Прв полугодишен извештај од мониторингот на јавните набавки за заштита од КОВИД-19 во 2021 година

Овој извештај е изработен врз основа на длабински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи за заштита од КОВИД-19, чии договори се склучени во првото полугодие од 2021 година, односно од 1 јануари до 30 јуни 2021 година. Опфатените 40 постапки претставуваат 38 % од сите тендери за КОВИД-19 во периодот на мониторингот (вкупно 106 тендери). Вредноста на мониторираните тендери изнесува 5,7 милиони евра, што е 36 % од вредноста на сите тендери за КОВИД-19 во анализираниот период (15,7 милиони евра). Мониторингот опфаќа длабинско следење на јавните набавки и откривање на ризиците од корупција во сите фази на набавките, од утврдување на потребата и планирање на набавката, преку спроведување на постапката за јавна набавка, сè до склучување и спроведување на договорот за јавната набавка.
март 9, 20221983

Овој извештај е изработен врз основа на длабински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи за заштита од КОВИД-19, чии договори се склучени во првото полугодие од 2021 година, односно од 1 јануари до 30 јуни 2021 година. Опфатените 40 постапки претставуваат 38 % од сите тендери за КОВИД-19 во периодот на мониторингот (вкупно 106 тендери). Вредноста на мониторираните тендери изнесува 5,7 милиони евра, што е 36 % од вредноста на сите тендери за КОВИД-19 во анализираниот период (15,7 милиони евра).

Мониторингот опфаќа длабинско следење на јавните набавки и откривање на ризиците од корупција во сите фази на набавките, од утврдување на потребата и планирање на набавката, преку спроведување на постапката за јавна набавка, сè до склучување и спроведување на договорот за јавната набавка.