Заштита од корупција (2021-2024)

Проектот вклучува активности за намалување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства на локалните самоуправи преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните институции и спроведување на мерките предвидени во Националната стратегија за превенција на корупцијата и судир на интереси 2021-2025. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Кралството на Холандија.
јануари 10, 20221959

Планирани резултати од проектот:

  1. Зајакнување на локалните НВО преку тренинзи, менторство, финансиска поддршка и вмрежување за спроведување на активности кои имаат за цел намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во локалните институции;
  2. Намалување на корупцијата и зголемување на отчетноста во трошењето на јавните пари преку мониторинг на постоечките практики во јавните набавки, детектирање на генераторите на корупција во фазите на набавките и имплементација на релевантни мерки за унапредување;
  3. Овозможување на јавно-приватен дијалог помеѓу локалните власти и малите и средните претпријатија во процесот на креирање политики со цел градење на доверба и зголемување на развојот на локалната економија;
  4. Подобрување на финансискиот менаџмент во локалните институции преку подобрена и редовна комуникација со граѓаните и бизнис заедницата и подобрување на внатрешната регулатива и процедури;
  5. Зголемување на јавниот притисок за поголема транспарентност, отчетност, и интегритет во локалните институции преку воспоставување на платформа на локални медиуми на кои им се овозможени непоходните ресурси и знаење и
  6. Подобрување на квалитетот на испорака на услугите на локално ниво преку зголемување на интегритетот и контролните механизми на локалните институции.