување, Центарот за граѓански комуникации ја фокусира својата работа врз две групи на меѓусебно поврзани активности: мониторинг и откривање на корупциски практики и врз основа на тоа препорачување на мерки и политики за намалување на просторот за корупција и унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите во борбата против корупцијата во земјава.
Прирачник за новинари за истражување и известување за корупција (.pdf)
Две моќни институции, Светската банка и Обединетите нации го искористија Меѓународниот антикорупциски ден, 9 декември, да испратат многу моќни пораки за засилување на глобалната борба против корупцијата.Светската банка повика на создавање глобална алијанса за полесно следење на поголемите случаи на корупција, особено на оние кон кои посочувала оваа институција.
Поранешен министер за одбрана и пратеник на владејачката партија во Хрватска и поранешен потпретседател на САД се под истрага за корупција, едниот за наводна нелегална јавна набавка, а другиот за давање поткуп на нигериски државјанин за бизнис со природен гас. Во исто време, хрватскиот претседател одликуваше неколкумина храбри граѓани кои биле подготвени да ги ризикуваат своите животи во борбата против корупцијата и организираниот криминал.Во Бугарија, пак, спротивна состојба. Анализата на новинарката Борјана Џамбазова укажува дека поради невнимателната работа на полицијата и поради стравот на судиите од луѓето кои ги судат – многу луѓе судени за криминал и корупција излегуваат слободни.
Корупцијата е навлезена и во спортот. И тоа во оној врвниот. Светската фудбалска федерација мораше да суспендира двајца членови од своето раководство откако се обелодени дека ги продале своите гласови за местото на одржување на следното светско првенство во фудбал. Поттикната од сè почестите корупциски скандали на своја територија, Швајцарија, земјата во која своето седиште го имаат многу светски организации, најави заострување на антикорупциската регулатива. На Косово, пак, Владата мораше да се откаже од договорот со една американска фирма за лобирање која била избрана по пат на директно преговарање и без учество на други фирми, но само откако аферата беше обелоденета од медиумите. Светските научници откриваат и докажуваат поврзаност на корупцијата со други општествени појави во земјите од светот, како што се нивото на економски развој, почитување на човековите права и сл., и тврдат дека корупцијата е симптом на длабоки економски и социјални болести во општеството.Во овој број на месечникот, во целост ги пренесуваме деловите за антикорупција и јавни набавки од последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во подготовките за членство во Европската Унија.
Корупцијата во приватниот сектор и борбата против неа е тема за која се почесто се зборува во светот, а за која пишувавме и во едно од минатите изданија на месечникот. Соочена со корупциски скандал во Америка, каде се откри дека плаќала поткуп од милиони долари на влади ширум светот за да добие договори за јавни набавки, реномираната автомобилска компанија Даимлер сега ќе отвора специјално работно место за директор кој ќе внимава дали компанијата ги почитува законите и деловната етика во своето работење. Во Хрватска, пак, приведен е првиот цариник во државата и до скоро главен благајник на владејачката парија под сомнение дека терал државни институции да најмуваат една фирма за ПР услуги без притоа да спроведат постапки за јавна набавка. Во соседна Србија – една интернет новинска агенција објави т.н. ценовник на корупцијата, односно список со јавни услуги и митото што се плаќа за нивно добивање. Податоците се земени од јавувањата на граѓаните на скоро отворениот интернет-портал за пријавување на случаи на корупција Pištaljka. Според овој ценовник, за завршување факултет без да се полагаат испитите треба да се плати мито од 16.000 евра, легализирањето на куќа чини 20.000 евра, а вработување на лекар и до 8.000 евра. Најкорупирани според овој список се лекарите, а економистите тврдат дека економската криза ја зголемува корупцијата. На 28 септември, светот го одбележа денот на слободниот пристап до информации од јавен карактер или како што е наречен „Меѓународен ден на правото да се знае“. Вистински повод за анализа колку Македонија е блиска до меѓународните стандарди за слободен...
Стотина поранешни градоначалници, општински советници, бизнисмени и адвокати се соочуваат со вкупна казна затвор од 500 години и парична казна од една милијарда евра ако се докаже дека се виновни за обвинувањата за корупција при издавањето дозволи за градба и при продавањето државно земјиште во Марбелја, едно од најелитните и надалеку познатите одморалишта на југот од Шпанија.
Во овој број Неколку невладини организации во Србија решија – против корупцијата да се борат со свирче! Формираа специјален интернет-портал преку кој секој граѓанин може да пријави корупција, односно да свирне со свирчето, а новинарите вработени во овој портал потоа ќе ги истражат сознанијата од таквите јавувања и ќе ја алармираат пошироката јавност.
Само два месеци откако на овие страници го читавте ексклузивното интервју со водечкиот регионален антикорупционер, првиот човек на словенечката комисија за спречување на корупцијата и претседавач со ГРЕКО, Драго Кос, во овој број со гордост ви претставуваме уште едно ексклузивно интервју. Професорката на Универзитетот Јеил и еден од водечките светски истражувачи на корупцијата, д-р Сјузан Роуз-Ејкерман, само преку Месечникот за антикорупција порачува што треба да преземе една влада за да може да се нарече антикорупциска.
Пред вас е најновото издание на Месечникот за антикорупција – МАК. Најнапред, благодарност до сите вас кои одговоривте и ни го испративте назад анкетниот прашалник, со кој сакавме да дознаеме колку сте задоволни од месечникот и да прибереме предлози и сугестии за негово унапредување. За сите кои не го сторија тоа, потсетување и молба да го направат тоа што е можно поскоро, бидејќи вашите мислења се од клучна важност за подобрување на нашата работа. За вашите одговори и сугестии ќе ве информираме во следниот број на месечникот, а во меѓувреме внимателно ги проучуваме за да можеме веднаш да ги примениме во содржините на месечникот. Во овој број пренесуваме два слични примери за казнување на корупцијата во две земји на различни краишта од светот и со различни уредувања и убедувања. САД и Кина казнија видни граѓани поради вмешаност во корупција. И во двете земји, казните се сметаат како порака до општествата за тврдиот став на властите против криминалот. Во соседна Грција, пак, по серијата масовни и насилни протести, Владата мораше да вети дека ќе ја исчисти корупцијата во своите редови за да ја врати довербата на граѓаните. Нашиот постојан соработник, антикорупцискиот експерт Михајлова, се осврнува на потребата од поголема транспарентност на буџетот како клучно средство за учество на граѓаните и за демократска контрола во постапката за донесување на буџетот, но и за трошење на средствата. И овде искуствата од две земји од различни страни на светот покажуваат дека залагањата за отворен буџет значително ја намалуваат корупцијата и ја подобруваат одговорноста на службените лица....
Во овој број Професионализација на членовите на Комисијата за спречување на корупцијата и практична примена на антикорупциските прописи во земјава и предлага, меѓу другото, на Македонија Драго Кос, првиот човек на словенечката Антикорупциска комисија и претседател на ГРЕКО, Групата на земји за борба против корупција при Советот на Европа, во ексклузивното интервју за Месечникот за антикорупција.
Од 1 март оваа година, секој граѓанин на Европската Унија ќе може анонимно да пријави сомневање за измама и корупција на Интернет, преку новиот електронски систем на Европската канцеларија за спречување на измами - ОЛАФ. Во нашиот регион, корупцијата продолжува да се истакнува како една од најголемите пречки за подобар углед на земјите и за поголем прилив на странски инвестиции.
Корупцијата ги мачи и земјите од нашето непосредно соседство. Овој број носи подлабок приказ на состојбата во Косово. Тамошната антикорупциска агенција поднесе пријави за 159 службеници осомничени за корупција. Сепак, меѓународните аналитичари оценуваат дека корупцијата во Косово е сè уште многу застапена и дека борбата против неа досега немала повидливи резултати. На истата тема пренесуваме една сеопфатна анализа на Балканската истражувачка мрежа која ги истражува дупките во здравствените институции на Косово. Еден американски истражувач открива поврзаност меѓу степенот на корупција во една земја со вербата на луѓето и во институциите и во луѓето. Во Кина, пак, поради ограничениот број на научно-истражувачки трудови што може да се објават во текот на една година откриен е нелегален бизнис со овие трудови вреден милиони долари. Антикорупцискиот експерт Вања Михајлова овој пат ги анализира цената и последиците од корупцијата за економијата.
Корупцијата е распространета насекаде во светот, особено во регионот на Балканот. Граѓаните на Црна Гора сметаат дека ја има најмногу во здравството, во Србија од годинава почна да работи Агенција за борба против корупцијата, а новоизбраниот претседател на Хрватска победи како антикорупциски кандидат. Угледниот британски весник Фајненшл Тајмс ја повикува ЕУ да ја поддржи борбата против корупција во балканските земји.
Веќе пет години секојдневно работиме на намалување на просторот за корупција во Македонија и на промовирање на принципите на „доброто владеење“, и на централно и на локално ниво. Фокусирани сме на спроведување на два вида меѓусебно поврзани активности: мониторинг и откривање на корупциски практики и врз основа на тоа препорачување на мерки и политики за намалување на просторот за корупција и унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите во борбата против корупцијата во земјава. Во текот на секојдневното работење, ние и експертите со кои соработуваме доаѓаме до многубројни информации за корупциски и антикорупциски практики кај нас и во земјите од регионот и светот. Со објавувањето на овој месечник за антикорупција и „добро владеење“ сакаме да ги поделиме тие информации со пошироката јавност, пред сè со претставниците на јавната администрација за кои сметаме дека се и најодговорни за борба против корупцијата и за воспоставување и почитување на принципите на „доброто владеење“. Истовремено, нудиме и експертски анализи кои можат да послужат како извори на идеи и примери за подобрување на сегашната состојба со корупцијата во Македонија. Отворени сме и сакаме да ни ги испраќате вашите мислења, идеи и ставови за антикорупциски теми и за практики на „доброто владеење“, но и да ни посочите на коруптивни практики и воопшто на постоење на простор за корупција. Тоа ќе ни послужи како основа за натамошно артикулирање на тие практики и проблеми, но и како помош при спроведување на нашите идни антикорупциски активности. Корупцијата е едно од најголемите зла во Македонија, која ги уназадува развојот и напредокот...
Со професионално и квалитетно известување за корупцијата, медиумите придонесуваат кон зголемување на притисокот на јавноста врз носителите на јавно доверената моќ за транспарентност, отчетност и одговорност, кон зголемување на свеста за штетноста на корупцијата и на притисокот врз надлежните институции да преземаат мерки за разрешување на корупциските случаи.
Корупцијата е еден од клучните проблеми на Македонија, кој го поткопува владеењето на правото, ја намалува ефикасноста на јавната администрација и ја намалува довербата на граѓаните во институциите. На распространетоста на корупцијата во земјава и на сè уште неефикасната борба против неа укажуваат низа извештаи и оценки на релевантни меѓународни институции и организации (Извештај на ЕК за напредокот на РМ (2008), Годишен извештај на Стејт департментот на САД за почитувањето на човековите права во РМ (2008), Индикаторите за владеење на Светската банка (2009) и др.).
Книга на практики и препораки (.pdf)Една од главните цели на децентрализацијата е да ги направи локалните власти поодговорни кон потребите на локалните заедници. Сепак, шест години по воведувањето на овој процес, истражувањата покажуваат дека граѓаните сè уште не се задоволни од начинот на кој локалната самоуправа се справува со нивните проблеми и како таа го организира животот и работата на локалните заедници.Во најголемиот дел од општините во земјава, граѓаните недоволно учествуваат во процесот на донесувањето на одлуките и во креирањето на локалните политики, а локалните власти не се доволно транспарентни, отчетни и одговорни во своето работење. Освен ова, граѓаните сè уште не се доволно запознаени со улогата и со значењето на општините во локалните заедници.Оттука, се наметнува потребата од обезбедување помош на општините за да развијат и да применуваат ефикасни механизми за потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење, како и механизми кои ќе овозможат и ќе поттикнуваат редовно учество на граѓаните, бизнисмените и претставниците на невладините организации во донесувањето одлуки и во креирањето на локалните политики. Од друга страна, постојат општини кои применуваат одредени успешни практики кои покажуваат резултати и кои служат како успешни примери што можат да ги следат и да ги применуваат другите општини.Повеќе од една година, три домашни невладини организации, НВО Инфоцентар, Центар за граѓански комуникации и ЕХО, поддржани од УСАИД, работат врз зголемување на довербата и соработката меѓу граѓаните, бизнисмените, граѓанските организации и локалните власти во Македонија, преку воведување и заживување механизми за потранспарентно, поодговорно и поотчетно работење на локалните самоуправи; преку охрабрување за поголемо учество на граѓаните во процесот на донесувањето...
НВО Инфоцентарот, Центарот за граѓански комуникации и ЕХО, во периодот од септември 2009 година до август 2012 година го реализираат „Проектот на УСАИД за транспарентно владеење”. Тргнувајќи од фактот дека еден од најдобрите начини за борба против корупцијата е поголемата транспарентност, одговорност и отчетност, овој проект ќе придонесе кон заживување на механизмите запотранспарентно, поодговорно и поотчетно работење на локалните власти, кон зајакнување на учеството на граѓаните и бизнис заедницата во донесувањето одлуки на локално ниво, како и кон размената на добрипрактики меѓу локалните самоуправи во земјава. Првата фаза од проектот опфаќа истражување на актуелните практики на локалните самоуправи во четири пилот општини во Источна Македонија. Целта на ова истражување е да се дојде до релевантниподатоци за задоволство на граѓаните, граѓанските здруженија и бизнис заедницата од услугите што им ги нуди општината, како и да се детектираат евентуалните слабости во работењето на општините, а вонасока на транспарентно, ефикасно и отчетно работење. Задоволството на граѓаните, НВО-и и бизнис секторот од услугите што им ги нудат општините се оценува преку: • нивната информираност за работата на општината; • нивната вклученост во донесувањето одлуки; • можноста да укажат на слабостите во функционирањето наопштината и на вработените во општинската администрација и • отчетноста што ја добиваат од општината.Можноста, освен корисниците, и претставниците на општината да дадат свое гледање за ефикасноста во давањето на услугите овозможи да се дојде до информации за постоењето на соодветен систем, процедури ипостапки со кои се гарантира постојаност на квалитетот...
Целосната партизација на управните одбори на јавните претпријатија и установите на државно и на локално ниво, која се спроведува за сметка на стручноста и компетентноста на членовите, и од домашните експерти и од меѓународните организации се оценува како состојба која овозможува корупција и придонесува кон натамошен развој на овој проблем. Изборот на членовите во управните одбори според партиски и етнички критериуми наместо според стручноста и компетентноста, што е потврдено и во ова истражување, креира амбиент во кој одлуките во овие претпријатија се носат од партиски или личен интерес а не од интерес на граѓаните кои и ги финансираат и ги користат услугите на јавните претпријатија и установи.Преземете го целиот извештај (PDF формат, 111 KB)
Бавноста на администрацијата на државно и на локално ниво, недоволно јасните и неусогласени критериуми за одобрување на дозволи и решенија, широкиот простор за арбитрарно одлучување, како и нетранспарентните постапки претставуваат клучни генератори на корупцијата во процесот на давање услуги на граѓаните од страна на општинската и државната администрација. Иако сумите пари што протекуваат низ поединечните коруптивни случаи генерално се мали, сепак овој облик на корупција е толку широко распространет и навлезен и во најситните пори на општеството што вкупно земено прераснува во сериозна сума пари која се стекнува нелегално.Преземете го целиот извештај (PDF формат, 101 KB)
Повеќе од 10-те илјади бесправно изградени објекти во Република Македонија кои во периодот од 2000 година наваму никнаа пред очите на градежната инспекција, се предмет на коруптивни активности во повеќе фази, од нивната изградба до конечната легализација. Истражувањето покажа дека корупцијата во оваа област допира до високи инстанци на локалната и централната власт. Градежните инспектори тврдат дека високиот процент на нереализирани решенија за уривање на бесправно изградени објекти е политика која пред децентрализацијата ја креирале министрите за транспорт и Владата, а сега градоначалниците. Инволвираноста на власта е особено пресудна кај објектите кои се градат на атрактивни локации.Преземете го целиот извештај (PDF формат, 100 KB)