Покана за учество на работилници за граѓански организации

Ве покануваме да учествувате во една од трите работилници наменети за граѓанските организации-ГО на тема Намалување на корупцијата во бизнис секторот. Работилниците се дел од ЕУ проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, а се организирани од Центарот за граѓански комуникации во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници. Иако бизнис секторот е еден од клучните чинители и засегната страна во справувањето со корупцијата, државните претпријатија и приватните фрими во земјава досега не се вклучени систематски во активности за борба против корупцијата. Трите работилници кои ќе следуваат имаат за цел да придонесат кон градење на капацитетот на локалните ГО за нивно активно вклучување во спречувањето на корупцијата во бизнис секторот. Намерата е ГО да стекнат поголемо познавања за корупцијата и пристапите за нејзино спречување и да се утврдат нивните  потреби за тие да добијат ефективна улога во справувањето со корупцијата во бизнис секторот. Работилниците исто така ќе бидат можност организациите да се запознаат подетално со проектот, со методологиите и алатките развиени како дел од проектот и со претстојниот повик за мали грантови наменети за оценка на практиките во локалните јавни претпријатија. Работилниците ќе се одржат во следните термини и локации: 5 Јуни 2019, во Велес (ресторан Глориус) 6 Јуни 2019, во Битола (хотел Милениум) 7 Јуни 2019, во Тетово (хотел Лирак) Работилниците започнуваат во 10:00 часот, а за точните локации ќе бидете известени дополнително. Нацрт програмата за работилниците е тука. За учество во работилниците потребно е да испратите пополнета пријава на mmitevski@ccc.org.mk најдоцна до 05...
мај 31, 20193846

Ве покануваме да учествувате во една од трите работилници наменети за граѓанските организации-ГО на тема Намалување на корупцијата во бизнис секторот. Работилниците се дел од ЕУ проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, а се организирани од Центарот за граѓански комуникации во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници.

Иако бизнис секторот е еден од клучните чинители и засегната страна во справувањето со корупцијата, државните претпријатија и приватните фрими во земјава досега не се вклучени систематски во активности за борба против корупцијата.

Трите работилници кои ќе следуваат имаат за цел да придонесат кон градење на капацитетот на локалните ГО за нивно активно вклучување во спречувањето на корупцијата во бизнис секторот. Намерата е ГО да стекнат поголемо познавања за корупцијата и пристапите за нејзино спречување и да се утврдат нивните  потреби за тие да добијат ефективна улога во справувањето со корупцијата во бизнис секторот. Работилниците исто така ќе бидат можност организациите да се запознаат подетално со проектот, со методологиите и алатките развиени како дел од проектот и со претстојниот повик за мали грантови наменети за оценка на практиките во локалните јавни претпријатија.

Работилниците ќе се одржат во следните термини и локации:

  • 5 Јуни 2019, во Велес (ресторан Глориус)
  • 6 Јуни 2019, во Битола (хотел Милениум)
  • 7 Јуни 2019, во Тетово (хотел Лирак)

Работилниците започнуваат во 10:00 часот, а за точните локации ќе бидете известени дополнително. Нацрт програмата за работилниците е тука.

За учество во работилниците потребно е да испратите пополнета пријава на mmitevski@ccc.org.mk најдоцна до 05 јуни 2019. Патните трошоци за учесниците кои не се од местото на одржување на работилницата ги покрива проектот. Ве молиме заради ефективно користење на ресурсите на проектот да ја изберете локацијата која ви е најблиску.