Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и врз граѓаните

  На 27 септември и на 6 октомври во Скопје се одржаа јавни дебати на кои пред повеќе од 70 претставници на сите вклучени страни беа презентирани наодите и беа  дискутирани препораките од двете обемни истражувања за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните. Истражувањата покажуваат дека покривањето на дополнителните расходи од централниот и од општинските буџети кои ги наметна енергетската криза довеле до кратење на најмалку 220 милиони евра инвестиции како: реновирање на здравствени установи, изградба на градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, опрема за образованието и проекти за унапредување на животната средина. Поконкретно, за реконструкција и доградба на здравствени објекти во 2022 биле планиран 14 милиони евра, а се реализирале само 3,5 милиони евра, потоа во секторот на социјалната заштита биле планирани проекти за  изградба и реновирање на детски градинки и домови за стари лица во вредност од 5,5 милиони евра, но тие останале без реализација, а инвестициите во образованието во насока на изградба и реновирање на училишта од планираните 20 се скратени на 10 милиони евра. Воедно, за да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 % од капиталните расходи односно 130 милиони евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“. Станува збор за дел од исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија. На локално ниво, сите...
октомври 9, 2023920

 

На 27 септември и на 6 октомври во Скопје се одржаа јавни дебати на кои пред повеќе од 70 претставници на сите вклучени страни беа презентирани наодите и беа  дискутирани препораките од двете обемни истражувања за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.

Истражувањата покажуваат дека покривањето на дополнителните расходи од централниот и од општинските буџети кои ги наметна енергетската криза довеле до кратење на најмалку 220 милиони евра инвестиции како: реновирање на здравствени установи, изградба на градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, опрема за образованието и проекти за унапредување на животната средина.

Поконкретно, за реконструкција и доградба на здравствени објекти во 2022 биле планиран 14 милиони евра, а се реализирале само 3,5 милиони евра, потоа во секторот на социјалната заштита биле планирани проекти за  изградба и реновирање на детски градинки и домови за стари лица во вредност од 5,5 милиони евра, но тие останале без реализација, а инвестициите во образованието во насока на изградба и реновирање на училишта од планираните 20 се скратени на 10 милиони евра.

Воедно, за да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 % од капиталните расходи односно 130 милиони евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“. Станува збор за дел од исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија.

На локално ниво, сите ЕЛС заедно, сосе градот Скопје, во екот на енергетската криза во 2022 година, со одделни ребаланси ги скратиле незначително плановите за инвестирање во градежни објекти (ставки 481 и 482), од 8,6 милијарди денари (140 милиони евра) на 8,2 милијарди денари (133 милиони евра). Меѓутоа, значително потфрлиле кога е во прашање реализацијата. Така, од оваа планирана сума на крајот се инвестирале 5,5 милијарди денари (89 милиони евра), што значи дека не се реализирале градежни капитални проекти во вкупна вредност од 3 милијарди денари (51 милион евра).

Присутните претставници на сите засегнати институции дискутираа за воочените состојби истакнувајќи конкретни примери за одлуки што ги носеле во текот на 2022 година, поврзани со влијанието на кризата, како и за реални проблеми со коишто се соочуваат во текот на работењето, од планирањето до реализацијата на буџетите.

Истражувањата, едното за општините, а другото за централните институции, заедно со препораките ќе бидат објавени во текот на октомври.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.