Предлози за подобрување на правната и на институционалната рамка, како и на практиката на спроведувањето на јавните набавки во Македонија

Jавните набавки во Македонија се регулирани со Законот за јавните набавки, којшто беше донесен во 2007 година, а почна да се применува во 2008 година, изработен според тогашните директиви на Европската Унија.
12/04/20178550

Предлози за подобрување на правната и на институционалната рамка, како и на практиката на спроведувањето на јавните набавки во Македонија

Јавните набавки во Македонија се регулирани со Законот за јавните набавки, којшто беше донесен во 2007 година, а почна да се применува во 2008 година, изработен според тогашните директиви на Европската Унија. Оттогаш наваму законот претрпе десетина значајни измени, кои имаа различно дејство врз обезбедувањето на основните принципи на јавните набавки – конкуренција меѓу понудувачите и нивни еднаков третман и недискриминација, транспарентност и интегритет во процесот на доделувањето договори за јавни набавки и рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделувањето договори за јавни набавки. По серијата законски измени без пошироки јавни консултации и по воведувањето неколку решенија кои се единствени за Македонија, се чини дека поставеноста на правната и на институционалната рамка на јавните набавки е несоодветна за нивно ефикасно и целисходно спроведување. Измените ја оддалечија законската регулатива во оваа сфера и од досега важечките и од новите директиви на ЕУ за јавни набавки.