Тринаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги:
- авионска дезинсекција на комарци,
- систем за електронска евиденција на работното време,
- контејнери за отпад,
- собирање, транспoрт и уништување на медицински отпад и
- пилешки стек.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013, 2014 и 2015 година.
Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 67 тендери спроведени од институции на национално и на локално ниво. Но, од објективни или субјективни причини наведени детално во анализата, крајно, индексот е изработен врз основа на податоците за цените на производите и услугите постигнати во 42 тендерски постапки од страна на 40 институции.