Владата и единиците на локалната самоуправа немаат официјален документ што го регулира процесот на селекција на членовите на раководните органи на претпријатијата што ги основаат. Тие, како основачи, не објавуваат огласи за избор на членови во раководните органи на државните претпријатија, не вршат проверка на квалификуваноста на потенцијалните кандидати, ниту, пак, ги интервјуираат потенцијалните членови.
Право или политика: Изборот на членови на управните и надзорните одбори во државните претпријатија
Постапката за селекција на членовите на управните и на надзорните одбори на претпријатијата во државна сопственост не е регулирана ниту со закон, ниту со подзаконски акт, ниту со интерни процедури на основачите.
11/09/20193583