Јавните набавки на општините во 2013 година од 2 до 276 евра по жител
Општините во Република Македонија во 2013 година, преку јавни набавки, потрошиле вкупно 6.229.171.964 денари, односно 101.287.349 евра. Во оваа пресметка се вклучени 80 општини без Град Скопје, кој, како специфична единица на локалната самоуправа, е исклучен од споредбената анализа. Инаку, Град Скопје во 2013 година склучил договори за јавни набавки во вредност од 1.250.878.386 денари, односно 20.339.486 евра. Доколку се спореди со општините, произлегува дека Град Скопје потрошил 20% од вкупната сума на пари потрошени од 80-те општини во Република Македонија.