Работни состаноци за примена на препораките за полесен пристап на микропретпријатијата до јавните набавки

КОЧАНИ, 24.01.2013 – Со одржување на состанокот во Кочани, заврши серијата работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините во вардарскиот и источниот регион за примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Препораките беа издадени во почетокот на 2013 година до повеќе од 200 локални институции од 21 општина. Нивната примена значи намалување на административните и на другите пречки во спроведувањето на јавните набавки кои оневозможуваат пристап на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Со создавање услови за зголемено учество на овие фирми на пазарот на јавни набавки, во крајна линија, се подобрува локалната економија во овие општини. На 12-те состаноци околу примената на препораките, позитивните аспекти од нивното спроведување и за тешкотиите со кои се соочуваат договорните органи за време на спроведување на јавните набавки вкупно присуствуваа 135 лица задолжени за спроведување на јавните набавки во локалните институции. Станува збор за општини, јавни комунални претпријатија, болници, здравствени домови, училишта, градинки, музеи, библиотеки, и сл. Анализата на спроведувањето на препораките покажува дека најчесто се спроведувале препораките за објавување на тендерската документација заедно со огласот за јавната набавка, определување разумни рокови за фирмите за поднесување понуди на тендерите, поставување пропорционални критериуми за учество на фирмите во јавните набавки и барање на помалку документи од фирмите за учество на тендерите. За следниот период останува да се интензивира примената на останатите препораки, меѓу кои: јавно објавување на годишниот план за јавни набавки, зголемување на достапноста на информациите за тендерите и на други места освен на ЕСЈН, почесто делење на предметите...
јануари 28, 20146788

КОЧАНИ, 24.01.2013 – Со одржување на состанокот во Кочани, заврши серијата работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините во вардарскиот и источниот регион за примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Препораките беа издадени во почетокот на 2013 година до повеќе од 200 локални институции од 21 општина. Нивната примена значи намалување на административните и на другите пречки во спроведувањето на јавните набавки кои оневозможуваат пристап на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Со создавање услови за зголемено учество на овие фирми на пазарот на јавни набавки, во крајна линија, се подобрува локалната економија во овие општини.

На 12-те состаноци околу примената на препораките, позитивните аспекти од нивното спроведување и за тешкотиите со кои се соочуваат договорните органи за време на спроведување на јавните набавки вкупно присуствуваа 135 лица задолжени за спроведување на јавните набавки во локалните институции. Станува збор за општини, јавни комунални претпријатија, болници, здравствени домови, училишта, градинки, музеи, библиотеки, и сл.

Анализата на спроведувањето на препораките покажува дека најчесто се спроведувале препораките за објавување на тендерската документација заедно со огласот за јавната набавка, определување разумни рокови за фирмите за поднесување понуди на тендерите, поставување пропорционални критериуми за учество на фирмите во јавните набавки и барање на помалку документи од фирмите за учество на тендерите. За следниот период останува да се интензивира примената на останатите препораки, меѓу кои: јавно објавување на годишниот план за јавни набавки, зголемување на достапноста на информациите за тендерите и на други места освен на ЕСЈН, почесто делење на предметите на набавка на делови, склучување на рамковни спогодби со повеќе економски оператори, воспоставување редовна и почеста комуникација со фирмите и сл.

Истовремено, на околу 300 микропретпријатија од споменатите општини секојдневно им се дава обука и помош околу регистрација на ЕСЈН, пополнување на тендерските документации, поднесување понуди, водење на електронски аукции и други активности поврзани со нивното учество во јавните набавки. овие фирми во текот на 2013 година поднесоа вкупно 243 понуди и склучија повеќе од 120 договори за јавни набавки во вкупна вредност од повеќе од еден милион евра.

Овие активности се спроведуваат во рамките на Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки чија цел е да обезбеди поголемо учество на овие претпријатија на пазарот на јавни набавки, придонесувајќи кон нивниот поодржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање на работни места, раст и иновации. Од друга страна, за договорните тоа значи можност за добивање на подобра вредност за потрошените пари.

Проектот го спроведува Центарот за граѓански комуникации во партнерство со невладините Фокус од Штип и ЕХО од Штип.