ПочетнаКатегорија

Документи за политики

Локалната самоуправа претставува една од темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија. Ова е уредено во членот 8 од Уставот, односно на самиот почеток на Уставот. Во таа смисла, уставотворецот сметал дека во државата е неопходно да постои локална самоуправа како демократски дострел кој им овозможува на граѓаните на извесно подрачје во рамките на државата самите да одлучуваат за прашањата од нивен интерес, односно непосредно да учествуваат во вршењето на јавните работи од локален интерес.

Ова е седми последователен извештај за евалуација на состојбите во јавните набавки и корупциски ризици откриени во секоја фаза од јавните набавки за целиот Западен Балкан земји развиени од Balkan Tender Watch Coalition и врз основа на нејзината единствена методологија - алатката за бенчмаркинг.

Имајќи ја предвид куповната моќ на парите што секоја година се трошат преку јавните набавки за државните институции да купуваат производи, услуги и градежни работи за нивните и за пошироките општествени потреби, станува јасно дека со набавката на производи кои имаат намалено негативно влијание врз животната средина може значително да се придонесе кон одржливоста на средината во која живееме и работиме.

Подготовката на Извештаите во сенка за следење на работата и ефектите од секторските работни групи за 2019, 2020 и 2021 година се спроведе под хипотезата дека секторските работни групи се значајни тела одговорни за креирање и мониторинг на секторските политики во Република Северна Македонија, како и форум за донаторската координација во поддршка на имплементација на политиките.

This Report represents the compilation of evidence-based finding and views of the Balkan Tender Watch coalition. Besides analyzing public procurement systems through main basic quantitative indicators of the functioning of the system and the impact of public procurement on the economic and social system, in this Report we tried to incorporate EU perspective, through analysis of EC Country Reports, statements and views dedicated to the area of public procurement. As we mentioned earlier, Covid-19 virus pandemic strongly affected all areas of life but also situation in public procurement systems of our countries. One chapter of this Report is precisely because of that dedicated to the findings and views of the Balkan Tender Watch Coalition regarding state of public procurement systems during pandemic. In the very end, we have identified and pointed out main corruption risks in the public procurement cycle in each of our countries. Based on our work results and experience from the past ten years and of course based on knowledge and capacities that our Coalition posses we formulated concrete regional recommendations for improvement of public procurement systems in observed WB countries.

Појавата на пандемијата со КОВИД-19 создаде потреба од брзо приспособување кон новонастанатата состојба, особено кај набавките што треба да се спроведат итно бидејќи директно беа загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето.

Јавни набавки и користење конкурентни процедури во услови на криза Овој документ за јавни политики има за цел да ги сумира искуствата и да предложи можни решенија за подобрување на регулативата и на практиките на јавните набавки за време на кризни ситуации.Од една страна, системот треба да биде доволно приспособлив кон непредвидливите околности што се јавуваат во кризни состојби, а од друга, треба да овозможи максимално ниво на законитост, транспарентност и отчетност, со што ќе се намалат можностите за злоупотреби.

Редовен годишен извештај во сенка за состојбите во јавните набавки во Северна Македонија кој дава осврт на позначајните аспекти и пробеми при спроведувањето на набавките, како и препораки за унапредување.

Лоцирани се ризиците од корупција во сите фази од јавните набавки, за што длабински беа анализирани 167 тендери и беа вкрстени податоци од вкупно 3.342 договори за јавни набавки. Документот е достапен и на албански јазик.

Веднаш штом изби корона-кризата, државните институции во Северна Македонија почнаа да набавуваат средства за заштита според постапката со преговарање, без објавување оглас, односно со директно договарање со фирмите, поради „крајна итност“.

Честото поништување на тендерите е еден од најголемите и најдолготрајните проблеми во системот на јавни набавки во земјава. Фактот дека се поништува секој четврти тендер ја става земјата на светскиот врв по уште еден, неславен, феномен во јавните набавки.

Како што дигиталната технологија во светот се развива и станува нераскинлив дел од животот и работењето, така големите бази на податоци со коишто располагаат земјите (особено јавната администрација) стануваат клучно јавно добро за зајакнување на антикорупциските напори.

Искуството од следењето на спроведувањето на јавните набавки во Република Македонија покажува недоволно учество во јавните набавки, особено според вредноста на добиените тендери, на малите претпријатија и на микропретпријатијата. Застапеноста на микропретпријатијата на пазарот на јавни набавки е мала и несразмерна во однос на нивниот вкупен број, значење и улога што ја имаат овие претпријатија во локалните средини, но и во вкупната економија на земјата.

Правото на пристап до информации се темели врз принципот дека претставниците на јавните институции се избрани од страна на граѓаните и се финансираат со пари од даночните обврзници, така што јавноста има право да знае како се употребува таа моќ и како се трошат нивните пари.

Јавните набавки стануваат сè ппважни вп Република Македпнија бидејќи ушествуваат сп дури 12% вп вкупнптп дпмащнп прпизвпдствп на стпки и услуги (БДП) сп тенденција на ппстпјан ппраст пд гпдина вп гпдина – и сппред брпјпт на набавките и сппред нивната вреднпст.

1. Второстепената комисија која одлучува по жалбите за јавните набавки да стане самостојна и независна институција од Владата; 2. Членовите на второстепената комисија да ги именува Собранието на РМ; 3. Сите членови на Второстепената комисија да имаат мандат од 5 години или пак дел од членовите да имаат мандат од 5 години, а дел од 3 години; 4. Второстепената комисија да одлучува во присуство на претставници од бизнис заедницата и невладиниот сектор; 5. Воведување обврска...

Во бизнисот со јавни набавки, кој на државно и локално ниво се проценува на повеќе од една милијарда евра годишно, се кријат разработени шеми на корупција. Во тој маѓепсан круг на корупцијата, во премолчена коалиција меѓу дел од приватниот и јавниот сектор, државните пари се злоупотребуваат за остварување на лична корист така што бизнисите се даваат на фаворизирани фирми.