Индекс на рационалност 6

Индекс на рационалност 6 Шестиот индекс на рационалност е изработен за група од пет производи кои институциите на национално и на локално ниво ги купувале во текот на 2012 година и тоа: хартија за печатење и фотокопирање; индустриска сол; масло за горење - екстра лесно ЕЛ-1; клима уред и завој калико. Станува збор за производи кои беа вклучени и во претходните индекси и тоа за набавки спроведени во текот на 2010 година и/или првата половина од 2011 година, а во кои беа констатирани големи разлики во цените. Оттука целта на изработка на шестиот индекс на рационалност е да се направи проценка за евентуалните промени кои настанале во изминатиот период и влијанието кое можело да го има воведувањето на овој инструмент како начин за подигање на свеста на договорните органи за постоењето на големи разлики во цените и за потребата од преземање на мерки за поголема рационалност во трошењето на јавните пари.
август 22, 20126209

Индекс на рационалност 6

Шестиот индекс на рационалност е изработен за група од пет производи кои институциите на национално и на локално ниво ги купувале во текот на 2012 година и тоа:

  • хартија за печатење и фотокопирање;
  • индустриска сол;
  • масло за горење – екстра лесно ЕЛ-1;
  • клима уред и
  • завој калико.

Станува збор за производи кои беа вклучени и во претходните индекси и тоа за набавки спроведени во текот на 2010 година и/или првата половина од 2011 година, а во кои беа констатирани големи разлики во цените. Оттука целта на изработка на шестиот индекс на рационалност е да се направи проценка за евентуалните промени кои настанале во изминатиот период и влијанието кое можело да го има воведувањето на овој инструмент како начин за подигање на свеста на договорните органи за постоењето на големи разлики во цените и за потребата од преземање на мерки за поголема рационалност во трошењето на јавните пари.