Јавни набавки на локално ниво: Различни набавки – исти проблеми

СКОПЈЕ, 14 февруари 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2012 година. Поставувањето на критериуми што фирмите треба да ги исполнат за да можат да учествуваат на тендерите коишто се несоодветни било за предметот на набавка, било за проценетата вредност на набавката, било за условите на пазарот е проблем кој е присутен кај речиси една третина од мониторираните постапки на локално ниво. Законската обврска за одржување е-аукција за сите јавни набавки без оглед на вредноста сè потешко се остварува во тендерите на локално ниво. Во избраниот примерок од мониторингот  на јавните набавки на локално ниво, е-аукција се одржала само кај 46% од набавките. Транспарентноста и отчетноста на договорните органи на локално ниво се доведени во прашање не само тогаш кога треба да бидат резултат на доброто владеење во институциите, туку и во случаите кога тие се точно наведени како законски обврски. И кај мониторираните јавни набавки на локално ниво не изостануваат поништувањата на постапките, иако процентот на поништување (15%) е значително понизок од оној кај мониторираните постапки на институциите на национално ниво за истиот период(25%). Фирмите што учествуваат на тендерите организирани од локалните институции ги лоцираат најчестите проблеми во: обемната документација што се бара од нив за учество на тендерите, во техничките спецификации и тендерските документации, во критериумите и начинот на евалуирање на понудите, во кратките рокови и во задолжителната е-аукција. Извештајот е достапен и на www.ccc.org.mk. За повеќе информации ве молиме контактирајте...
февруари 14, 20136992

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:


Проектот на УСАИД за граѓанско општество е 2,5 годишен проект финансиран од УСАИД и спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на труд. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук страната www.facebook.com/USAIDMacedonia