Истражување за степенот на здравствена заштита на жителите во 30-те здравствени центри во земјата
Големи се разликите меѓу 30-те здравствени региони во земјава кога станува збор за можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите на овие региони. Истражувањето, кое вклучува 22 индикатори, ги зема предвид човечките и просторните медицински капацитети што им стојат на располагање на жителите на овие региони како што се болници, здравствени домови, служби за заштита на жени, претшколски и школски деца, лекарски, специјалистички и друг здравствен кадар, но и општата и стапката на смртност на доенчиња.