Прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер (Legal Leaks Toolkit) на македонски

Овој прирачник е наменет за новинари кои работат во кој било медиум – весници, радио и телевизија – како и за блогерите и други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информациите кои ги поседуваат јавните институции.
17/11/20126666

Прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер (Legal Leaks Toolkit) на македонски јазик

Прирачникот е наменет за новинари кои поднесуваат барања во Република Македонија или кои размислуваат да поднесат барање во друга земја. Тој се заснова врз споредбена анализа на законите за пристап до информации во регионот кој го покрива Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во која членуваат 56 земји-учеснички од Европа, централна Азија и Северна Америка; од нив, 45 имаат законски одредби за правото за пристап до информации со кои располагаат јавните институции, а законот на Косово исто така се анализира. Целосен список на закони според датумот на усвојување може да се најде во Анекс А.