Истражување на набавките на училиштата со парите на родителите на учениците

Доцнењето на Министерството за образование и наука (МОН) да изготви подзаконски акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки, им овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите.
17/04/20241220

Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата

Mungesë për procedura, transparencë dhe llogaridhënie në prokurimet që financohen me para prej prindërve të nxënësve në shkollat

Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во 8 општини во земјава открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила кои би овозможиле избор на најповолните понуди и најдобра вредност за потрошените пари. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи МОН за нив има донесено процедури уште во 2014 година.